Бараш од жените да не се плашат од мажи ради реални причини за ти да не се почувствуваш лошо?? Сам процени дали е self absorbed
Ќе побегнам или скријам и од двајцата, ако можам Кога ќе размислам животните се плашат од луѓето, попрво мечката ќе се оддалечи од мене Патем, на Водно нема мечки
Не знам ни јас зошто си дошол на форум да дискутираш ако не ти се дискутира. Многу лесно можеш да не дискутираш, ама еве, веќе неколку страници ми праиш мејнсплејнинг како си добар дечко ти а комшивките ти се арогантни кокошки што муабет не ти праат. Ти посочив што е проблемот и пак не видов емпатија кај тебе за женскиот пол и осуда за психото што силувал ментално растроено лице и го закачил на јутјуб. Повторно, најголемиот страв ви е тоа. Да не ве помислат дека сте "исти". Ај сеа препрочитај погоре што ни е нас најголем страв.
Леле дај ти се молам. Сакаш да кажеш дека при нормална рекреација на Водно бегаш од сите мажи позади грмушки? Темава веќе траги комедија станува.
Нема да бегам, ама ќе бидам претпазлива... Најризично е ако јас сум сама, а и тој, мажот.... И плус темно е... Сум се нашла во ваква ситуација и воопшто не ми било пријатно.
И ти ќе го видеш позади грмушката, ќе си претпоставиш оти сере и ќе поминеш без никаков проблем? Алал ти вера Арабелке, од се шо прочитав од тебе, се си мислам дека ти едвај чекаш да ти срипа некој од грмушка. А вие мажи, пазете на кој ќе рипнете, оти со такви женски ко нашава Арабела, не се знае накрај кој ќе биде ебан а кој тепан.
Ама што е дискусијата, ти и Адидас само напаѓате, ме етикетиравте више ко потенцијален силувач, тоа е вашата дискусија? Јас ти одговорив дека го разбирам проблемот, затоа што мене мажи во повеќе прилики ме имаат нападнато како дете, ама еве веќе кога сте желни да ви зборувам, ќе ви кажам и детали, ич не ми е гајле дали ќе ме дознаете и кој сум. Јас на 10 години се враќам дома, накај 9 саат навечер, бев да прошетам околу згради, не знам шо барав, и двајца батковци притрчаа накај зграда, и нормално им придржав врата да им отворам, пошто мислев дека некаде идат на гости. И ги прашувам кај идете, ми измислија некои комшии, и им викам убаво да си поминете, ама дур тоа го збориме, едниот ме зачука у ќошот кај лифтот со ножето у рака (релативно мал нож, приправен) и ми рече дека ако не испразнам се што имам во мене, дека ќе ме испосечат на парчиња, јас за несреќа немав пари ама го имав клучот од дома, а дома моите беа тазе легнати да дремнат. Тогаш им дадов се, ама успеав да стапнам на клучот, и за жива среќа не го видоа, да го видеа не знам ни што ќе беше со нас денес. Од кога стигнав дома, мајка ми викна полиција, ми зедоа изјава и ми дадоа два дијазепама затоа што првите 2 саати се тресев у место. И од тогаш сум на дијазепами. Наредниот месец не излегов од дома од страв. Ете ти ја мојата прича за тоа што ми направиле мене двајца мажи, секој збор е чиста вистина. Океј е, мислиш дека те разбирам сега повеќе? Ги имам проживеано работиве, и тоа не еднаш, туку неколку пати вака ме имаат нападнато мажи. Најверојатно затоа што бев лековерно дете без осет за лошо. Го разбирам многу добро стравот. Ама ниту една моја постапка ниту збор не биле во таков контекст, таква смисла и со таков тон, за мене некој да ме стави во ист кош со мажите што ме малтретирале. Едноставно ме боли бе, ме боли што ме гледа било кој со тие очи затоа што тоа не сум јас. Еве да не биде напразно пишанкава, кажи ми како да не ме перцепираат луѓето како лош човек? Што треба да направам? Како да се однесувам?
Еден ме бркаше, ме манијачеше морбидно, а најлошото, сосема друг и ме нападна... Задоволна? Ете зошто никогаш не би избрала непознат маж во шума. @ArabellaStarfall
Ама стварно се оди во крајност. Сите сме свесни дека постојат секакви луѓе на планетава и не секој мисли добро. Ама не секој и мисли лошо. Зошто ме тераш да размислувам дека секој маж што ќе помине покрај мене ќе ме силува? Која е поентата? Да живеам во страв. Да седам дома и никогаш да не излезам? Ти излегуваш од дома и зошто, ако сметаш дека сите мажи со кои се среќаваш во секојдневието ќе те силуваат?
Ти немора да мислиш така ако не сакаш, оди ако сакаш влези во грмушката и серете заедно. Ама да не правиш нас мрднати шо повеќе ги сакаме мечките не е во ред.