Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вирално прашање: Мечка или непознат маж во шума?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 7 мај 2024.

  1. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    3.547
    Пол:
    Женски
    И кај мене имаше професор мањак, курви биле девојчињата кои оделе со него...
     
    На exceptional му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    6.090
    Пол:
    Женски
    Тогаш што е решение, ако не се пријавува и се преќутува? Како би се решил проблем, ако првично не пријавуваш проблем? Кога нема пријавен проблем, нема никаков проблем за кој би се размислувало и спроведувало постапка.

    За првиот пасус. Тоа е плус проблем што децата би сметале дека возрасните нема да бидат на нивна страна. На што се должи тоа? Дали потсвесно и нашите родители влијаат со ,,а ти што му направи"?

    Нека бидам најлоша, но никогаш нема да поддржам жртва да сака да преќути. Затоа што каква сака терапија нека посетува, додека опасноста е надвор и демне, таа жртва ќе нема нормален живот.

    Сите треба да пријавуваат. Секое ,,не" што не се почитува, секоја модрица на телото.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Денес да бидеме реални е вистина дека многу мажи не го сметаат за прифатливо било какво штипкање пипање или било какво вознемирување на девојки.

    Така да оваа анкета на тик ток која имплицира дека секој просечен маж е потенцијален предатор,силувач или убиец е многу погрешна.
    Односно креаторките со овој тренд својата мизандрија ја проектираат на машка мизогонија и тоа вирално се шири,имаат влијание и секоја девојка денес секој маж го гледа како опасност.
    Што е застрашувачки.
    А не сфаќаат дека девојката под такво влијание станува исплашена,ранлива ,несигурна да се соочи и со мажи и со мечки.
     
    На eliesaab, Mumoftwo30, Vikktorr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Не го знаеш тоа, не си во кожа на жртвата. Не секогаш е безбедно да пријави. Многу од жените кај нас имаат пријавено насилство од мажот дома, за после ко ќе дојде дома да ја чека нов ќотек и никому ништо.
    Не си побитна од жртвата, твоите желби и честитки не се побитни од тоа како се осеќа жртвата и што сака да направи. И повторно одговорноста ја ставаш на жртвата, зошто не пријавила.

    Зошто мажите имаат толкави нагони да пакостат на жени, тоа е прашањето. Тоа е дискусијата што би требало да се поттикне со анкетата. Не статистики и упатсва за справување со мечки. Не видеа од напади на мечки.
    Жените не се глупави. Знаат дека логички мечката ќе ја убие и распарчи и нема реално никакви шанси да преживее. И покрај тоа пак ја одбираат мечката. Ама место некој да се запраша зошто, се дочекува пак на нож секоја одлука на жените, макар и хипотетичка да е.
     
    На Gosh, smooch, Ugly Duckling и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.532
    Допаѓања:
    23.041
    Пол:
    Женски
    Ама од кој станува девојката исплашена и несигурна? Од другите жени или од мажите шо го праат тоа?

    Не ми кажувај само дека кога си била дете или девојка мајка ти или некоја женска личност ти нема кажано да не излегуваш надвор доцна за некој да не ти направи нешто или да не шеташ сама, секогаш да бидеш во женско друштво?
     
    На Gosh, Nausicaa, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Непознат маж нормално. Не се сите мажи нечесни силувачи и убијци. Мала е веројатноста таков да се погоди. Многу поверојатно е мечката да те распарчи кога ќе те сретне. Дури и да е мажот со лоши намери повеќе би можела да се одбранам од човек отколку од огромно диво животно.
     
    На Bitter-Sweet, Ravenn и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    6.090
    Пол:
    Женски
    Ти што би ја советувала, ако предаторот се шета слободно на улица, додека таа се тресе од страв да излезе и да не ја пресретне. Со тоа можеби и убие. Желбата на жртвата не е секогаш рационална, затоа што исплашен ум се раководи по инстинкти, а не разум.
    Одговорност е на жртвата да пријави, ако сака да се ослободи. Како инаку би се ослободила, ако според закон тој предатор е нормална личност без криминално дело?
    Сакаш да ми кажеш дека побезбедно решение е да не се пријавува, затоа што може секако некој да те истепа. Значи пак доаѓаме до прашањето.

    Побезбедно е да се ќути?

