Безвезе теории правите, нема погрешен одговор. Тоа е и поента одговор базиран на искуства, сте се фатиле за логика као слеп за стап. Секој си знае за себе!
Ако во една чинија само една бонбона е со цијанид, а другите не се, веројатно ни една не би пробала. Ќе земам друго пакетче со бонбони тие ќе ги јадам. Веројатно и ти, ако има само едно отровно бонбонче меѓу стотици, илјадници, други, ќе престанеш да јадеш бонбони?
Епа другото пакетче бонбони се луѓето шо ги запознаваме кога нема ризик. Едното бонбонче е рандом чоек кога сме сами и под опасност. Супер дополна. Поентата пак иста.
Шро си запнала да предомислуваш луѓе ? Никој не рече дека се исти нити ги став у ист кош, ама фактот дека повеќе жени би биле сами со мечка него маж кажува многу. Не . Не дека не знаат да проценат сила на мечка, у реду е знаеме колкава е мечката ама избираат “сигурна смрт” него сами со маж … Кажува какво смрдливо општество сме, и бендиот живот на една жена, колку ствари треба да пазиш, колку треба да си внимателна и паметна.
Нема да можам да продолжам да ти одговорам ако прашањето е нешто шо сум го одговорила. Овај пат ќе се повторам за да не сум офтопик велејќи го ова. Луѓе, на луѓе, на луѓе. Ретко од тие шо знам се рандом запознавање, особено не кога сум била сама и ситуацијата сум ја перцепирала како опасна. Нормално дека сме социјални суштества и комуницираме ама бираме каде. Во парк, во бар, на работа, најчесто со пријатели на пријатели на пријатели. Не во шума кога врви непознат или пореална ситуација: кога бегам сама дома. Не. Нема да дам шанса на тој зад мене дур бегам во тој момент. Ама ако ми побара запалка во парк дур шетам кучето и има уште незнамколку луѓе - ќе сврзиме муабет и еј, можи и ќе се здружиме. Стварно, не е толку црно и бело како шо сакате да прикажите.
Колку пати во црна хронина си прочитала за напад врз жена од непознато лице, наспроти во семејството или познат лик? Статистички поверојатно е другар на другар ти да ти наштети, отколку рандом маж во шума кој бере тревки за чај. И дали постои случај во Македонија каде жена е нападната во шума, со силување и убиство, и дали постои напад од мечка во шума?
Онолку пати колку шо рандом особа ме има вознемирвано ми е сосем доволно искрено. Настрана другите жени во животот.
Сепак не престануваш да имаш секојдневна интеракција со мажи. Бидејќи да навистина ја избереше мечката, тој страв ќе те превенираше да излезеш од дома, а не да дадеш шанса на други мажи. Настрана жртви на сексуално насилство, поради довикување на сексуални зборови од некоја будала некогаш и некаде, ти попрво би избрала да те распарчи мечка?
Ти знаеш она со што се бори. Од кај знаеш низ што поминала? Бог да чува и брани си, не ја сфаќаш поентата на прашањето. Едно си збори она ти сосема друго и враќаш!
Зошто сум доволно свесна дека 1) не се сите луѓе исти и 2) општеството ни е социјално и ние како луѓе сме социјални. И да, пак ќе одберам да умрам него некој да ме вознемирва пошто после живејме со траумата и цел круг прајме кај шо "се караме" за хипотетичка ситуација без малку да размислите зошто некој бира вака и шо кажва го за нашето општество. Шо кажва за нашето општество ако жена одбира мечка? То е проблемот, а не дека бира мечка. Поентите пак се тие иако сакаше да ги заокружиш и можеби да ти вратам нешто друго: Ова е ставот мој. Колку и да играме танго на темава мора да ми кажиш нешто суштински и доволно аргументирано за да сменам. Пошто секогаш сум отворена за смена на став ако другиот е добро издржан. Ама до сега не видов ни еден таков.
Ама тоа пробувам јас да ти докажам. Мислиш дека луѓето кои преживеале напад од мечка, немаат трауми? Супер им е. Ако воопшто преживеат за да им биде супер. Затоа што на крајот од денот траума е траума, предизвикана од човек или животно. Тоа не значи дека слепо треба да избереш напад од мечка, само затоа што мислиш дека ќе те нападне рандом маж во шума. Мечка на 50 метра далечина, со сигурност ќе те нападне, маж на истата далечина може и да не те нападне. Барем во Македонија нема случај на напад од рандом лице во шума врз жена. Од мечка има.
Секој има трауми @ArabellaStarfall од нииииззаааа настани. И никој не смета дека то е помалку релевантно. Ама, огромно ама, поентата на прашањето кое се покрена и зошто стана толку популарно е дека жени би одбрале мечка наспроти маж и шо значи то за општеството. Можиш да одиш колку сакаш од околу за да се спротиставиш на ова. Ама прашањето тука е: Шо значи ова за нашето општество? Зошто сме во оваа ситуација? Шо можиме да смениме? Се друго е разводнување на многу сериозна тема. Воедно хипотетичка ситуација е шо е многу важно. Те канам, ако сакаш, да ги видиш и овие прашања без дефокус на се останато.
точно тоа и јас сакав да го кажам, се пишува колку е брза мечката или човекот а се промашува главната поента зошто и воопшто постои потреба за вакво хипотетичко прашање.
Која си ти да докажуваш? Можеш да приложиш аргументи и толку, а не памет да солиш. Фиктивно прашање кое би покажало колку безбедно се осеќа жената. Тоа е се, не буквално, без многу филозофирање, едноставно маж или мечка?!
Дали тик ток го претставува цел женски пол? Дали тик ток е релевантен извор за нешто, било што? Дали постои опција за нештото да биде извештачено за да стане вирално? На Шар Планина, се наоѓаш сама, биди што е најможно искрена со себе и останатите. Пред тебе се појавува мечка, дали ќе бидеш смирена, или ќе те облее адреналин до плафон? Дали ако истовремено се појави маж, ќе се стрчаш према мечката, или према него со надеж дека ќе те спаси, ако носи оружје?
па ако најлошиот епитет што можеш да ѝ дадеш на една жена е курва, а на маж предатор, баш ти дава простор за размислување, нели?
Буквално. Првото пак е на штета на жената, пошто ако некоја е "лесна" и "курва" е поголема мета и "сама си го барала". Второто пак е за заштита на жената и максимум вторите ќе имаат повредени чувства (иако не треба), шо пак, е неспоредливо со тоа да е извршено насилство врз тебе. Јас тука ќе преќинам да реплицирам пошто пак се заокружва темата и сум уморна да одам во круг со истите работи само парафразирани. Зато уствари и тебе те цитирав Енџ.
Да земат да се борат мечка и најсилниот маж на планетава, мечката ќе победи. Што е аргумент плус колку заебана е природата на мажите, зошто ако факт факат е дека мечка е физички посилно животно од маж, а некои жени и покрај тоа би преферирале да се соочат сами со мечка наместо маж, доволно ја доловува психолошката и филозофската поента на прашањево.