Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вирално прашање: Мечка или непознат маж во шума?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 7 мај 2024.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Прво што ми делува дека не сфаќаш е дека вели дека секој маж за неа како жена е ПОТЕНЦИЈАЛЕН предатор. Бидејќи не ги познава сите мажи, од своја лична причина се поставува кон непознатите мажи како дека можеби би ја повредиле. Не ја познаваме, не знаеме зошто така мисли. Дали тоа е валидна причина да и' кажеш немој така, не ти чини? Дали зошто ти можеби го немаш истото искуство, а со тоа и истото мислење, ти е доволно за да и' кажеш дека грешно размислува и се осеќа? Всушност, што тебе ти менува што она така размислува и се осеќа? Што тебе те погаѓа лично? Можеби зошто автоматски ги става во ист кош твојот родител, брат, братучед, сопруг?

    Едит: тоа за поздравувањето, пак ќе кажам, ако нејќат, не мораат. Може не е страв во прашање конкретно за случајов, може е само прашање на некултура. И што?
     
    На Nausicaa, Asparagus, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  2. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    11.991
    Пол:
    Женски
    Ама баш. Испаѓа ко да треба да ги наградат оние што се нормални, за да останат такви. Ко да им треба валидација дека се nice guys.
     
    На Nausicaa, Srckata28, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    6.077
    Пол:
    Женски
    Зошто би бодрела нечив страв и негативно искуство да го проектира понатака во животот? Да го разбереш и толкуваш како туѓо лошо искуство да, но да го охрабриш стравот да ја конзумира, не. Што резултат ќе имаш кај жртвата? Сметам дека е токсично да се наметне изолирање и конзумирање на стравот. Секогаш и терапијата се заснова на себесоочувањe со настанот и експонирање. Но, никогаш, повлекување во себе. Во ред е да си кажеме дека мажите се предатори и да седиме дома затворени, затоа што можеби некој некаде не ни мисли добро? Што цел ќе постигнеме, ако тука напишеме дека е во ред да се плашиме? Не е во ред, никогаш не ни било.

    И што? И ништо. Прочитај како беше нападнат членот кој самиот бил жртва, за нешто толку банално, како очекување на здраво од комшии. Не сме биле должни да се поздравиме. Хајскул драма. Дволично е. Зборувате за жртви и оправдан страв, а на неговото се враќа со сарказам и потсмев. Или сочуствуваш со сите или немаш чувства за никој.
     
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Апсолутно не ја бодрам. Само затоа што ја сфаќам, не значи дека ја охрабрувам да живее во страв. Како што кажав во друго мислење, тоа е нејзин товар. Она знае како се носи со него. Ама глупо е ја да и' кажувам дека е луда што го има тој товар.

    Во најмала рака, јас како жена ја разбирам неа како жена од проста причина: анатомија. Жените имаат вагина, мажите имаат пенис. Што може жената да направи со нејзината вагина, а што може мажот со неговиот пенис?
    Како жена, и мене ми е страв кога сама се разминувам во темен предел со маж. И да нема маж на повидок, сум шетала со клуч во рака (за самоодбрана) и сум си повторувала во себе "само да не ми излезе некој" (маж), и сум била на штрек до последниот чекор до дома. Од таа проста причина, жена сум и ако маж се реши да ме нападне, премали се шансите да се одбранам. Не мора да е ни траума во прашање, може е инстинкт.

    Па да, не сме должни - as in никој, ни жени, ни мажи - да се поздравуваме ако не сакаме. Тоа непоздравување членот го поврза дека било затоа што он е маж, а они жени. А можеби причината е само некултура. А и да е причината зошто е маж, не им ја знаеш историјата и зошто баш така се однесуваат. Не те разбирам зошто е дволично. Секој има право да си постави boundaries, а останатите треба да ги почитуваат. Според мене размазено е да сметаш дека секој треба да те поздравува, да сака да има контакт или било каков однос со тебе. Оттука е таа доза на сарказам, бидејќи чудно е да се вознемируваш зошто новите комшии не те поздравуваат. ¯\_(ツ)_/¯
     
    На Nausicaa, Lianna Anna, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  6. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Тој еден коментар кој се влече 10 страни е затоа што беше ставен како пример, да се вратиме назад ќе видите дека е една реченица, и ништо повеќе, ама Адидас се фати ко пијана за стап па почна да пишува глупости, и јас што да правам, да седнам и да речам океј нека пишуваат шо сакаат за мене?

    Добро еве, јас сум самобендисано копиле што мисли дека така функционирал светот, во ред признавам, самобендисан сум, дали таа една врлина е доволна за некој да ми пише тука на јавен форум дека сум потенцијален силувач? Па уште 3-4 членки само да се надоврзат без да прочитаат што сум напишал? Мислите ли дека таква етикета е фер, за тоа што само сум се навредил кога некој не ми рекол добар ден?

