Многу ми е жал што тоа ти се случило. Посебно што си бил дете, посебно што можело многу трагично да заврши. Ама нема да те убедувам дека не сите крадци се исти, дека има некои само онака ситно нешо крадат. Или да ти кажувам дека нема потреба да се плашиш од крадци, пошто нели мечките се пострашни. А да, кај женско додади дека може плус дополнителни работи да и направат, а не само да ја ограбат.
Знам дека ти одговара. Затоа што и самата знаеш дека преувеличуваш. Да беше онака како што пишуваш, навистина немаше од дома да излегуваш, ниту да имаш контакт со машки пол. А имаш и излегуваш. Значи не е дека мечката би ја избрала, бираш да трескаш зелени дека секој маж може да те силува.
Кате, сето тоа ми е јасно, се Ве разбирам. Само мразам кога сум во ист кош со тие луѓе, а не знам како да излезам од него, не знам едноставно клеточно не можам да поднесам некој да мисли нешто такво за мене. И не знам како да се справам со тоа. Особено па со развојот на оние manosphere подкастите што излегоа ви минативе 3-4 години, тоа колку се оддалечени мажите и жените е нешто вонсериски. Не знам како да излезам од тој кош? Не знам што да правам? Ако имаш некоја идеја пиши.
Ова. Плус ќе додам, од генерализацијата за сите мажи има само повредени чувства. Ако ја нема генерализацијата можи да кошта (женски) животи. Буквално нема шо друго на темава сем ова.
Должините што ги одите за да ги убедите жените што се плашат од мажи се неверојатни. Не разбирам што ве чини вас ако некој се осеќа несигурно и е претпазлив? Тоа е нивен товар, не ваш. Нивна траума со која се борат, не ваша. Не се осеќаат така од инает. Абе уживајте дур немате причина за страв, веќе ако немате разбирање.
Не можеш цел свет да убедуваш, ниту да форсираш некој да се однесува така како што ти си замислил. Никој од нас не сака другите да имаат грешно мислење за нас, искривена перцепција. Но тоа е надвор од нашата контрола, секој светот го гледа преку свои искуства, стравови, комплекси, потреби, желби, итн. Она што можеш да направиш е да бидеш човек со позитивни принципи, ум, дух и општо однесување. Ако некој не го прифаќа тоа - нивна одлука, нивно право, нивен живот. Евентуално нивна загуба. Нема љутиш. Ако некој не сака ни добар ден да ти вика, остај ги, така сакаат, така нека праат. Не се должни ако не сакаат, но не си ни ти должен да продолжиш да се трудиш. Остај ги. Ете тоа можеш да направиш.
Абе добро јас зборам, канти тропаат. Нема само повредени чувства, туку има и екстремизирање на мажите и на жените, жените се поуплашени одошто треба, а мажите со повредени чувства, дел си тераат со животот ама дел запаѓаат во водите на ред-пилл и другите manosphere идеологии, со што на крајот повторно не штетат само на жените туку на целокупното општество. Не е ова прва дебата од овој тип, и со секоја наредна male-only и female-only местата ќе добиваат на популарност а со тоа некои одредени ликови како Андруш Тејт, ќе си остваруваат и финансиски ќар, на сметка на здравјето на цело општествено ткиво. Па последица на Андруш, знаеме што е, имаме денес деца од 13-14 години што зборат многу мизогини работи, замисли што ќе праат тие на 18. Фала ти на одговоров, во право си, ќе гледам да си го повторувам почесто.
Ќе има екстремизирање ако не сфатите дека меѓу вас има какви шо има и зато сме претпазливи. Сите тука сме свесни дека не сте исти. Ама ко ќе се плашиме не ни треба некој да не разубеди дека не треба. Ни треба да не разбери. И се сем то прајте. Така да ако некоја се плаши од тој зад неа и вие велите: "ама можи не е таков" неа живот можи да ја кошта, а него ако не е таков - само да се навреди.
Многу убаво објаснето. Еве ко оваа погоре, шо мисли дека знае сите луѓе како размислуваат и оти секој маж позади грмушка сере. Ама не, ние сме параноични и будали.
Каде има мерило колку смеат жените да се уплашени? По кој принцип ти одлучуваш дали жените треба да се плашат или не? До некаде ќе речам ај разбирам зошто маж не разбира за проблемиве со кои се соочуваат жените, ама жена на жена да форсира наратив дека сме делулу и ненормални ако сме претпазливи од непознати мажи е стварно се претера
Сврти страна назад и прочитај што и одговорив на Кате, па ако имаш уште нешто да ми додадеш, врати се.
А буквално линкот е тоа, силување на психички болно лице и објава на тоа на јутјуб. Место да вриштат од лутина и бес, овде не убедуваат дека мажите зад грмушки сереле, небаре малоумни сме ние. @EmporioIvankov , кога си кажал ти за ова, луѓето те сожалиле и ти поверувале. И барале да се казни виновникот. Женско да е нападнато во улаз знаеш кои се коментарите? А што носела? А што барала сама во улаз? А зошто ги испровоцирала? А што не ги удрила? А што не викнала за помош? Ги знам јас крадците, арни луѓе се, не би направиле такво нешто. А што, ради една кражба цел живот да им се уништи? Па може сама си го барала да ја нападнат. И многу, многу други вакви коментари. Којзнае и дали ќе и поверуваат. А да, ќе дојдат жени тука и ќе ни кажуваат како не сите крадци...
