Искрено, многу размислував и уште не знам точно што одговор да дадам. Мислам, статистички е секако поголема веројатноста да сум нападната од маж отколку од мечка, бидејќи мажи секој ден среќавам а мечки никогаш. Ама па исто така ако сигурно треба да ме нападни некој од нив би преферирала да не е мечка, шознам. Ова ко со фустанот дали е црно-син или бело-златен ми иди. Инаку скроз ја разбирам суштината од кај иди ова, дека многу жени не се осеќаат безбедно сами со непознат маж и скроз е валидно. Можеби ако е некоја ваква мечка тогаш би сакала дефинитивно мечка да сретнам. Мада и мажов не е лош.
Мечка. Сто проценти мечка. Радо би да живеам сама во шума со полно мечки, одколку мажи. Едниот ќе те убие на лице место и ќе те изеде, другиот ќе те злоставува и до после смрт за негово задоволство.
Ако, ако... Ако не си вежбала, немаш градба ко маж? Сама си крива што не си се одбранила? А ако и мажот вежбал, знае некоја боречка вештина? Многу ја потценуваш силата на мажот, на маж со намера да те зграпчи и направи нешто тешко дека би му парирала во силата. Нема ништо woke овде, концепт стар колку и времето, жените се плашат од непознати мажи, се плашат сами кога одат, кога е темно и некој непознат иде. Значи имало 664 напади од мечка, од кои многу малку завршиле фатално. Во меѓувреме бројот на фемициди се зголемува, на жени кои трпат некој вид на насилство. Во 2024 самото тоа што едно вакво прашање станало вирално, па уште и со такви одговори, кажува многу за тоа како се осеќа жената. И не, не е за потсмев, не е "woke". Оди кажи и го тоа на некоја што била нападната од маж, или што трпи насилство.
Многу е сложено прашањето за да се даде прост одговор. Зависи која мечка, дали кафеава, поларна, црна, гризли. Што соодвествува со тоа и за каков човек се работи. Кафеава мечка нема интерес да те нападне, ама другите видови додека трепнеш ќе те распарчат. Зависи и каков маж. Можеби домаќин, можеби хомосексуалец, можеби силувач, можеби свештено лице, можеби убиец. Многу диверзитет во едно прашање. Не знам што би избрала, но не е наивно да избереш ни едно ни друго. Но, кога би избрала, најлошото од се, убиец и гризли. Веројатно убиец би избрала.
Сè што треба да знаете за тоа какви психопати има е дека четворица мажи во Индија имаат отидено во шума, најдено гуштер, го имаат силувано сите четворица и после тоа го имаат убиено, зготвено и изедено. И човекот е животно. Брзо, силно, моќно. Но побитно од сè се неговите намери. Ако и мечката и мажот се решат да те нападнат, буквално поголеми се шансите дека би избегал од мечката.
Зависи од теренот. Имам гледано разни видеа каде мечки напаѓаат луѓе и луѓето успеваат да избегаат, благодарејќи на теренот, мечката не е способна да се движи исто како човекот. Како и да е, смешно е што воопшто дискутираме дали мажот е поопасен од мечка за нас жените. Природно не би требало. Тоа доволно кажува како фунционира светот.
Просечен човек развива брзина до 38 км/ч. Нема терен на кој мечка не би те стигнала. Дали си видела преживеани какви рани имаат. Не се сите мечки панди, како што не се сите мажи крволочни мизогинистички силувачи.
Има, сум гледала. Секако дека не се сите мажи крволочни мизогинистички силувачи. Меѓутоа очигледно доволно се да би ја имало оваа дискусија глобално, што доволно е доказ колку жените се плашат од мажите.
Јас потполно ги разбирам жените зошто ја избираат мечката. Не е ова до тоа дали полесно можат да победат мечка или маж туку околу што им предизвикува најмногу страв во секојдневниот живот. И јас би ја избрал мечката во одредени ситуации.
Тој што го смислил прашањето очигледно нема видено мечка во дивина Не можеш да избегаш ако ти се намерачи, они и по дрва се качуваат. А ако земеш да и фрлаш камења може и уште побрзо да умреш. Маж од друга страна ќе пробам со муабет да го изманипулирам, имам некоја шанса сепак.
На крај уште крива ќе бидеш и сама си го барала ќе добиеш. И од не сите мажи муабетот сме овде. Малку ми се бљуцка од не сите мажи.
Не знам баш... ептен е сложено прашањево... Не е црно и бело. Сум начекувала во шума мажи, и тоа сама сум била на шетња, никому ништо... мечка не сум начекала. Е сега можеш да начекаш силувач или сериски убиец, или нормален човек што си пешачи. Проценот би бил може 5 према 95 проценти. Не се сите убијци и силувачи, де имаме браќа, татковци, сопрузи... не би сакала сите да ги ставам во таков кош. На психопат не му треба шума, и во влез ќе те нападне. Мечка исто зависи дали ќе налеташ на гладна мечка, или некоја што нема да те изрецка, нема да те види ко закана и никому ништо. Може па пепел да те напрај, ете ако е гладна или со мечиња мали. Мислам дека споредбава е глупа... мое мислење. Да попрво би одбрала најадена мечка во далечина отколку сериски убиец. И попрво би одбрала нормален маж отколку гладна мечка.
Мечка апсолутно. Ако е гладна ќе ме изеде, ако не е гладна ќе преживеам. Со маж што не го знаеш не знаеш на што можеш да налеташ, може да те зароби, да те киднапира да те мачи, тепа итн итн
Мечките не напаѓаат поради глад. Мечка не се исхранува со човечко месо. Ќе те нападне затоа што смета дека си предатор, а си најголем. Доволно е со шепа да замавне за да те онеспособи. Мислам дека ги замислувате мечињата во зоолошка и затоа не ги доживувате како закана. https://nypost.com/2021/05/21/alaska-man-survives-horrific-bear-attack-while-on-the-job/ Само еден случај на напад од мечка. Ова човек не може да го направи со раце и заби.
Јасно ми е, во зоолошка е неспоредливо. Исто знам дека не треба да бегаш, треба да реагираш незаканувачки. Ама мислам дека не го сфаќате прашањето, поентата е дека бирам да ме убие диво животно, затоа што со човек не знаеш на што си, што ќе ти се случи. Јас така го сфатив прашањево.