    А едната реченица не беше ни поентата на постот, туку беше тоа дека се создава вештачка антагонизација меѓу половите и дека таа не е водена од некои чисти интереси, туку од неколку ликови што заработуваат од таа екстремизирана популација. И дека треба да одиме против тоа затоа што како што тргнало општеството ќе ни се распадне. Како бе никој не се фати за мојот коментар за Андруш Тејт и неговиот негативен ефект врз младите момчиња? Ама не таму нема место да се направи кавга.
     
  7. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    11.991
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто се напнуваш за тоа што не те поздравиле. Океј, си се навредил, не дека не е валидно, ама на крајот на денот тоа е само нивна некултура. Мислиш до сега на никој не му се случило да биде избегнат и непоздравен? Ама некултура е во прашање и ништо подлабоко.
     
    На Srckata28 и st-el им се допаѓа ова.
  8. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Пиши го лош пример, а искрено да ти кажам, не знам зошто толку ме погодува, не сакам некој што сме врата до врата да ме гледа накриво, затоа што ништо лошо не сум направил. Ваљда е некој мој багаж кој го носам со себе.
     
  9. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    11.991
    Пол:
    Женски
    Ама се е тоа валидно, само не е вредно заради комшии што утре може и да се преселат или ти да се преселиш, и очи веќе да не им видиш.
     
    На EmporioIvankov му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Сериозно навреден си ради ова? И те погодува? Абе, комшиите сад ги видиш, сад ги не видиш, е такви се.
    И само тебе зар вака ти се понашаат мислиш? Значи со сите се фини и мили, со тебе дрски и арогантни или?
    Па ќе се преиспитуваш дали до тебе е. Ако знаеш дека си у право и скроз коректен, батали. Денес таквите комшии се секојдневие за жал. Нит муабети има, нит тука се да ти искочат у пресрет ко порано што имало, ништо од тоа. Од куртоазија ништо не ги кошта нив едно здраво да ти речат но ете, може се дивјаци некои, намќори, ладни типови. Нивен проблем, а не твој е тоа.
    Леле бе, да се замарам за комшиите.. гони ги таму.

    И ич не е поврзано со темава ова твоево. Не верувам ради тоа шо си маж па затоа се понашаат вака. Ако е ради тоа, тогаш неам коментар. Под претпоставка нели се у ред да е со твојот однос, кој верувам дека е коректен, ненаметлив и сл.

    А темава иако валидна е на некој начин, и има поента, сепак ја би рекла дека споредбата е глупа и не би дискутирала понатака ништо. Пошо све од контекст се вади ко обично.
     
    На Dentina и st-el им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Работата е исто како да каже некој "луѓето се глупави", и ти бидејќи си човек да рипаш и да викаш "зошто ме нарекуваш глупав?".

    Потенцијален си од причините што ги набројав: анатомија и искуство. Тоа не значи дека си.
    Пример: жена си, во темна уличка налетуваш на машки профил, не гледаш кој е, ама гледаш дека е маж и поради тоа те фаќа страв. Се доближувате и одеднаш го препознаваш - пример, тоа е брат ти или некој добар пријател. И веќе не ти е страв.
    Кога бил само маж, бил потенцијален. Кога тој маж е одредена личност, повеќе не е потенцијален. Се надевам ја сфаќаш поентата.

    За ова си во право. Треба колективно како човештво да се стремиме кон подобрување и воспоставување нормален, цивилизиран и пријателски однос. За да ни биде животот убав на сите. А тоа ќе се случи кога статистиките нема да бидат такви какви што се. Кога помалку и ultimately ниту еден од мажите ќе престанат да напаѓаат луѓе. Секако истово важи и за жените, но намерно зборувам за мажите поради статистиката. Едноставно таква е каква што е, процентите се тие, не измислуваме нешто само за да докажеме некаква поента или дека сме мажомразачи.
     
    На Lianna Anna, Nausicaa, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Затоа што тоа е подлабока тема и не е битна, звучи како тема на Питерсон а он не е доволно лев, и сигурно не е витална тема, на која се одговара со јес/ноу. Ај отвори тема на темата, ете мене ме занима кој и како заработува од поларизација меѓу половите ако ништо друго.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Не ова не беше мажите се потенцијални силувачи, ова беше ти си потенцијален силувач затоа што очекуваш некој добар ден да ти рече, јас разбирам што се генерализации, да не се секирате.
    Инаку да искоментирам и за статистиките, статистиките никој не вели дека не се точни, но мора и нив да ги земеме со доза на трезвеност, колкава е статистичката група, кои методи се користеле, кои биле прашањата, дефинирање на што се подразбира под термините. Затоа што денес има групи на индивидуи што и забегуваат со дефинициите, па имаме и разводнување на што и како се смета за напад или агресија.
    Инаку што се однесува до нападите како напади, јас секако и како жртва и како совесен човек се залагам да се постапува по нив, јас со моите ставови и во јавност и на медиуми сум тој. Јас сум имал конфронтации со мажи и во јавност, и на социјални медиуми, и дирекнти конфронтации во пораки.