Добро. Темата е да се покаже солидарност и емпатија спрема жените жртви на манијаци и силувачи и да бидеме свесни за нивното постоење и закана, така? Епа, лошо е поставена темава и самово прашање, хипотетички ситуации и бирај тоа или тоа не е начин за докажување ваква поента каква што е цел да се докаже. Одговориве одат во екстреми. Добро пиша @Munchmallow20 поназад, едно трауматично искуство се минимизира за да се истакне поголема важност на друго. Притоа со - Ама не разбираш, не е темата за тоа. Епа погрешно е поставена темата и прашањето, не е во ред. Ајде тоа, еве ако збориме за жените жртви, непријатни искуства со мажи сме имале сите. На иста страна сме. Разликата е во тоа што, на крајов, се' се сведува само на два типа жени што коментираат: ние кои не се плашиме од мажите околу нас, ги гледаме како различни индивидуи, а не генерално како цел еден пол со лош нарав и потенцијални силувачи и жени што на машкиот пол гледаат само како силувачи, одвратни манијачишта и прикриени, подмукли манијаци. Навистина не е фер да се обвинува баш секој за нешто што не (би) го направил, без разлика еве дали е маж, жена, дете. Притоа, внимателност и претпазливост е едно, а со сигурност да велиш дека ако е маж мора да е и закана, е друго.
Во животов ме имаат малтретирано нешто близу до 35 луѓе, бев малку аутистично дете и не можев да враќам со насилство, имам сериозни повреди претрпено, дел до ден денес имаат ефект врз мене и моето физичко здравје, имам делови од телото со трајно задебелени ткива и имам лузни на главата. Знаеш како машко дете кога те малтретираат, сите психолози и социјални работници кај мене во школо не миреа, за да има мир у куќа, ама никогаш не ги казнија децава што ме малтретираа. Од обично тепање, до фрлање на мене и моите работи у чучавците, до тепање надвор од училиште, до групно малтретирање па дури и во присуство на наставник. Едно од децата што ме малтретираше и беше син на учителката па никогаш ништо немаше за казна... Моите дома мислеа дека ќе станам посилен, ако ги пребродам работиве, ама реалноста е дека јас сум ко шампита. Понатаму во животот имаше и возрасни кои ме малтретираа, ама и тие никогаш немав прилика да ги изведам пред правдата. Знаеш, пак ве разбирам, затоа што мене исто ми мачкаа очи од типот на “вие сте другарчиња, смирете се“ и мораш да се мириш со лик што те измавал како да си вреќа...Само немој да мислиш дека сум маж и дека на сите им е гајле за мене...на никого за никого не му е гајле. И искрено, уморен сум од дебатава, во право сте за многу работи, и многу ми е криво што мора да генерализирате, се надевам дека работите ќе тргнат на подобро. Поздрав.
Не мораше да пишуваш толку лични работи. Што фајде, нема да смени нечие мислење... Туку, сега видов, линкот поназад, било лажна вест. Ритко јутуберот објавил нешто и го обвиниле, но не било тоа никакво злоставување... Немам поим, само такви коментари прочитав... Што е подеднакво лошо, со такво нешто да правиш зафрканција...
Ауу, Ритко ли? Па тој заради тоа побегна тука во Германија, , а и јавно си кажуваше дека избегал оти имал проблеми со законот.
Истите должини се прават за да се окарактеризираат сите мажи како предатори. Тоа што членките имале лошо искуство, имале со поединци, не сите мажи кои секојдневно ги среќаваат. Затоа што во тој колектив спаѓаат и нашиот родител, брат, братучед, сопруг. Се отиде до таа должина да не сакаш да негираш дека машкиот пол од сопствената фамилија имаат психопатски елементи, само за да докажеш тик ток поента. Се отиде и до таа должина, да се запрашаш и каква страна имаат жените, како другата членка, која радо при немање на закони би извршила криминал. Факт е дека постојат темни битија. Јас не омаловажувам никакво горко искуство, како што и ми беше наметнатно, затоа што веќе не се знае што да се одговори, пак ради таа тик ток поента. Но, уште поголем факт е дека било каде, шума, улица, маркет, шансите некој маж да си брка работа и да не го интересираш ни малце се огромни. Како што не сакаме ние жените да ни се лепат етикети врз база на поединки, така не е во ред да наречеш маж предатор, само затоа што е маж. И смешно е да се напаѓа членот за нешто банално како очекување на поздрав да се врати со поздрав. Да, култура е во прашање. Особено ако ти се комшии. Тука сите се поздравуваме на улица, а нит ги знам нит ги познавам. Старо, младо, маж, жена вика здраво. И во шума да ти рече некој здраво, се враќа со здраво, не е дека сака во сукња да ти рипне, туку е традиција во природа да се поздравуваш.