Богами ако си убеден дека рандом просечен маж што ке го сретнеш ќе те силува и убие тогаш треба навистина да се погрижиш за сопственото ментално здравје. Настрана овие американкиве што живеат онлајн на тик ток, а маж гледаат еднаш во два месеци , па им текнало вакво брилијантно прашање. Ни шума гледаат , а ни мечки.
Јас знам дека нема да се спасам од мечката, поарно мечка да ме изеде отколку маж да ме силува и убие.
Јас маж еве. Како некој што се ака на Водно за добро утро, не би отишла никогаш више ако ми речат абе мечки има. А мажи има и идам. И не дека не ми е страв само што на диво животно ни на сон нема да верувам. Оти барем не се подјебавам на луѓе што биле нападнати од животно, мечка, куче уатевр.
Чудо Реин, како никој не се осврна на тој проблем. Зашо сите одбираат мечка, место да се продискутира тој аспект; Причини; Се фатија за најдебилниот момент, А кога прашањето би било за свое дете да го остават со непознат маж во шума … како ли би одговориле?!
Многу буквално ја сфаќате мечката. Факт е дека ако сака ќе ме изеди во два залаци, факт е дека не секој по улица е убиец или силувач, ама и факт е дека најголем дел од нас се соочиле со било какво вознемирување по улица. 20 страни ќе се објаснуваме дали сме посилни од мечка, не сме, аман. Мечката ја сфаќам како хипербола, преовеличено, за да се сфати колкав проблем се мажите предатори. Парк, автобус, такси, работа, бензиска кафич, ГТЦ, лифт...не само шума.
Ова од лично искуство? Шо ти фали тебе што толку мрзиш жени? И сметаш дека се параноични? Само личност што немала добар однос со мајка може да нема трунка емпатија..
Јас често пешачам, и често сретнувам луѓе кои сами пешачат. По ова вашево не треба од дома да излезат. На екран само маж д агледаат најсигурно. Тоа што некој направил грозоморна работа низ светов не го прави секој маж потенцијално опасен.Тоа ви е грешка и проблем. Основната идеја е дека секој маж е опасен (бидејки само мажи споменувате) значи сите во одредена ситуација без надзор или контрола ке силуваат или убијат. Тоа не е нормално! Ниту има смисла, бидејки да се сите мажи исти едно друштво не би функционирало.
Па тие што одговараат дека би мечка, буквално одговараат. И јас сум се соочила. Ама и кучиња ми се пуштале. И кое било пострашно? Ниедно, двете.
Е арно де. Ама 9 од 10 во Америка одговориле мечка дека би одбрале, па мораме сите мечка. А баш вчера видов еден рандом лик во супермаркет, метро и пол висок и 35 кила тежок. И сега? Не може логични одговори да даваме јер сме омаловажувале туѓа траума Мајка и на Црвенкапа И таткото на Ивица и Марица, така ваљда беше
Нормално Ади, кој колку има капацитет, и глеа подалеку од својот нос. Таквите не ебат у реален живот со нивните квази филозофии. Џабе пишуваш, чекај има многу видови на мечки не ги опишаа сите…
И то е проблем, пак се бега од поентата. Не би сакала ни куче ни маж во три сабајле во темна улица (ни сите се лоши, ни сите ги мразам, напротив ). Ај нека праша сега некој шо барам во три во темна улица. За куче барем ми верваја в полиција. За маж ме прашаја дали ми е бивши и да не сум го налутила, за кучето не беше битно дали го налутив.
Доволно сум силна и голема да отепам маж. За мечка не баш. Плус мажот е интелигентно суштествонкое лесно се манипулира, па ако сака да ми направи нешто имам опции. Да го отепам. Да го разубедам. Да го изманипулирам. Со мажи секој ден се справувам и не е проблем.
Куче некни ми се пушти во 9 сабајле на улица со 10ина згради. А за претходен случај на форумов следбениците на Анима Дунди лом ме направија дека сама сум си крива. За маж се феминиски битно и многу емпатични.
Мене ме касна сабајле кога одев на работа, имаше и луѓе, а ни еден не праша дали сум жива. Еден ме има следено дури одев со дечко ми, а го забележав дека ме следи кога ми се пикна во женско вц при празно машко. Нема врска, да не должам. Поентата е дека не треба мечкава да се сфаќа буквално, па да мериме дали има 120 кила, а мажот 79, дали се црни, бели, дебели. Туку, дека не сме безбедни, зошто не сме и дали институциите би не' заштитиле... Истото важи и за мечка и за кучка, ама то во соодветната тема, овде за мажи е.