Не знам дали не сфаќаш дека споредбата е на различно ниво? Курва е секоја жена, во зависност од тоа колку не му се допаѓа некому. Било која жена што одлучува да направи нешто што е спротивното од нормата е курва. Предатор е нешто страшно и реално од друга страна.
Вистинскиот одговор е: "двајцата" Објаснување: Трчаш накај непознатиот маж, ако е нормален ќе си пројде, ако е мањак ќе почне да трча по тебе. Трчаш назад, вртиш кај мечката. Мечката го јаде него. Преживуваш. Се шалам малце...
Истото можам да го кажам и за мажот. Манијак и сељак е секој маж. Било кој маж што одлучува да направи нешто што е спротивно од нормата е манијак или сељак. Обострано си лепиме етикети.
Ова е апсурна споредба и прашање веројатно на жени кои висат на нет повеќе од 6 часа дневно и реалноста е далеку од нив и немаат никаков социјален живот па ај ке отвараме апсурдни прашања. Прашањево е резултат и на времево кое го живеете. Нема контакти во живо,запознавање мажи во живо. Туку на нет, каде прво си разглеал слики па го “познаваш”. Запознавање на рандом луѓе без препораки не постои во денешниве генерации. Па уште број да ти побара некој рандом запознат. Сигурно е предатор. Да, поентата не е е во мечката, може и елен да ставиме туку дека жените генерално се плашеле од мажите. Но не мора да се прави ментална гимнастика ниту да се повикуваме на некоја неточна статистика па од тука некаков заклучок дека повеќето жени би избрале мечка. Индивидуално е. Но ова левичарско популаризирање на омраза кон мажите на кое потпаѓате поради социјални мрежи е многу опасно. На пешачење во шума одат стотици сами мажи и жени и не им се случува ништо. Во средба со мечка шансите ти се 50:50. Аргумент дека мажи повеќе би ги нападнале од мечка и се плашат повеќе ос нив е тешка будалаштина.
Треба да престанете да живеете на интернет, во Америка. Дали еден случај ми текнува, со непознат вршител на крваво насилство, во шума. Контекстуално дилемава е безвезе-во шума се плашиш од мечки, во град од непознати мажи. Или не се плашиш, пошто тоа е реална состојба. Ниту мечки сум чула да нападнат на Пелистер ниту непознати поединци напаѓаат жени во Битола. Баталете Америка. Кај Адидас малку поинаку е, таму уште лавови што не почнале да шетаат.
Мечките нема да направат јавна соба, да се соберат 9.000 и да споделуваат без дозвола слики и приватни детали околу девојки. Мечките нема да киднапираат, да го влечат низ цело Скопје, да го врзат во вреќа и да го убијат малолетно дете. Мечките нема да убијат и бог знае што да му направат на телото на дете од 2 години. Мечките нема да убиваат секојдневно свои девојки, сопруги, да ги претепуваат до смрт, да се пијанчат и дома да го тресат сиот бес. Мечките не коментираат под секоја можна објава ехехеех курваааа сама си го барала. Ако најдете барем една вест по портали која е изземена од такви коментари, слободно демантирајте ме. Мечките нема да се вклучат на лајв на Инстаграм и пред очи на еден куп луѓе да ја убијат девојката. Мечките нема мирно да си сечат месо откако претходно убиле малолетно девојче кое цела нација го барала. Мечките не силуваат. Мечките не деградираат. Мечките нема којзнае какви пакости да му направат на телото откако ќе те убијат. Мечките не претепуваат, мечките не вршат психичко и физичко насилство. И не е никаква пропаганда стравот од мажите. За ваквата ситуација се криви само тие. Тие што го прават тоа, тие што го правдаат тоа и тие што апсолутно никако не ги тангира кога слушаат за тоа. Еден куп мажи на кои им беше поставено прашањево исто одоговорија, дека порадо нивната девојка/сопруга/ќерка ќе ја остават со мечка. И сите реагираат исто, прво ќутат, сфаќаат колку маж може да е опасен и ја бираат мечката.
Е да. И мечките не се убиваат од бес и не водат војни за профит и многу други работи. Да бидеме мечки ако не, и тоа ми е ок.
