Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вирално прашање: Мечка или непознат маж во шума?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 7 мај 2024.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.502
    Пол:
    Женски
    @ArabellaStarfall, ништо не си ме разбрала што сакам да кажам. Не е поентата дека мечките се страшни. Знаеме сите дека се. Поентата е дека мечката најстрашно нешто што може да ти направи е да те убие. Маж може да ти направи најразлични ѕверства, безразлика дали жената е жива или труп.

    Јас искрено ти завидувам ако никогаш не си се осетила неудобно кога си била сама на улица и покрај тебе поминал сумњив маж. Или ако никогаш во живот не си видела како по интернетов се девалвираат сексуално нападнати и убиени жени.

    Јас мислам дека нема жена што нема да се уплаши ако се најде во тесна уличка, шума, кајдае (локацијата не е ни толку битна) сама со рандом маж и нема други луѓе достапни да помогнат.
     
    На Gosh, smooch, Ugly Duckling и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    А што ти е тебе проблем што одбрала мечка, ти пишаа лошо искуство кое им направило голем страв.
    Која ти е потребата да убедуваш и да ја усеруваш темава со твоите лични погледи и мислења?

    Ради таквите ко тебе пропага општествово, место да сочуствуваш и размислиш зошто не само тука, туку жени од цел свет ( или повеќето одбрале мечка).

    А ти утре коа ќе имаш ќерка пушти ја по кеј сама да шета у 12 вечер и легни си да спиеш мирно.

    Не бе зашо, светов е розев и многу убав за жена.
    Еве шетаме ноќе, носиме фустани, дење по ќеј е забавно, не се прпаш у такси… либерте е у споредба на тој на маж ..
     
    На Gosh, smooch, Ugly Duckling и 9 други им се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.502
    Пол:
    Женски
    И ова е поентата. Не секоја жена е силувана или убиена. Ама има. И тоа нивниот број е ОГРОМЕН. Секоја година се руши неславен рекорд во пријави по напади на жени, фемициди, сексуални злоупотребувања. Непријавени па ич да не збориме колку има. Колку само ќутат оти нема кај да идат или кога ќе пријават во полиција, полицијата им вика ајде ајде дома секаде има кавги, нема ние што да се мешаме.

    Дури и да се случи после долготрпни маки и нервози да се докаже дека некој е насилен, силувач или убиец, затворските казни се смешни.
     
    На Gosh, smooch, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    6.084
    Пол:
    Женски
    Како мислиш дека убива мечка? Дали си видела како изгледа едно парчосано животно, осакатено од мечка.
    Мене поентата ми е дека криминалот нема пол. Може да биде и жена и маж вршител. Двата пола имаат тенденција за психопатски дејствија.

    Сама жена, кај и да е, да нема никој во околина, ќе се исплаши и од стаорец. Затоа што сме сами и најранливи тогаш. Ќе се исплаши и од лисица. Ќе се исплаши и од шушкање на ливчиња. Затоа што во такви ситуации си hyperaware. Маж ќе се исплаши од било што во шума. Затоа што не е познат терен.
     
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Леле те молам, на колку од мажите историски им биле уништени животите и скратени правата поради етикетирање? Кога постоела системска дискриминација поради лепење етикета на сељак кај мажите? Мислам стварно не ја разбирам потребата да се биде пик ми на тема која исто не' засега.
     
    На CoverGirl10, smooch, Ugly Duckling и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Ако ме нападне мечка барем ќе ми веруваат во полиција.
    Ова искуство од девојка јасно го кажува еден нејзин став зошто би избрала мечка. Точку искуства од жрви, жените кажуваат значи време е опшеството да си го стави прстот да глава и да размисли зошто е тоа така и е со намера да го "излече", секоја има нешто преживеано и не е сама :l:
     
    На Nausicaa, theowndemon, exceptional и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Анкета била,ок на колкав број примероци?!
    Како е утвредно дека се родители тие?
    Па и глупово прашање:
    Каков маж,ментално ретардиран,сериски силувач,малолетен,мигрант, белеец,црнец…….
    Мечката од азил за мечки или слободна.
    Прашањево кое кружело е тежок shit.

    Да е реална бројката не би постоеле воопшто врски меѓу мажи и жени.
    А на тоа и се цели.
    Се креира друштво кое цели кон отпор кон мажи.
    Дека секој просечен маж може да ти направи лошо.
    Што е пораката?
    (Бегај од мажи,биди сама ,избери друго,избери мечка)
    Тоа е притисокот што ви го прават социјалните мрежи .
    Исклучете вакви прашања.
    Застрашувачки е што прават на млади жени.
     
    На jacqueline.s и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  8. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Важи коа свињи ќе летаат ќе бидеме изедначени у се, па и у психопати..

    https://www.psychologytoday.com/us/...e-there#:~:text=Key points,much as six to one. Мажи водат и во тоа
     
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.499
    Ставив горе видео со мечка.
    И јас би одбрала маж.
    Но прочитавме( некои можеби и го виделе видеото) како Низама Хаќимовиќ беше во живо убиена од психопатот со кого имаше дете. Мечка нема да те убие прво од ќотек па да те егзекутира . Ако ја удираш и вриштиш, мечка можеби и ќе се премисли за нападот.( види видео) Таа убива за храна и ако е загрозена или мечињата мисли дека се во опасност, или ако и влезеш директно во територија/дувло.
    Скотов ја уби за ништо, т.е. дека побегнала од него и го пријавила во полиција по многу тепања.
    Непознат со пиштол решен да измачува и убие, или мечка со остри заби и канџи... Стварно е угоре високо удолу длабоко, како за планинарот.
     
