Доста со тоа прашање веќе, и да не сака, ќе запознава, пошо таков ни е светот, имаме комшии, имаме роднини, работодавци, колеги.... така да, прашањето ти нема врска. И изгледа не ја разбираш ти темава, поентата е дека жените се плашат од мажите, а мажите треба да си го стаат прстот во главата и да се прашат зошто е тоа така а не да ни викат дека сме забегани шо попрво мечка би одбрале.
Неупатена сум, не следам на Тик ток што се дешава. Не знаев дека таму има многу содржини од едукативен карактер. Тоа се изолирани случаи, не е дека на секој жена и се случува да биде силувана, убиена, осакатена. Колку такви случаи знаеш од твое опкружување? Не е дека те спречило тоа да запознаеш маж, привлечена си да запознаеш друг пол. Па ја викам дека појма немате што зборувате, мечка ќе одбирале. Што не идеш да го погалиш мечето во зоолошка, тоа поголемото? Види дали ќе сака да се чешка.
Премногу.. Секоја втора. Не следам тик ток и јас ама како жена па и суштество кое живее на планетава па и на балкан самата природа ми налага да сум упатена и темата би требало да биде awareness и од едукативен карактер али не сите разбираат..
Тоа кој ме привлекува е моја работа, тоа што ти или си трол или едноставно не сакаш да сфатиш е сосема друго. Кој и да ме привлекува не заслужувам да сум нападната.. Какви изрази човече дај читни нешто.
Јас верувам дека она ниту еднаш не е доживеала сексуално вонемирување од маж. Ниту cat calling, ниту ништо. Затоа толку наивно гледа на работите.
И да не доживеала ваљда се движи низ свет, гледа, има пријателки кои кога разговараат ги прашува "имаш маЖ" смешно е,замисли на ваков тип му објаснуваш 4B movement
Абе јас ги сваќам сите личности, значи не бива во се на светов да се разбираш . Еве маж ми појма си нема од астрологија, планети, сончеви системи.... он мисли дека Галаксија е телефон.... Да му спомнам било шо од тоа за кое он си нема врска, ќе ме напраи луда и мене и научниците шо го докажале тоа . Со некои личности неможеш да коментираш за секакви теми, едноставно не разбираат.
Ова го кажуваш со потсмев, како да е доживување што треба да го искусиш. Сум доживеала, дали тоа значи дека сите мажи се исти? Колкав процент на мажи во животот со кој се среќаваш и само чисто се разминуваш со нив го прават тоа? Грубо кажано, десет нека се што ти довикувале. Си се разминала со илјадници кои не те ни погледнале уште помалку имале интеракција со тебе.
Не, не сум јас како тебе, да се ситам на туѓи лоши искуства. Ти да го разбираше тоа, ќе ги разбереше и овие жени шо зборат ама не разбираш. Its NOT ALL MEN but its ALL WOMEN, затоа шо скоро секоја втора жена има такво лошо искуство со маж. Зарем е можно сите да сме налетале на тој еден будала а?
Сите имале искуство со маж онакво за да попрво би избрале мечка отколку маж? Пак се навраќаме на она што претходно го пишував. Дали тоа значи дека нашите татковци, браќа, братучеди, мажи се дел од тој проблем? Бидејќи ако секоја втора се соочува со некакво насилство, тоа е огромен број на мажи кои го вршат. И на крај завршуваме со истите тие. Тогаш кој е будала? Или прашањето и логиката зад истото е глупаво?
Арабелке, одам јас да си ја нахранам мечката, да си се гушнеме и да си легнеме. Ако ти се пише, пиши уште. Ајде лека ноќ.
Какво мислење.. никој не пиша добри мажи не постојат, значи постојат ама има и многу лоши. Да нормално за врска и брак треба од непознат да стане познат како? Сериозно? Па еве со запознавање, излегување прво во друштво, правење доста муабет, набљудување како се однесува со други и со мене, како размислува, врска, запознавање со неговиот круг и фамилија, заедно живеење па после брак Јас така а има и други начини Мене ми дава вајб дека другарка ако ѝ се пожали за сексуално вознемирување ќе ја прашува а што носеше а зошто беше таму Ама прашањето е хипотетичко и е НЕПОЗНАТ човек. За мене тоа е равенка со многу непознати и не се знае исходот, а со мечка се знае. Не верувам на непознат човек и толку е едноставно. Ама ок ако ти е полесно глупо е прашањето и логиката е глупа. И ние сме глупи.
Не е сите мажи ама кога одам по улица на вечер сама, или во случајов во шума, не знам тој кој го среќавам од кои мажи е. Ако сум внимателна тој ќе има само повредени чувства, а јас можам да бидам нападната ако не сум внимателна. Неспоредливо. Во случајов членката знај дека тој маж е безбеден. Ама ти во истата ситуација уште не знајш. Така да луѓето кои сум ги запознала се луѓе на луѓе на луѓе. Комуницираме и гледаме дека се океј да дајме шанса. Истите луѓе пред да ги запознам ако ги сретнев негде би се уплашила и би била претпазлива. Само оти сега ми се блиски, не значи дека "ете биле добри значи џабе страв" ми е доволен аргумент ако не ги знаев. Види ја сликата погоре. Ете сама одлучи, тивко, не мора јавно. Ако во огромна чинија со M&Ms мал дел се со цијанид, а се друго е океј и јадливо, би посегнала? Лично, не би подегнала. Секоја втора шо ја познавам има некакво негативно искуство. Ете не знам лично за убиени ама знам за силовани, сексуално вознемирувани, сталкувани и се шо е "нормален", за жал, пакет на женското постоење. Дел од тие жени сум и јас. Така да ако некој/а грицнала дел од M&M и ми вика океј е ова пробај - би. Не се сите мажи исти ама ако јас не пазам можи се да се повтори и има реалност за полошо оти сум видела полошо кај други и секој ден слушам за полошо и подалеку. Не се сите мажи ама јас кога бегам не знам непознат дали е бонбоната со цијанид или обичната и ако не сум претпазлива можи да ме кошта живот. Мојата претпоставка за другиот е само повредени чувства. Пак ќе речам, неспоредливо. Ако некој/а премини улица дур одам оти се уплаши, то е океј. Нивно право е. Пошто јас сум чиста пред себе дека не би одела да малтретирам некој на било кој начин. Така да фактот дека некој би се тргнал воопшто не ме повредва и напротив, разбирам. И зато реков и претходно, темава е рефлексија прво на мажи шо ја сфаќаат лично - нема зошто да ја сфаќате лично. Ама ако ја сфаќате така, се надевам дека бар ќе подлежите на длабока интроспекција зошто сметате дека е за вас и ве повредва. А за жените, мило ми е дека можеби не сте искусиле за да имате ваква реакција, или дека и покрај траумата се справувате поинаку, иако малку емпатија не е на одмет. Буквално ова: Главното прашање е зошто жените се плашат и шо треба да смениме да не се плашат. Ако седниме и плукаме по нив - стравот само ќе се продлабочи зошто ја оправдува почетната гледна точка дека треба да се плашат. Дека дури и давање став по хипотетичка ситуација е опасен. Нешто шо пишав вчера: За мене тој е заклучок на темата од кога почна.