Да не ме сфатите погрешно... овие се гадни работи, ама излирани вести се, од психопати. Вчера прочитав громорозна вест дека мајка си ја избодила ќеркичката со нож... има еден куп ненормални мајки, и слични вести има милион секој ден... дали сите групно треба да речеме дека мајките се грозни суштества, спремни на гнасни дела? Имате татковци, браќа, мажи, синови... зарем немеате љубов кон тие луѓе, та го обвинувате цел пол? Не знам... се додека вакви муабети на база на пол правиме од стилот boys will be boys, нема ни да одиме напред, затоа што на крај, што фајде дали човек ќе е добар или лош кога автоматски е гнаса и страшен само оти е од одреден пол? Лепење етикети на групи луѓе (дали по пол, вера, боја на кожа, нација) се покажало погубно во минатото... речиси секоја голема и гнасна случка во минатото била поради лепење етикети: етикетирани биле жени, евреи, црнци, итн... нека ви текне што се се случило поради тоа.
Точно. Може да се осудуваат поединци и поединечни дела, не целиот пол или род. Ова е исто ко маж да рече сите жени се курви.
Али не зборуваме општо, зборуваме конкретно за прашање во врска со хипотетичка ситуација. Сите жени стварно да се курви и да сретнеш "курва" во шума не е штетно за тебе. А нашиот одговор дека порадо би мечка, не е затоа што 100% ќе сретнеме силувач, туку пошто ризикот да сретнеш маж што може свашта да ти направи е голем. Потенцијалните сценарија и можноста да се тие десат е ненормално повисок во споредба со тоа да сретнеш жена или дете во шума. Као, на математичко ниво, израчунатата веројатност би веројатно била огромна. И тоа е проблем. Не тоа дека имаме некои предрасуди...
Факт е дека мажи од сите нации, религии, раси, силуваат. Гадно е шо споредувате мајка шо убила дете со маж кој силува. Погледнете малку за овие војните разгуглајте, од сите страни имаше силувања, и од руска и од украинска, и од палестинска и од израелска. Проблемот е шо кога нешто ќе се деси, на пример како војна, жените не трчаат право да ги убиваат своите деца туку мажите трчаат одма да силуваат. Војниците. Сите сме сведоци колку оженети мажи трчаат по швалерки, по проститутки, и тоа само од една потреба а тоа е Секс. Ама не, не се тоа нашите мажи, нашите мора да се супер оти се наши. Толку ги браните за да не им го повредите тоа кршливото его. Тешки pickmeisha сте. Не е криво синчето мое, крива е таа курвата шо се шетала сама ноќе и дошла му се набила несакајќи на курот па после му се треснала уште 10 пати од ножот шо го носел синчето. Е тоа е тој менталитет. Не се сите мажи ама скоро секоја девојка од најмлада возраст има лошо искуство со маж. Некој тука лаже ама кој.
Стварно. Зошто се етикетира, а не се резонира? Не се размислува за разликата. Разликата е во тоа што секоја мечка сака да те повреди или убие, но не секој маж или не секоја жена сака да те повреди или убие. Двајца хирурзи се однесуваа лошо и ради нив можев да умрам, но за среќа ме пратија кај третиот кој ми го спаси животот. Третиот цело време се грижеше за мене како да сум му фамилија. Дали поради лошите треба да ги ругам сите мажи доктори? Не. Третиот е доказ дека не се сите лоши. Друга животна опасност. Закани и напад од женска личност, роднина на блиски. Кој ја спречи? Маж полицаец. Тој е доказ дека не сите полицајци се мутави и незаинтересирани. А, женскиот пол совршен ли е? Не е. Не сме. Има и лоши жени кои повредуваат и убиваат. Имам чуено многу груби и навредувачки зборови од професорка. Дали треба да велам дека сите професорки се лоши? Не, бидејќи не се сите исти. Истото и од професор. Дали треба да велам дека сите професори се лоши? Не, бидејќи не се сите исти. Двава случаи направија со денови да не станувам од кревет. Да ме јаде анксот на најјако. Но, добрите направија да се чувствувам подобро. Не е во ред да се етикетираат целосно половите поради злодела на поединци.
Ајде кажи што не е во ред со споредбата? Едното е во ред, другото не е во ред? Не разбирам што е "гадно" во споредбава, двата чина се гнасни, психопатски.
Да, гнасни се подеднакво, ама неможеш да го споредуваш тоа пошо не е ист процентот на мајки шо убиваат деца и мажи шо силуваат. Жените не излегуваат навечер да бараат деца за да ги убијат.
На жртвата не и е важно. Девојчето што беше избодено од мајката преживеа мислам, го спасија. Да му речеме, шо дека, бе чупе, барем маж не те силуваше, лесно си помина, среќа имаш. Знаеш колку неспособни и психопати родители има и колку деца секој ден страдаат? Зависници мајки и татковци, што ги тепаат и тортура им прават секој ден... и тој процент е голем и тие деца се жртви. Се што е лошо на светов е лошо, се случува од страна на психопати, нормален човек не силува, ниту па си боди дете во грбот. Затоа споредбата си е во ред. Сум рекла и порано, ќе речам и пак, светот е опасно место за жал, може да ме прегази пијан шофер, да ме силува маж, да ме избоди наркоманка за 50 денари, пример. Мажи/жени, психопати..... Јас сум против лепење етикети, не сакам синот мој да биде перцепиран утре другиден како силувач, само оти е машко, а јас од мал сум го воспитувала, сум го растела да стане човек. Ќе дојде утре некоја, ќе му рече, ти маж си, автоматски не чиниш, гнасен си, слувач, поарно мечка да видев... и шо фајде за него оти станал здрав, прав, грижлив човек, кога ќе биде во ист кош со силувачот?
Генерализација за мажите е со цел да се заштитиме физички, дека се насилници. Генерализацијата за жените е дека еб*т и воедно ПАК е на штета на жените зошто се карактеризираат како "да си го бараат". Еве сами измерете кое е поштетно и зошто иди до генерализацијата.
А шо ќе кажиш за тоа шо се случува во војните м? Ете моментално и Израел и Палестина ем шо се бараат за злосторства ем се бараат и за силување. Кажи ми, знаеш ли вашите брача срби колку жени испосилуваа во тие војните? А од другата страна колку силуваа м? Или оти ни се брача па не се важи тоа. Шо мислиш за ова шо се случува во секоја проклета војна шо ќе излезе? Ама баш секоја? Маж шо до некни бил супер татко, денес силува 15 годишна палестинка оти му се укажало шанса, војна е. Или во војната нема правила?
Од кај мене браќа србите? Немам ништо српско во фамилија. Војни ко војни, гнасни... се убива, се силува, ужас... не знам што очекуваш да рече некој за војните, дека се убави? Тој што убил 50 души пред тоа не му го рачунаме дека е гнасно, ама силувањето!!! Гнасно е, лошо е, страшно, не знам што очекуваш да речам. Целта на војната е да убие и да понижи.
Не знам, пак ќе речам психопати. Тоа пак не ми го оспорува муабетот дека глупо е сите мажи да ги ставаш во ист кош. Оти па баба ми кажуваше дека војниците од спротивната страна скришно им давале храна во селото кај што била кога била мала. Ете имало и нормални... значи пак е на моето.
Ама пак има силувања во секоја војна така? Сите ќе се плашат и пазат. Молете се на Господ да не се растури ова општество во кое живееме, оти сите ќе трчате кај мечката да ја прашувате колку ќирија бара за пештерата во која живее, за да живеете и вие тамо. Оти Кољо од втори спрат и Перо од соседната зграда, ќе знаат дека веќе нема закон и ред, и ќе сакат да ве растурат.
Глупо е да, ама во светот преовладуваат лошите луѓе, од нив мнозинство мажи... И јас сакам да верувам дека секој носи добро во себе, ама животот ми го докажува спротивното. Добрите луѓе, па и мажи се реткост...
Колку мажи сретна денес/оваа недела/овој месец и колку од нив те нападнаа? Повеќето беа обични минувачи или напаѓачи, опасност? Сум имала и јас непријатни ситуации, знам дека има манијаци и знам дека треба да бидам внимателна но не и исплашена од сите мажи и сите да ги гледам ко силувачи и предатори само заради полот.
Луѓе куче ќе ги уапа, бубашваба гадна ќе им биде, цел живот ко од ѓаол ќе бегаат, жена рандом многубројни мажи сексуално ќе ја напаствуваат од факинг дете, тука психолошки профили ќе и праат, па уште и она крива е... Иам пишано еднаш на форумов, ќе пишам и пак, не ми е гајле која ќе се увреди... Ugly privilege.
Реков не сите, ама повеќето, да... Еве под услов да го снема редот и законот, колку од мажите би се однесувале нормално, кога би знаеле оти не одговараат пред закон? Во војна, пример?