Гледаш, мечка не би ја прашала тоа. Едноставно само би ја распарчила. И токму затоа сите ја бираат мечката наместо мажи, а богами и јас би ја одбрала наместо тебе.
Еве јас сум била, "киднапирана" може да се рече, држена против своја волја можеби 1 час. Не бев силувана или повредена, но јасно беше дека може сериозно да настрадам зашто не сакав да "имам нешто" со некој кој до таа вечер ми беше непознат. Иако алкохолизиран, беше физички надмоќен и кога пробав да избегам, едноставно ме стигна и ме задржа. Имав проклета среќа, убедување, ветување дека нема да го пријавам, закани дека ќе ме најде, познава луге од мојот факултет, дека е моќен, и се живо да ме заплаши. Сега ми е смешно, и би го ебено уништила отпосле, секако полиција во мк е бескорисна, но тогаш буквално бев истрауматизирана со месеци.
Тогаш стануваш дел од проблемот кога ќутиш. Ако дошло до ситуација на силување оставаш на предаторот да помине неказнето. Со тоа да премине на друга жртва. И пак да помине неказнето. Полицијата мора да постапи на пријава. Што понатака ќе се случи не знам.
Зошто мала казна е 5 години или ќе се заташка случајот ќе биде со едно извини или во брак, или во врска па ќе биде мојот збор против неговиот. Во брак посебно ако е со деца тоа е страшно, кај ќе оди? Кој ќе и помогни? Имаме социјални згради? Имаме бесплатен психијатар кој ќе работи на тоа? И за крај јас конкретно не пријавив затоа што од шок не му го паметам ликот, вториот пат никој не ми веруваше, третиот пријавив за друга девојка ништо. Исто последното
Веројатно имаш само добри искуства со полиција. Јас немам никакви, но лично познавам корумпирани полицајци. Јас ако пријавев ( неповредена, несилувана, истрауматизирана) во сред војна во 2001 ќе ми се изнасмееја, како што и рекоа на другарка која пријави сериозен напад: сега ради војната ова оди на back burner, фигуративно и буквално.
Девојко, никој не вика дека не постојат нормални и хумани луѓе. Не ни е поентата тука да го омаловажуваме машкиот пол. Браво за човекот, не знам зошто мислиш дека нешто лошо би помислила? Нападната не сум била. Ама ме има следено еднаш еден прејезив маж, што проба цело време да ми збори по патот дури си одев сама. Кривично ништо не ми направи, ама ме вознемири, ме преплаши, сета среќа влегов во туѓ двор, заѕвонив на ѕвонче и се тргна. Да немаше кај да заѕвонам којзнае што ќе се случеше. А неколку пати му реков да ме остаи на мир пошто не ми се праи муабет. Милиони други девојки ја немале мојата среќа. И една да е што не се спасила, one is too many.
Јас имам пријавувано, еднаш дури и ме избркаа од полицијата. Ваљда се знаеја со напаѓачот па не сакаа да му наштетам.
Леле девојко жал ми е исто и јас сум била држана в кола прптов моја воља али се имав напиено 2-3 чаши вино па не бев во никаква состојба да пријавам а и тоа не ми паѓаше на памет само сакав да си легнам и да помини се и така веќе 4 месеци бев потполно истрауматизирана.. Не си сама
Кога спомнавте корумпирана полиција имав искуство полицаец да се обиде да ме злостави и тоа на мои 16 год, не застана зашто пиеме алкохол у парк ме тргна настрана ми зема тел број да сме иделе на кафе за да ја поништи казната.
Е тука е проблемот, треба да кажуваат вака како што читаш и државата да им обезведи смештај од кога ќе пријават зашто не мал број од тоа се сопрузи. Опшеството ни е проблем.
Мило ми е што дојдовме и до теренот на двојна виктимизација, пошто бев загрижена едно време дека никој нема да отиде толку далеку. Да, верувам дека јас сум крива за сите наредни што ќе бидат на било каков начин малтретирани од некој рандом човек. Не споделив ни никакво искуство додуша, ама се секирам за твојот спокој пошто се напна да ја окупираш темава.
Далеку сум од девојка, жена сум сега со ќерка нешто помала од што бев јас тогаш. Копилето мислиш само со мене пробал така? Знам, за среќа НЕ ПОЗНАВАМ, потврдени силувачи и тепачи на жени, кои од страв на жрвите или од немоќ, срам, не се пријавени но кои се "високопочитувани" во мк општество. Можам само да ги плукам, но не и да ги пријавам, оти ќе ја изгубам довербата на особи кои ми се довериле. Сега знам како, но да не чува сите госпоТ и од машка и од женска беља.
Затоа што можеби кога си дете да пријавуваш некакво вознемирување во полиција ти се чини страшно особено кога знаеш дека и возрасните нема да бидат на твоја страна? Еве најсвежото искуство ми е со професор. Иако не би рекла дека е нешто драматично, за истото во друга земја би ја изгубил лиценцата, кај нас само кружи легенда дека е манијак. Онака, лабаво, ништо посебно. Ама добро ти сигурно и за тоа имаш магично решение.
Ај не испревртувај. Не обвинувам жртва за тоа што и се случило. Туку треба да се охрабри и да пријави. Затоа што ако ќутиш имаш ризик да бидеш повторно нападната и никогаш да не се чувствуваш безбедно на улица. Што е со твојот совет. Ако си жртва, ќути, нема кој да ти помогне, сама на себе си.
Не го напишав јас ова, ти го напиша. Ако мислиш испревртувам, искрено не ми е гајле многу што мислиш. Ама нека стои овде за да се знаат јасно твоите ставови, пак кој како сака ќе ги интерпретира. Нема да паметувам многу и да делам совети. Ќе ислушам се што ќе сака да каже, нема да поставувам глупи осудувачки прашања. Ќе прашам дали сака да пријави или што генерално сака да прави (или не прави) и ќе ја поддржам. Побрзо би се обидела да влијаам да оди на терапија, отколку у полиција, познавајќи колку се ефикасни кај нас по овие прашања.