    Или да се снимаат глупави тик токови со хипотетички прашање е подобро решение?

    Јас знам што се наметнува со прашањето. Меѓутоа одговорот не е реален. Една или две личност не ги прави мажите предатори кои сакаат само да напакостат.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    40.042
    Пол:
    Машки
    Еве ја како маж прво би ја одбрал мечката, ама зависи од ситуација и место, затоа што нема апсолутен одговор.

    Прво, битно е каква е мечката. Доколку е поларна, бела, не би ја одбрал, доколку е обична кафена или мала црна мечка, би ја одбрал.
    Сум имал непосреден контакт со мечка, каде што само се разминавме. Ама гледав тој контакт да го минимизирам.

    Е сега, сум имал и многу непосредни контакти со мажи, па уште сум жив. Некои и непријатни.
    Но... Затоа е многу битно местото и ситуацијата. И да си свесен за опасноста.

    Aко сме на Шар планина, радо би да сретнам човек, пошто ќе знам дека е некој овчар од околните села или планинар.

    Ако се најдам во САД, од каде што излегува прашањето, и се најдам на место кое што е опасно, секако дека ќе гледам да избегнам маж што е можно повеќе, посебно што ќе претпоставам дека тој маж е вооружен. А, јас, сепак не сум Брус Ли.

    Ако малку го смениме прашањето и да се најдеме во природен хабитат на човекот, голем град на запад, сами, навечер, во темно, мрачно и небезбедно маало, секако сите ќе гледаат да одбегнат мажи.
    Замислете сами во Њујорк, Лондон по тоа гетата одите... Шанса некој да ти стави пиштол на чело, или да те збрца со нож се големи.

    Ете, не мора толку далеку, доволно е Арачиново, Сарај, па и Чаир. Не би оделе сами да шетате таму во ноќта, нели?
    И во автобус 3 пати ќе се премислите навечер да се возите натаму.

    Исто, не би ја чепкале и мечката во п*чката ако одите во шума. Туку ќе гледате да избегнете.
     
    Последна измена: 10 мај 2024
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.778
    Допаѓања:
    169.513
    Пол:
    Женски
    Оти не пријавувале, пак жената крива и сите изненадени зошто одбираме мечка.

    Јас сум имала непријатни искуства ама ќе зборам конкретно за следење од непознат, сталкинг и онлајн малтретирање зошто баш тогаш, со татко џандар, не успеав ни да пријавам ни да добие забрана за приближвање. А да не зборам за локалните мањаци за кои џандарите "биле запознаени" и "не врви од таму" иако мораш. И еднаш принудна патрола зошто нели, има кој да изврши притисок за то. Ама поќето жени ја немат та привилегија како мене. Не знам како е сега со новите закони после јавна соба, еве ако некоја знај за позитивна промена нека ми кажи, ама "во мое време" ми остана само стравот. Не можам да опишам колку е језиво до толку шо детал неќам да пишам. Ама ова е џабе нели, Битола ништо не се дешава, жените гледаме како е Америка и драмиме, и искуствата (и стравовите) ни се невалидни. Слатко. :*
     
    На Gosh, Bezimenka90, Curious cat и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    3.547
    Пол:
    Женски
    Јас сум тотално исфрустрирана од поедини одговори на темава. Членките споделија и лични искуства.. Само да споделиш да се вратиш на таа траума е претешко, ја доживуваш повторно.. И жалам и сочуствувам со сите кои пишале на темата.. Ама и ме радува тоа што повеќето знаат дека овде на Балканот жената има повеќе проблеми, помалку можности и повеќе опасност каде што патијархалот ни го всадуваат од мали девојчиња.
     
    На Gosh, Bezimenka90, smooch и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Како може слободно да живее жена која мисли дека секој маж е животно кое во секој момент може да те убие,силува или да ти напакости.
    Така што ке го слуша ова тик ток прашање кое е поставено мизандристички.
    Во прашањето е премиса дали бираш силување од маж или растргнување од мечка.
    Факторот на ризик е исфрлен за да се добие на театралност и поентирање.

    И покрај тоа што не се сите мажи злосторници, за токму тоа служи оваа тик ток глупост.
    Не е нормално девојка од пр. 20 год да има страв од мажи зошто ете сите блебетаат дека сите мажи се опасни и сите жени би избрале мечка.

