Мене на 14 години еден кој се правеше дека ми е ко татко сакаше да ме одвлечка во соба. Среќа, избегав. Крива сум што не пријавив? Мислите да пријавев некој мене ќе ми поверуваше, на 14 години, наспроти него, семеен почитуван маж? Ајде, кажете ми дека сум требала да пријавам. Или дека можда сама сум си го барала и сум го провоцирала. Или не е он секој маж. Дека тој што ќе го сретнам ноќе негде нема да биде некој таков и можам слободно и без страв да одам. Како во друг свет да живеете, во Америка било ова трендов само, ние измислуваме овде. Треба да размислите малку како коментирате и со колку осет го правите тоа. Па дали пријавиле, зошто не пријавиле, секогаш жената крива. Зошто да сме во ситуација да треба нешто да пријавиме? Зошто мажот не си го прибере во панталоните и не си ги држи рацете до себе? Зошто наративот не се сврти кон тоа што мажот прави и зошто мажот прави? И зошто после има ваков вирален тренд.
Сега, како да ти кажам- како админ можеш да ја тераш темава кај сакаш. Ама...не е оваа тема МиТу или како и да се викаше, ниту е манијаци, ниту безбедноста во државата...ниту ,,не секој маж,,. Не сакам глупи хаштази од типот на ,,не секој маж,, и друг муабет имам на таа тема. Ама оваа тема не е за тоа, нели?
На прашањата кои бараш одговор, постави си ги сега како возрасна, во ситуација истото да би се случило на твоето дете. Ќе го посоветуваш да молчи, или ќе одите заедно да пријавите? Тогаш најдобро ќе знаеш што е најправилно. Наративот не се врти кон тоа што прави мажот, затоа што кога одите сите жени со наративот, никој нема да ми верува, срам ми е, си го барав и уште стотина ирационални стравови, тие мажи не се обележани. Како јас, моето опкружување да обрне внимание на тој што сакал тебе да те повреди, кога првично ти си премолчела за она што ти се случило. Значи пак доаѓаме на моето, како сакаш сфати ме, кога премолчуваш, си дел од проблемот. А кога веќе прашуваш, зошто мажот не го чува во панталони. Тоа е уште поголема психологија. Затоа што можеби мајка му или татко му сексуално го злоставувале. Затоа што не е нешто што се менува преку ноќ. Зад скоро секој криминален ум, има некаква позадина. Не го вади надвор секој нормален човек.
Тоа од целиот мој пост го извади? Како админ не ја терам нигде темава, веќе беше тргната, се надоврзав. И објаснив зошто реков дека би одбрала мечка во контекстот како што е поставено. Немам што да ти одговорам на ова, срам ми е што го прочитав.
Што е срамно? Модератор си на форум, чија функција е дискусија, не сакаш да ја водиш. Подобро ќе беше да ти напишам, дека е во ред да премолчиш, затоа што сметаш дека никој нема да ти верува. Океј, нека биде така. Кога веќе барате одговор зошто некој не може да го задржи во панталони или зошто мора да убива. https://www.ranker.com/list/serial-killers-who-hated-their-moms/ada-hart Проблемот почнал токму од женскиот пол. Така да, навистина ќе испадне мечката. Ама да се бира и од рандом жена.
Ја искрено мислам дека си машко. Само маж со повредено его ( дека мечка би била избрана наместо него) може вака да го тупи до бескрај со неповрзани работи. Прво објаснуваше колку се опасни мечките, ко демек другите од Марс се па не знаат, после жените биле криви што не пријавувале, еве сега жените биле криви и што постојат сериски убијци.
Така е, ја се вадам од памет ако видам жена позади мене додека се движам сама навечер. Одма ми текнува на илјадниците жени силувани, нападнати или убиени од други жени. Сигурна сум дека и мажите го имаат тој страв(оправдан секако) и дека попрво би одбрале да сретнат мечка него жена.
Добро ајде од сите ќе се плашиме, сите кај мечката Проблемот е што ги укинаа бајките од типот на Црвенкапа, па сега место волци за мечки ќе расправаме.
Не разбирам мажов е убиец, силувач или рандом маж? Ако е некој рандом обичен нормален маж луѓе сме ќе се разбереме мада и да е некој психо.. Побрзо ќе совладам маж ( поголема шанса да се спасам) отколку мечка од 150/ 200+ килограми.
Па не секој рандом маж на улица сака да силува, убие. Верувам дека на секоја жена па и мене не и е пријатно кога некој оди позади неа, посебно навечер. Сепак поголеми се шансите да се спасиш од човек одколку од огромно диво животно. Затоа во торба пепер спреј или дезодоранс, мало ноже се што може да те одбрани...па и некој зафат во самоодбрана да се научи. Јас вежбав се надевам нема да ми треба да го употребам ама никогаш не се знае. На јутубе имате исто многу видеа со добра содржина како можеш полесно и побезбедно да се справиш во такви ситуации.
До некаде и очекував од машките да пробаат да се одбранат но дека ќе има жени што толку ќе се противат на темава воопшто не очекував, озбилен гаслајт прават маживе очигледно.