Па точно од тие ќе се регрутира дел кој ќе мисли дека тоа што го зборел, може и да си го оствари ако не па...
Ова е тој тип на антагонизам што го зборувам, не зборевме за тоа дали добар ден е добро дело, не е, зборевме за тоа како ги третираш другите околу тебе и како те третираат тебе назад. Не не очекувам да бидам награден, очекувам добар ден назад, не за друго, туку затоа што така се гради однос во општествена заедница во случајов, зграда. Глупаво е да се правиме странци со првите комшии, затоа што утре што и да треба, нема да дојде дедо мраз од коњари, туку тука сме ние. Не знам што толку ти засмета тоа што мене ми смета што новите комшики ме третираат ко дух, ама океј е.
Новите комшики? Тебе криво ти е шо не ти зборат оти сакаш да им се упикаш или шо? Те фаќа љубомора? Да се плашеа од тебе а ти тоа да го знаеш, немаше тука да седиш и да викаш колку ти сметало тоа туку ќе одиш ќе им кажеш, здраво комши вака и вака, нема потреба да се плашите од мене, дрн дрн.... Ама тебе очигледно друга ти е маката...
Новите комшики, затоа што роден сум во зградава и ги знам сите од први до 9-ти, и не само што ги знам туку тука сум бил за сите и да им помогнам кога требало и да завршам некоја работа за зградата кога требало, затоа што така се гради здрава и нормална заедница на живеење. Затоа што и мене кога ми требало помош тука биле комшиите. Затоа што така мислам дека треба да живееме, како луѓе во крупна заедница, а не како странци кои делат влез. А мене не ми е јасно зошто мислиш дека ме фаќа љубомора или слично, не е тоа, не знам зошто очекуваш некои задни мотиви од мене? А второ муабетов да се пушти не се плашете од мене, дрн дрн, не држи вода пошто е тотално муабет шо психо би ти го пуштил.
Комшии секогаш имало и добри и лоши, некои зборат некои не. Ама ти пишеш дека си видно вознемирен оти не ти кажувале здраво, те цитирам, новите две комшики шо биле твоја генерација. Дали ќе беше толку вознемирен некој нов комшија од 50години ако не ти кажеше здраво? И зошто уопште ги спомна новите комшики на твое годиште во оваа тема?
Зошто на тема за потенцијалната опасност што ја има машкиот пол се дискутира за тоа дека комшивките те неќат?
Затоа што го спомнав како пример а другарка ти Адидас, го отвори ко муабет. Пробував да потенцирам дека ставање во кошница на цел пол е екстремно и прави антагонизација меѓу половите, со што се влошуваат веќе климавите односи, но во ред. Не знам зошто воопшто дискутираме, кога вие имате одлучено по прашањето и не верувам дека било што и да кажам ќе смени дел од вашето мислење.
Ти како мајка. Мислам дека имаше и син. На што вредности ќе го учиш детето? Дека не смее да силува само ако е никој и ништо? Или без разлика на законите, ќе го учиш да биде човек пред се? Јас не сум способна да наштетам на некој, во било какви услови. И денешните мажи не се сите деца на психопати. Што си со маж ти ако сметаш дека е способен да силува? Јас не би била со таков човек.
И јас не сум крадец ама да ми се укаже шанса да ограбам банка и златара без да бидам фатена, ќе ограбам без око да ми трепне. Е затоа.
Последен пат ги зборам комшиките, ги дадов како пример за тоа колку е антагонизирана помладата генерација наспроти постарата, дополнително постарите комшии не покажале страв кон мене, па ни комшиките, затоа што сум пред се нормален човек. Единствени се моите комшики, што покажале вакво однесување, комбинација на страв и апатија. И не викам дека не е океј, ама првите 2-3-5-10 пати ајде и ќе проголтам, нема смисла да ме третира некој како подоле од гомно само затоа што сум се родил како маж. Тоа кажува многу повеќе за тебе и твоите морални вредности, него општо за општеството, значи да немаше закони ти ќе праеше што ти ќефне, без осет за другите? Фино.
А ти текнало ли дека може едноставно не сакаат со секој на здраво да бидат? И тебе толку многу те иритира ова, мислиш дека те потценуваат.... Така и силувачите размислуваат, се нервираат од некоја шо здраво не им кажува и ајде да и го покажат местото. Не викам и ти дека си таков ама сличен мајндсет имате.
Јаа ти кажувам мене општеството момемтално како ме гледа и јас внатрешно во себе како размислувам. Значи сите шо си мислат дека Петко оти цел живот бил семеен човек и на мравка нема згазено, оти пак ќе си биде таков ако му се укаже шанса за моќ, гадно се лажат.
Споредуваш ограбување на банка со убиство и силување? Би убила или би силувала да знаеш дека нема да бидеш фатена? Знам дека знаеш, затоа и те прашувам. Дали се психопати и социопати? Попрво да молчиш и да кажеш дека се, иако не сметаш дека се, само за да докажеш дека попрво би избрала мечка него непознат маж. Тоа е, не знам како да ти кажам, ама тажно.
Скроз е сличен мајндсетот. Зошто се осеќа толку entitled да му кажат добар ден? Као, ако се некултурни, некултурни се, пушти ги.
Кој оди сам во шума? Или во ситуацијава конкретно, која жена оди сама во шума? Друштво секогаш може да те одбрани од некој манијак, а и не би се ни осмелил некој да нападне ако жената не е сама. Не се чувствувам безбедно сама да одам во шума и тоа не е поради манијаци туку поради животни на кои можам да налетам. Е сега, не во шума, ама по улици имам сама одено за дома. Дали сум имала среќа што не сум налетала на манијак или мажите што ме одминале не биле со такви намери... нешто од тие двете е. Или и двете. Многу зависи од самото општество и опркужување кој колку се чувствува безбедно. Еве покрај мигранти и гета, на пример, не би ми било сеедно. Ама овде кај што сум моментално, ете не се плашам да налетам на маж. Или еве ќе речам можеби на момент ќе се запрашам дали нешто може да се случи, можеби на момент ќе почувствувам малку страв, ама не дека ако го видам одма ќе помислам дека е манијак и дека ќе ми направи нешто. А тој само оди некаде и ич не ме ни перцепира. Значи, да, има многу манијаци низ светов и свесни сме за тоа, има многу мажи што силувале, следеле и демнеле жени, нападнале, убиле жени... и тоа секако е за осуда ама за тие мажи, не за сите мажи.
Океј, нека не бидат. Простено им е што се некултурни исто ко тебе. А вториов дел со твоиве реторики, ти си само гнаса од човек, мислам дека тоа веќе го знаеш, би те советувал да си побараш психолошка помош, оти не ти е арно.
Не би убила и не би силувала ама би ограбила. Оти тоа е тоа јас шо сакам, пари и злато. Е сеа замисли, како им е на оние загорени по пичка. И не споредувам, мене муабетот ми е дека незнаете шо може да лежи во некој човек.