    Зошто една тука не одговори дека прво би сретнала маж,згоден и неопходен планинар ,френдли шумар 8)туку во мозокот е црно сценарио, силувач,предатор,убиец.:o
    Тоа многу говори во каков тренд се потпаднати на недоверба кон машкиот пол!
    Страшна анксиозност им се ствара.
    Па надвор непознат маж здраво да им рече,паничен напад ќе добијт.
    Поразително е секој маж да се гледа како психопат кој чека прилика.
    Дали е нормално да се чувствува таков страв, не , не е и треба да се побара помош.
     
    На Bitter-Sweet, Ravenn, jacqueline.s и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    Можело да прашаат дали би одбрале да сретнеме маж или да ја изгубиме најсакана личност во животот.
    Сите ќе одговоревме полесно.
    Или не. Оти да, не се споредува, оти тогаш е глупаво и двете се трауми.
    Вака нема што да му мислиш.

    Или дали да наидеш на маж во шума или на кола на автопат што вози во спротивен правец.

    Али слободно подјебавајте се со секоја траума што не вклучува маж. Само напред.

    На темава имам пишувано и мелено многу. Ама никогаш, никогаш нема да сметам дека моето е полесно јер е општествен проблем, а на другиот не е.
     
    Последна измена: 10 мај 2024
    На jacqueline.s, senjorita-v, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.532
    Допаѓања:
    23.041
    Пол:
    Женски
    Важи, ај оди ти во Индија шетај се сама и после дојди тука кажи ни искуство.
    После и ајкулите ќе ги бараш, не само мечката.
     
    На Gosh, Bezimenka90, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  14. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    1.003
    Пол:
    Женски
    Ама стварно не е тренд, може и лично искуство да е. Еве јас избегнував општо мажи еден период додека не најдам некој што мислам дека е компатибилен со мене. И на други работи бев сконцентрирана тој период и ништо не ми фалеше. Ок може не сум била нормална што не ми биле центар света. И што ви мења на вас ако некоја сака да живее така или па ако има недоверба?
    Не сфаќам што е поентата, што сакате да докажете
     
    На Bezimenka90, Nausicaa, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.499
    Ако размислиш кого го вработија во Македонски Шуми и кој се' се шетка' " по шумама и горама" таму, секси планинар ко лотарија би паднал...
    Шала настрана, јас не бирам мечка, ама пак и не мислам дека сите овде на темава кои би/ако/дали одбрале се чисто параноични..
    Секоја понуди објаснување.
    Мене ми се релевантни тие.
    Меѓу мечката од зоолошката во Битола и муџахедините што шетаа низ скопска црна гора до пред некоја година ( може и сега, не знам, не следам), дебело ќе размислам кого би го сретнала во шума, јер мечката беше многу стара и измачена ко ја видов задње, па мош ќе имам шанса.
    А ако сретнам lumberjack во карирана кошула со оние manbuns и брада, па уште згоден неопходен ко што велиш, ќе се снајдам некако мислам.
     
    На Cosmi, senjorita-v, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    8.630
    Пол:
    Женски
    Мене ме изнасмеа со одговоров, искрено:rofl::rofl::rofl:
    Ќе се снајдеш ако е таков згоден, ако не е па може ќе ви оди муабетот, се е можно. :lol:
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.935
    Ама не може така. Контекстот запази го. Или мечка на Пелистер и шумски полицаец на Пелистер, или друга сценографија, соодветна. Ламберџек тешко таму, поверојатно печуркар:wasntme:. Таков со брада понасевер да бараш, ама шо мечки имаат не знам:tmi:
     
    На Mumoftwo30, Dentina, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.532
    Допаѓања:
    23.041
    Пол:
    Женски
    Печуркар :rofl::rofl:
    Леле ма, доста :rofl::rofl::rofl:
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.499
    На Пелистер има мечки кафеави чат пат, па затоа овде се преселив , нема ни шуми, ни мечки8)
    Ламбрџек, ке одам во Свериге во Јуни, па моЖ на некој плавушан ќе набасам по тоа зеленилата..
    И да не се деси тоа, не се жалам, не обичам толку плави/бели:emo:
     
    На Mumoftwo30 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Јас би мечка да видам. :(