Еве јас ќе ти одговорам. Никогаш нема да бидеш ни ставен во ист ќош ако се однесуваш нормално и ги валидираш искуствата на жените. Прилично е едноставно. Форум е, не е реален живот, нормално е да постои голема поларизација како на цел интернет, ама надвор од тука сите знаеме дека не само што не се ставени сите мажи во ист ќош туку жените пречесто простуваме ситници кои и не се ситници. Да беа мажите праведно третирани сите најлоши примероци ќе беа некаде отфрлени, не на највисоки позиции и со жена и деца околу себе. Стварно е прост одговорот, слушни, разбери, не се правдај и никој никогаш нема неправедно да те става во некоја група. Ова важи за сите мажи.
Објаснувајќи колку е “страшна” мечката за тотално хипотетичко прашање, се глеа дека немате допир со реалноста. Еве Caylee да ви објасни, (иначе секое видео и е златно бај д веј), и нема врска со мажомразење Господе боже и сите светци. https://www.instagram.com/reel/C6Odm1zuIyq/?igsh=aHNtdnZ4d3VuN2Jv Иначе нормално дека мечката ја бирам. Едноставно оти од неа знам што можам да очекувам.
Очелуваш да те изеде, и дека секако ќе умреш на свиреп начин, како те јаде мечка. Или пак од маж не знаеш што да очекува, да те силува, убие, или добро да се однесува. И двете ми се подеднакво лоши и запрепастувачки, ниту сакам мечка да ме јаде, ниту маж да ме силува или убие. Подеднакво ми се гади од двете помисли.
Мечката може да те убие на свиреп начин. Мажот, покрај тоа, може и да те силува, да те гаслајтува, да те понижува, да те манипулира, да те демне, да ти бара секс за работна или повисока работна позиција, да ти киднапира дете ради малолетничко порно, да ти врши физичко, психичко (или и двете) насилство со години, да ти подметне дрога за да има секс со тебе, фемицидот расте во светски рамки и тебе тоа ти е еднакво? Значи се ќе кажете, само не реалноста. Стварно не знам дали навистина не сфаќате или само не сакате да признаете. Не се работи за бирање меѓу рандом маж и мечка во буквална смисла на зборот. Да, мечката е страшна и не дека со раширени раце ќе истрчаме кон неа, туку фрапантниот факт дека во секојдневниот живот и постоење, во овој век, денеска, сеуште за жената најголем предатор е мажот и најголемата опасност за жената доаѓа токму од него.
Јас добро те разбирам, ама не е убаво секогаш спрема мажите да сме феминистички настроени, да сигурно ќе те силува и убие, не не е сигурно ништо, се е можеби?!?! А за мечката сум сигурна дека ќе ме убие и изеде, за мажот не сум, сепак е човек, може добро да се однесува спрема мене, може ќе е ок, не е убаво веднаш со осудувања спрема машки пол, не секогаш е така, не секој маж е лош и примитивен, не секој е силувач, не секој е насилник. А тоа не можеме да го знаеме од едно видување на мажот, а од едно видување на мечката можеме и знаеме што да очекуваме. За мене е подеднакво страшно и двете работи да ми се случат.
Не само што ја промашуваш поентата на дискусијава и ги правиш мажите жртви со што го пренасочуваш фокусот од реалната жртва, туку и презентираш погрешна престава за феминизмот. Никој не ги става сите мажи во ист кош, особено не феминизмот, ама и те како не учи дека не мора да ги толерираме оние мажи кои не третираат лошо само оти сме жени и не учи отворено да ги посочиме истите тие мажи. За тие мажи е муабетот, а тие се за жал мнозинството. Еве уште еднаш, муабетот е за оние мажи што не третираат лошо само оти сме жени и “им се може” оти се физички посилен пол. За оние мажи, а гледам и жени го прават истото, што попрво ќе ти ги девалвираат чувствата и стравовите, ќе ти се потсмеат хехенце од маж се плашела, место да почешаат глава и да се запрашаат од каде тој страв потекнува и да пробаат да ги елиминираат сомнежите. На крајот, мечката нема врска со муабетов воопшто, туку мажите кои не те гледаат и третираат како еднаков партнер на работа, дома, на спорт, односно во заедничкото општество и сметаат дека вредат повеќе од тебе само оти се мажи. Па така, вртејќи ја темата колку е страшно мечка да те изеде и бла бла бла, само правите штета на жените, односно на самите себе. Темава е доказ само колку многу феминизмот ни е потребен пошто од погрешни интерпретации на крај мечката најмногу ќе ја жалиме.
А то шо се објаснуваш? и на кој објаснуваш? Едни не разбираат или разбираат буквално, други веруваат во бајки, на третите им е всадено во глава од дома дека мажите треба да се величат а не обвинуваат.... а има и четврти шо се дојдени мајтап да си тераат со туѓата мака. Како да го објасниш ова на жена или народ шо верува дека треба после брак да живее со свекрва и маж и да ја бетонира од ќотек одвреме на време.
Ова е сосема опширно прашање, не мора да значи дека секој маж оста постапка ќе има, ниту поддржувам насилство, ниту имам преживеано такво нешто, и да имам тоа не би било став дека секој маж е исти насилник, исти пијаница, исти коцкар итн. Мене ми е сосема глупаво пва вирално прашање, не е добро поставено, не е реално, и нема јасна цел. Не секој маж има иста постапка, јас не знам лако дригачие да се објаснам на темава навистина, ама мислам дека мн работи се контрадикторни. Или не разбирам, или разбирам буквално, еве не знам. Секој со своето искуство ваљда не знам, за мене е глупаво прашањево, и не заслужува волку полемика околу него.
Ние викаме дека сите мажи се ПОТЕНЦИЈАЛНА закана за нас, а не оти сите мажи СЕ закана. Ваљда знаеш која е разликата. Исто, мажот многу полоши работи може да ти направи, мечката знаеш дека ќе бидеш изеден и ќе умреш за брзо, неколку часа најмногу. Ама маж може да те киднапира и да те затвори некаде и цел живот да те малтретира, или да те продаде на картел, од кој ќе неможеш да излезеш, или шознам шо друго, ете разгуглај ќе видиш, шо имат праено силувачите. И пак да кажам, зборам за потенцијалната закана, не за сите. А пошо они знаат добро да се преправаат, неможеш да знаеш каков ќе ти се погоди.
Непознат маж- потенцијална закана, зависи дали е психопат кој треба да биде во лудница, не дијагностициран или оттаму избегал. Непозната мечка, хм... зависи како ќе ти се погоди. Поголема статистичка закана се ,,познати,, мажи во животот (абе го знам, си пишувавме, ме сака, пријател на татко ми е, угледен господин е...) отколку непознати мажи на поминување- ете тоа е рационално.
Јас мислам дека некои "nice guys" и ништо да не ти направат во шумата, отпосле ќе си умислат дека им должиш секс или врска откако те спасиле. Мислам, колку само убиства има само оти некоја најкултурно ги одбила, не па сам во шума да си со такви. I mean, дури и статистиката го има одговорот за прашањето на темата: "The chances of being injured by a bear are approximately 1 in 2.1 million, according to the National Park Service. You are way more likely to be killed by another human than by a bear" . "The 750,000 black bears of North America kill less than one person per year on the average, while men ages 18-24 are 167 times more likely to kill someone than a black bear". Anyways, и јас би ја избрала мечката
Многу време ја гледам темава еднаш се позаебавав ама ај да пробам да дадам мое мислење: Прашањето е повеќе за давање дијагноза одколку за да избереш, прво нема да генерализирам туку двата пола ќе ги ставам под човек како суштество исто ко и мечката. Второ нормално е да се плашиш и од едното и од другото, меѓутоа самото прашање е специфично поради самото место кај шо се наоѓа мажот/жената а тоа е шумата. Реално на мечката местото и е таму и тука нема шо да се осудува околу неа, ако е гладна си на*бал ако не е ќе си продолжи по својот пат. Сеа кога веќе доаѓа за наредниот избор маж во шума па нема врска еве и жена нека е јас да сум маж би се здрвил ако ми излезе од шума. Со тоа шо едина разлика е од жената би очекувал помала закана ради тоа шо нели обично се физички послаби ( а во најмноху случаеви од оваа причина кога станува збор за жени со пореметувања жртвите страдаат од потценување дека е жена) а доколку е маж би очекувал да ме здроби од ќотек убие продаде за делови итн. Во секој случај мислам дека без разлика на полот што ќе се случи има улога психичкото стање на дотичниот/а која излегол/ла од шумата. Ако некој наумил да прави нешто нема да има врска полот на извршителот на делото и полот на жртвата која ќе го претрпи сето тоа. Е сеа жени како жени стравот е поголем, а и има многу идиоти од мажи, а и сметам дека ова е наметнато зашо многу ствари врз жените се прават без консент така да нормална рекација. Ја би избрал мечка.
Не бе, ти викаш ќе се преправа. Преправање важи за познат маж, не за непознат. Шо ќе се преправа непознат во поминување, или ќе те реши или нема, толку е. Нема во бабата на Црвенкапа да се преправи сигурно. Уствари...ваљда зависи шо дијагноза има.
Да, предаторите се статистички познати на жртвата и рационално е тој непознат маж да е најобичен авантурист планинар, вљубеник во природата. Нерационално е да имаш филм дека е тој силувач/убиец, а тој филм го креиараат хардкор феминистки со вакви будалаштини од бизарни прашања кои не сфаќаат дека со продуцирање и проектирање некаква си виктимологија не и помагаат на жената. Се повеќе сум сигурна феминисткиве маж во животов не виделе освен на тик ток . Добра анализа https://www.zerohedge.com/political/men-vs-bear-debate-dumbest-feminist-argument-yet
U dont say.... Кажи и го тоа на оваа жена шо стопирала непознат маж со кола или комбе, незнам шо беше. Оди разгуглај, по можност најди и некоја социјална мрежа од неа и пиши и дека никогаш нема сретнато маж во животот.
Кај го видов ова одма тригери нервоза, кастрација за вакви јавна. Нема да и поможи на жртвата ама барем ќеф ќе си напрајме.
Well, анализата има говорна мана. Не се феминистите, воукистите се. Не знам какви права извојувале феминистите во дотичната земја, ама без платено породилно не стигнале многу далеку. Истовремено колабиран им е системот на психијатриска грижа, додека продукцијата на психопати е незапирлива. Инцелите се особено опасна креатура, чудно како не постоеја до неодамна. Кој е крив што општеството пука по шевови? Клара Цеткин или Симон де Бовоар?