    Мене ми е јасно колку лоши можат да бидат мажите, ама ако пробуваме тоа да го смениме, мораме да почнеме од младите генерации со тоа што нема да им ги ставаме на товар гревовите на нивните татковци. Затоа што од тоа ставање на туѓи гревови на твој грб, многу луѓе се радикализираа и влегоа во тие manosphere идеологии.
    Еј добра идеја, баш ќе напишам еден пост на долго и широко.
    Абе моја претпоставка е затоа што сум маж, пошто кога сум бил во друштво на други жени/тетки или дедовци, биле сосем океј, ама вака коа сум сам, ме гледаа попреку. Сега од кога веќе еднаш им требав и им помогнав, сме сосем океј, им требаа клучеви од вратите доле, да направат дупликати, а ретко кој ги има сите. Ама првата година беше поглед ко да ќе ги јадеш живи.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Епа ондак шо се замараш чим сте ок сеа? Било поминало.

    Што знам, не била у ред реакцијата нивна ако баш такви погледи ти упатувале. У ред е, не те познавале, не може блискост и опуштеност да очекуваш одма, дури од некои и никад нема да дочекаш, пошто така одлучиле, и не е за лутење, ама предрасуди па не е ок да се има, а не те познаваат.
     
    На st-el и EmporioIvankov им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Ти кажа твој личен пример, и поимот "потенцијален силувач" за тебе стана лично ти, бидејќи ти објаснија дека си потенцијален затоа што не те познаваат новите комшики.
    Ете, те запознале и велиш сега имате океј однос. Но првичниот ладен пристап и избегавање што го имале било со причина лична за нив, не лична за тебе, они си знаат која.

    Човек, за какви гревови на татковците зборуваш? Кога млади девојки постојано доживуваат секакви срања од разни мажи од разни генерации.
    Па тие комшиите што ги спомињаш може се отселиле од место кај што баш комшијата им правел срања, па сеа тебе одма треба да ти веруваат дека си океј човек затоа што викаш добар ден и се трудиш да воспоставиш врска?
     
  16. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Океј муабетот беше во смисла на помладите генерации кои се уште по основните и средните училишта, голем дел од нив се пронаоѓаат во целиот тој наратив, и затоа имате тоа што имате, деца кои религиозно го следат Андруш Тејт. Не е ова некоја нова информација.
    На крај у краева не зборам за себе, за мене ми е криво што перцепцијата секогаш ќе остане таква, зборам за помладите генерации кои се пронаоѓаат во таа група “мажи“ иако ние уште ги перцепираме како деца.

    Затоа што факт е дека Андруш Тејт, зема огромен замав кај таа публика, со наративот дека сме ние против вие, дека матриксот или левичарското лоби го мести, а уствари он е само обичен трговец со бело робје.

    И не е само Андруш, дузина други се тука во игра, сите профитираат од таа поделба. Ова е заеднички проблем, како ќе го решаваме поделено?
     
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Ќе го решаваме така што луѓето треба да престанат да прават сексуални напади, злоставувања и вознемирувања во разно разни форми.
    Ваљда преку квалитетно воспитување и посветување на децата, па образување и едуцирање. И преку посериозен систем на воведување ред и закон, посериозни казни и поквалитетно затворско реформирање.
    Кога ќе се деси тоа? Можеби никад, можеби е утопија.
    А можеби некогаш во далечна иднина, бидејќи како вид сме сè уште примитивни.
     
    На Nausicaa, Mrs. right, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    @EmporioIvankov отвори две нови теми, една за антагонизмот, друга за кажувањето ,,добар ден,,:D.
    Оваа ја изеде мечката.

    На темата ,,добар ден,,. Ако те свиѓам, ќе ти кажам добар ден, ако не -ништо. Не мора да е толку длабоко. Башка тие 80, 90 посто што се статистички жртви од познати- ако не си познат, помал ризик, мирна глава.
    Ова болдов е момент што се пропушта, ама ај...кад је вирално, вирално је.
     
    На Nausicaa, Ugly Duckling и Dentina им се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.499
    Лошке една, камо гутеннннтагггггк?
    @EmporioIvankov за траумите можеби не е лошо со психолог да зборнеш, а за здраво чао и слично, пиши пропало и множи со 0.02
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Shcc, mala;)
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.