    Последна измена: 10 мај 2024
    На Gosh, Nausicaa, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.502
    Пол:
    Женски
    Дали во животот ти се има случено да се уплашиш или осетиш неубаво кога си одела сама по улица и си се разминала со маж? Да/не?
     
    На Nausicaa, senjorita-v, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    6.084
    Пол:
    Женски
    Дали во животот ти се случило да имаш контакт со мечка во дивина, за да знаеш дека попрво би ја избрала неа, наместо маж? Да/не?

    Ќе ти одговорам на прашањето. Да би се исплашила. Но, не од маж, би се исплашила од тишината, од шушкање, од нешто да не ме изненади. Дали е тоа маж, животно, жена, секако ќе ме исплаши ако ми излезе од некаде.
     
  12. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Замисли не само што не ти одговори него почна да филозофира… чудно ми чудо Кате.
     
    На Gosh, Nausicaa, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.502
    Пол:
    Женски
    Сум немала. Сум видела како изгледа тело распарчено од мечка, и пак ќе го одберам тоа отколку да останам сама со маж, од причини наведени во мојот прв пост.

    Епа ти ако би се уплашила од маж, маж нема да се уплаши ако по улица се размине со девојче. Тоа е разликата.
     
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    6.084
    Пол:
    Женски
    Не гледам дека некој се труди да размисли и да одговори на ова, ама добро.

    Ако сметаш дека мажот е толкава закана за тебе и попрво би избрала мечка, како доаѓа до моментот ти да имаш дечко? Веројатно не одиш прво во полиција да го провериш, туку го запознаваш лично. Значи сепак веруваш дека постојат нормални мажи и не секој има потенцијал да те повреди. Затоа што пред да ти стане дечко, бил рандом маж што си можела во шума да го сретнеш.
    Од овој аспект дали мислиш дека даваш претерана реакција на прашањето?

    Ако не приметуваш, те игнорирам многу успешно. Прво, немаш никаква способност за дискусија, а второ не вреди да ти одговарам. На тебе.

    Барем стави наочари и читај дали и одговарам или не.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.502
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека нема нормални мажи. Како што веќе напоменав има голем дел на мажи што исто одговараат како мене. Татковци на ќерки го викаат истото, слободно уклучи тик ток и ќе видиш.

    Поентата е дека има мажи кои се поголеми предатори и од мечките. Против нив е целата оваа хипотетичка ситуација. Против тие мажи кои ти не прифаќаш дека постојат и дека се огромен проблем во светов.
     
  16. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Еве да не биде мечката. Го знаеш случајот со Милица? Таа беше девојка 14 години која скокна од зграда, зошто во соба во интернат и влегоа мажи со намера да ја силуваат. Таа ја избра смртта.
    Знаеш каде се мажите кои пробаа да ја силуваат? Дома имаат деца и фамилии. Најверојатно сега на работа.

    А и да напоменаме дека има и татковци насилници само на балканот е голем проблем што не се пријавува, а и да се пријави жената воопшто нема никаква заштита, грижа и како после таа траума.
     
    На Ugly Duckling, Nausicaa, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    6.084
    Пол:
    Женски
    Прашањето не е ,,Дали би избрала мечка и ,,мажи кои се поголеми предатори и од мечките". Прашањето е рандом маж. Претерано е да се мисли дека секој непознат маж е потенцијална закана за твојот живот. Кога бев дете, ми се случи незгода. Во јебана шума. Нејсе, луѓе ме гледаа од далечина, мајки, татковци и одминуваа, теренот беше непристапен, освен за еден рандом маж. После еден час вриштење и плачење, дојде токму тој. Непознатиот маж. Дали треба и него да го наречам предатор, затоа што постојат други предатори. НЕ!

    Колку пати во Македонија, во текот на твојот живот си била нападната од рандом маж?

    Може да пратиш линк?
    Најдов.
    Не се работи за 14 годишна, туку 18 годишна девојка, што годините и не се важни, туку важно е она што и се случило.
    Мажите сите до еден биле уапсени. Само има податок за еден дека издржувал казна од 13 години, но го пуштиле на 9.
    Не се знаат никакви други податоци. Уште помалку дека имаат фамилии. Која е таа жена што би зела таков маж?
     
  18. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    1.003
    Пол:
    Женски
    Аман со прашањето колку пати сте биле нападнати во Македонија. Еве на тебе ќе ти одговориме на форумот. Дали сфаќаш дека 1 пат или 1 инцидент, случка е доволно и премногу за да внимаваш и преиспитуваш и да немаш доверба.
    Никаде не видов една да пише сите се лоши сите се исти сите се потенцијален предатор.. ама ако 1 од 1000 е може тоа е доволно за мене.
    Фала богу мажот што ти помогнал не би го нарекле предатор во ситуацијата само дека е маж а ниту било кој рандом маж.
     
    На Nausicaa, theowndemon, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Сериозна си? И да тригирам овде којзнае колку девојки кои се силувани, а не кажуваат? 18 имала извини. Screenshot_20240510_130842_com.android.chrome~2.jpg
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Кога бев основно и средно, со години ми беше страв да одам сама во автобус навечер затоа што редовно некој ме вознемируваше.
    Исто тој период, многу често ни се случуваше со другарки да бидеме буквално следени од неоознати мажи.
    Низ разговори со другарки, ми имаат споделено минимум 3 искуства на нешто што е скоро силување, што секако нема да ти го напишам во детали.
    Сум се нашла во многу ситуации да се чусвтвувам небезбедно со постари мажи кои можеле да ми бидат татковци и дедовци поради "случајни" допири и апсолутно несоодветни разговори.

    Hope this helps :l:
     
    На Gosh, Ugly Duckling, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.