А да, ако ме утепа мечка бар ќе ме сожали светот, ќе мисли трагедија дека е тоа. Ако рандом маж ме утепа, јас ќе бидам крива. Што ради тоа што сум барала сама по шуми, што сум носела, може сум го испровоцирала, сама сум си крива што не сум се одбранила, по јајца што не сум го мавнала, што не сум избегала, итн, итн.
Ако мечка те утепа, јас ќе мислам дека ти си крива. Затоа што прво ти и идеш во нејзиното живеалиште, а второ таа мечка која нормално егзистира во својот еко систем ќе биде пронајдена и убиена затоа што те убила. Ако те убие мажот, мажот ќе биде крив. Барем судот до сега мртов човек не осудил, туку оној што го убил. Не знам со какви коментари располагаш ама на убиена жена никој до сега не и се сител. Каде читаш коментари за убиена жена некој да и се сити?
Океј. И вие, ако сакате, бидете посензитивни за туѓите искуства и запрашајте се зошто, ете и кај нас, актуелно е ова и толку го збораме. Ако сакате да разводнувате - то е ваше право на крај на ден. Ама јас нема да бидам дел од то. Би додала дека Кате супер долови.
Мечките нема да седат на форум и да формираат трач теми каде постојано се навредуваат други жени. Воедно и споделуваат нивни слики, кои афектираните жени не дале согласност да се споделат за да бидат ругани. Мечките нема ни сами да си ги остават своите младенчиња, со денови, додека се журкаат со мажи. Женската мечка не коментира под секоја објава курва, сама си го барала. Само машка. Мечките не ја убија Силвија Ликенс. Мечките нема да ја мачат, горат со цигари, да ја сечат и прегладнат пред да умре од претепување, глад и дехидрираност. Мечките не си ги намамуваат своите пријатели мечки за да бидат убиени од други мечки. Мечките не скокаат на глава на спортисти за да ги убијат. Значи, не е ни до мечките, ни до мажите, ни до жените. До човекот е. Гледај да не налеташ на погрешен човек, а не маж или жена.
Стварно не знам у кој свет живееш девојко. Или го релативизираат случајот во полза на мажот или жената била сама крива и испровоцирала. И зашто татковците што беа прашани за нивните ќерки што би одбрале, одговорот беше мечка? Од нивен point of view изборот е мечка. Како би го објаснила ова? Пошто гледам дека прстот е вперен кон жената, како она е непотребно параноична.
Во реалниот свет. Толку ,,автентични" реакции не сум видела никогаш. Договорено, снимено. Да речеме дека е автентично, да се запрашаш зошто таткото има поголем страв од друг маж, него од мечка. Дали тоа значи дека сечив татко е способен да наштети на жена?
@ArabellaStarfall Не знам зашто упорно пробуваш да го девалвираш прашањето и реакциите на сите жени кои одговорија мечка, кога има јака позадина зашто е токму тој одговор. И не, не сме затуцани, неизлезени од дома и ментално нестабилни. Одговорот се базира на бројни лични и туѓи искуства. И да, не' става у дилема да се подразмислиме дури и кога се во прашање најголеми ѕверови како што е мечката.
Кои татковци биле тие? Сигурни сте кој стои зад тастатура и одговара на вакви нелогични прашања? И со каква цел?
Какво искуство е твоето со мажи, за да попрво избереш мечка да те распарчи? Не сфаќам. Вам ви одговара да сме параноични? Треба да бидам загрижена за сите мажи околу мене? Попрво би ме убедиле да се плашам од рандом маж, отколку да се прифати дека секоја жена не е силувана и убиена.
Не е само мое искуство, има и многу други искуства од жени поради кои сум формирала такво мислење. Треба елементарни ствари што се подразбираат да објаснувам као да комуницирам со ботoви јбт.
Оф, прво помислив : со маж, се разбира... После кога ве зачитав, разбрав од каде иде тој на прв поглед нонсенс став. Од мечка што решила да те изеде можеби и ќе се одбраниш, од маж што решил да те нема, тешко. Страшно видео со мечка, 1:0 за планинаров: