Јас моментално сум примерен граѓанин на ова општество. Не крадам, не убивам, не силувам.... освен шо пушам цигари и иам тетоважи. Ама да се распадне оваа цивилизација, прво шо ќе напраам е ќе одам една банка и неколку златари ќе ограбам. Ма може и повеќе. Ете тоа ми е на ум. Така да, тоа шо некој не те нападнал и е "добар човек", не значи дека нема да го направи тоа ако му се укаже шанса да не одговара за истото.
Леле мори мајко мила, имало жени ненормални. Нормално дека има, никој не вели дека нема. Ај да видиме што вика статистката: На 98 секунди има некакво вознемирување на жена. 91% се жени, нападнати од мажи. 9% се мажи, нападнати од други мажи. Процентот на мажи нападнати од жени е помал од 1%. Една од две жени некогаш ќе претрпи некоја гадотија од маж, ама овде ќе се убедуваме дека не биле сите мажи исти. Не сите мажи се силувачи. Сите силувачи се мажи. Добро, не сите, 99%.
Епа дека кажа повеќето да, затоа прашав дали повеќето денес најнормално поминаа покрај тебе или ти направија нешто? Човек ако е ѓубре, и со закон и без закон е ѓубре. Ако не е ѓубре, и да нема закон, пак нема да прави некои работи. Нема врска, не коментирам повеќе оти веројатно и погрешно ќе бидам разбрана, ќе се извади од контекст нешто, ко и обично.
И ова се случува моментално во свет кај шо има некаков ред и закон. Замисли па да нема. Ама овие жени шо упорно тврдат дека мажите не се криви, или се многу наивни или всадено им е во глава дека по секоја цена треба да го бранат машкиот род.
Јас само едно ќе ве прашам, океј е, сум се родил каков што сум се родил, дали сега јас морам да ги носам туѓите гревови на плеќи затоа што сме од ист пол?
Тоа не значи дека некоја нема да се исплаши од тебе ако некоја вечер се погодите да одиш позади неа накај некаде. Или ако те сретне некоја во темна уличка. Наместо да викате и да се дерете дека не сте криви, треба да се запрашате зошто секоја жена се плаши од секој маж и како да се поправи тоа.
Сосем искрено прашав, и воопшто не беше за womp womp, ама океј е. Што можам јас како индивидуа да сменам? Ништо? Инаку не ми е проблем за вакви ситуации каде ризикот е релативно висок, сум научил да се влечам за да ги оставам да си идат па да можам на раат накај дома да терам, не е фрка тоа. Фрката е што секој контакт е станат на нож, особено со популаризацијата на мас-медиумите како Тик-Ток кај што кој се не ќе раскаже кој што не. Комшиките што живеат до мене, мое годиште, буквално година дена не ми викаа ни добар ден? Од страв ли, од бутур ли, дури скоро почнаа да викаат? Јас како будала година дена викам добар ден на индиферентни лица и погледи. Искрено скурац ми е више и мене, зошто јас секогаш да мора да сум културен, фин и нормален без никаков повратен одговор?
Ама шо да прај чоекот, да се убие? Ете не нападнал никогаш жена, примерен човек, нормален... што да се запраша? Шо е тој крив шо некој друг маж силувал? Стварно испаѓа ова ко грев имаат сите, оти други од нивниот пол праеле нешто што не треба.
А шо да прави девојката во темната уличка шо ќе се исплаши од него а? Да си вика Ај поарно да ме ебе отколку мечка да ме јаде оти на форумот фемина така викаат оти поарно било. Се додека мажите вриштат дека не биле криви а не си го стават прстот на главата и да кажат Што е оваа работа шо секоја жена се плаши, ништо нема да се промени, и баш тие таквите ко него се дел од проблемот.
Добро ај... @EmporioIvankov ај клај си го прстот на гла, не вришти.... заради тебе сме до кај што сме, ако не правиш ништо лошо, крив си, и ти си проблемот, да знајш!!! Е сега шо треба да направиш кога ќе го клајш прстот на гла, не знам, ама ете клај си го!!!
Тоа е убаво од твоја страна шо си свесен дека некоја девојка се плаши и шо се повлекуваш. Ама шо ти е со последнава реченица, зарем очекуваш ти аплауз од шо си бил нормален? Очекувате некој пофалби да ви дава за вашето bare minimum?
Човек ако е ѓубре, со законот му се поставуваат граници, му се воведува ред што смее, а што не смее да прави.... Така да не би се однесувал баш исто ако живее во услови на војна и во нормални услови.
Според твојава теза значи машките членови од твојата фамилија, во услови на војна и анархија, би силувале?
А ти мислиш оти се наши и нема да силуваат? Дај му на човек моќ и да не одговара за ништо, и ќе го видиш каков е.
Да...пошто си на улица, опкружена со луѓе. Да си сама во шума, без други сведоци не знам баш дали ќе бидеш сигурна. Дури и еден од нив да е предатор, that's one too many. Да е ситуацијата како што е прашањето, од колку пати сама ноќе во шума си имала непријатно искуство со мажи, не сум баш сигурна во бројката дека ќе е 0. Па еве, наместо енергијата што ја потроши за да ни кажеш дека не си ко другите, можеше да ја потрошиш за да пишеш дека вистина голем дел од мажите се предатори и дека разбираш зошто некои жени се плашат. Него, секогаш, или речиси секогаш сте bystanders, со реторика дека не сте криви, место да покажете емпатија и разбирање. Убаво ти кажаа, за бидување нормален е најминимално нешто што може да го направите.
Брат очекувам човечки однос, очекувам bare minimum назад, затоа што bare minimum е единственото нешто што можеш да го добиеш од мене кога не те знам, не те познавам, и не ми ни праиш муабет. Што повеќе од минимумот кога сум дух? Не? Барем не во класичната смисла на тоа, ама дури и на тоа не му бегаш затоа што секогаш има некој таков, и џабе е да се објаснуваш, затоа што нема објаснување, еве ќе ти кажам имав другар што беше од тој тип и милион пати сме се објаснувале зошто е глупо да ги праи тие муабети у јавност, па и општо со нас, ама пријателот тоа му беше единствен тип на себе-валидација, затоа пише имав а не имам другар. Океј е Кате, има одреден дел од мажите кои се предатори, разбирам зошто жените се плашат. И никогаш не сум бил bystander, ама глупаво би било сега да седнам и да ти објаснувам што и како сум правел. Јас не барам да не се плашите, јас барам да не ме гледате како животиња, кога не сум дал ни повод ни причина за тоа. Во ред, разбирам дека секогаш нема секој да може да прејде преку тоа, но со антагонизмов што се реализира преку медиуми, секоја година е се полошо.
Многу е глупо да очекуваш некој да те награде чим си направил добро дело. Значи ти добри дела праиш само за да бидеш награден? Девојчето шо ќе се исплаши од тебе во уличката, некој ден ќе ја застанеш и ќе и бараш да ти каже фала оти си испаднал добар човек и не си ја силувал?