На такво место, од мечка секако ќе си изеДЕн, а од маж може да си, а може и да не си, значи зависи од мажот, со мечка нема споразум. Секако ќе го јадеш.. Од двете помалото зло, не знам кое е, зошто за мене е подеднакво страшно да ме јаде мечката или да ме силуваат и убијат, потплоно исти страв ме демне и од двете. Потенцијално лоши и зли намери може да имаат сите луѓе, а мечкиве се мечки...
Прашањево е доста метафорично, и како такво треба да се гледа. Муабетот е дека на жена не и се верува ако пријави или се пожали, оттука и муабетот барем мечка ако ме нападне полиција ќе ми верува или нема да ми рече сама си го барала. Значи точно е дека се има голем проблем на светско ниво кој треба да се реши. Глупавоста на сето ова е што муабетов ептен буквално се сфати, почнувајќи од американците без капацитет да разберат метафори, па по нив ние цел свет ко слеп за стап. верувам дека ниедна особа на светов нема да стрча на кај мечката за да го одбегне мажот, па вие до утре прајте го муабетот дека мечка бирате. Потсвесно, математички мозокот си пресметува ризик, и се знае дека ризикот да те изеде мечка е математички и практично далеку поголем отколку да те силува маж. Сега тоа не е така проста математика оти имаш фактори, колку мечки гледаш и разминуваш во животот наспроти мажи, дали секој ден се разминуваш со десетици мажи… а дали ако се разминеш со десетици мечки ќе преживееш? Така да, наместо вакви глупи и метафорички прашања, треба да се работи на проблемот со мажите, оти вака на млади чупиња му правите трауми, уште недораснати, да мислат дека секој маж и психопат а мечките срцки ко од цртаните. Треба да се охрабрат девојки да пријавуваат, синови да се учат од мали како треба и тн. Со вакви глупи американски срања ништо не се постигнува само е вака уште побетер ќе биде.
Хипотетички и Spoiler: Морам во спојлер Маж ти може да го силува детето, малку ли сме слушале за такви татковци. Па ако беше прашањето Дали попрво би го оставиле детето со татко му или со мечка, ниедна немаше пикми да испадне со одговорот дека на татко му. Или сите ќе превртеа очи на прашањево. Мислам, ако неќеме да релативизираме зашто помалку ни е страв од мечка и ако сакаме стварно да збориме реално за сексуално вознемирување, ајде да збориме реално без да мешаме мечки, лисици и диви свињи воопшто.
@Munchmallow20 тоа е исто како да речам дека сите мажи се херои и спасители, оти во животот сум имала прилики кај што непознати и познати мажи ми излегле во пресрет и ми се нашле во одредени ситуации каде што стварно сама не би можела. Ги има секакви, претпазливост треба, не велам не. Ама точно, споредба дека маж во шума обавезно ќе ме силува, убие и исецка на парчиња, а мечка ќе ме одмине ми е бесмислена. Може па маж ќе ме спаси од мечка, пример. Животот е чуден и непредвидлив. Мајндсетот кај народот и институциите треба да се сменат за поголема безбедност на жените, ние прво од жени имаме мака што се такви мажите. Мислам видете на свекрви темата што се дешава, ко бебиња ги гледаат до 50 години, ги галат дури се живи, се им удоволуваат, не снаат не за одговор од мајките прво. Каков човек тој ќе порасне? Ако излезе снаата со другарки на кафе прво свекрвата курва ќе ја нарече, па што очекувате од мажи? Колку пати на темиве сме виделе како се напаѓаат одредени жени од жени со етикети, жена на жена волк. Треба општо да се сменат сфаќањата кај сите, па некако да тргне напред.
Целото мислење, особено болдираното го сумира и мојот став. Не е поентата очи да си вадиме на темата, туку да почни да се решава проблемот. Како би се решило? За почеток, да си ги воспитуваме синовите да порастат во decent human beings. На веќе пораснати волови тешко можиш да им го смениш мислењето. Исто и ние како жени што можиме е да се научиме барем малку да се браниме, за жал, бидејќи никоја промена не се случува преку ноќ. Тешко е да се плашиш од секој маж, тешко е да се плашат од тебе бидејќи си етикетиран како потенцијален силувач само бидејќи си маж. Но, промените почнуваат од нас самите, колку и да болат неправдите.
Види јас се слагам дека глупо е она not all men, ама ставање на кантар со други трауматични ситуации е исто така глупаво. Оти помислата дека ќе умреш не е заебанција без разлика дали маж, мечка, кола или саксија од тераса е во прашање. Што ќе ги учиме другите - што и да ти се деси, битно маж да не те вознемирува, све друго е мање битно, проаѓа...? Прашањето било метафорично и хипотетички ама сакаме да сме реални за ситуацијата околу нас. Епа или биди реален или не биди. Реалноста е дека да, мажи има секакви. Ама затоа јас реално одговарам, оти сум реална.
За ова си или пикми или курва. Дајте да видиме за мечка наспроти транс маж или транс жена шо етикети ќе добиеме
Еве да ја тргнеме мечката од сценариото; шеташ во природа сама (не до Средно кај што постојано разминуваш луѓе и си сигурна, некоја поизолирана средина), одалеку гледаш иде лик, не можеш да видиш дали е маж, жена, млад, стар, тинејџер; дали ќе ти биде сеедно? Или барем малце ќе ти затрепери срцето пошо не знаеш што те чека? Дали ќе свртиш насока за секој случај или ќе продолжиш напред без разлика? Дали ко ќе се доближиш до човекот и видиш дека е маж, ќе ти биде сеедно? Дали при разминување ќе бидеш на штрек со 100% фокус на движењето на мажот? Или ќе си цепаш напред лабаво, без да ти пролета мисла дека си во можна загрозувачка ситуација? Дали исто би се осетила ако е жена во случајов? Сеа океј, најпрво ќе се запрашаме што бараш сама у природа, ваљда си спремна на можни средби, ама ете, хипотетички муабет.
Па друго е кога ќе ја тргнеме мечката од сценарио де. Јас тоа и го мелам, дека само и само на ситуации каде е маж во прашање треба да се концентрираме, не да се тепаме кое е поопасно. Јас и пре би избрала маж пред улично агресивно куче ама не значи дека ми е сеедно и со мажот. Затоа велам ако сакаме стварно да согледаме колку е голем овој проблем, нема потреба да ставаме споредби. Оти иначе тие што избрале маж пред мечка добиваат глупи пикми етикети или што год да се ко да они ќе си свиркаат пред мажот а кутрите неќат животно да ги јаде дур се живи
Битлочанец силувал лице со трајно душевно заболување и пренесувал во живо на Youtube Како што информира ОЈО, на 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Youtube. Да треба 10 пати да бирам, во 11 случаи мечката ќе ја одберам. За тие што ко од Марс паднати ми реплицираа да ме просветлат дека мечките се страшни и убиваат, да ги поздравам и да им кажам дека 1000 пати порадо би била убиена од мечка, него ова да ми се случи.
Ме потсети. Единствено полошо, а слично нешто што се има случено во Македонија е пред неколку години кога човек од Куманово ја силувал својата неколкумесечна ќерка и исто го пренесувал во живо на Facebook. Многу ми е грдо да пишувам за ова, ама да знаат жените дека не треба да бранат пол кој што има потенцијал да извршува овакви работи.