Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вирално прашање: Мечка или непознат маж во шума?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 7 мај 2024.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Добра анализа а анализата напишана од маж :rofl:
     
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Овие Пикмишиве иста сорта ко Најс гајс, само без мудата.

    Немаат подалеку од носот видено, а не е тешко да земат да изгуглаат случаи со силовање, па после да продаваат муда за бубрези.

    И ако им смета феминизам, нека си затворат тоа устите и компјутерите, и нека идат да си ги извршуваат брачните должности, еве 9 саат фати, нека не ја брукаат фамилијата со росписки муабети ко на темава шо вртиме.
     
    На Lianna Anna, sweet-cherry, Bezimenka90 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Не е, не бери гајле, секако ќе му најдам мана.]:)
    Добра анализа е напишана од разумен човек. А тие пишуваат ретко, well, ваљда пошто имаат реална работа, не се на хонорар за поттикнување антагонизам.

    Еве, уште го чекам оној што вети да отвори тема за антагонизмот(waiting)
     
    На Mumoftwo30, Purelove92 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Шо да праат Гош, ете глеаш, сами се признаа дека со задоволство би оделе покрај грмушка во која има маж кој дрка, кхм кхм, овај сере. :D
    Шо да прајш, патиме од неебица :rofl:
     
    На Bezimenka90 и KateKane им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Ја мислев само ние ружните дебели феминистки шо никој не сака да не изонади и шо сме виделе муж само на ТикТок патиме од неебица. :|
     
    На Lianna Anna, Bezimenka90, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Пола мажи ни заминаа на печалба без намера за враќање, кризно време дојде, ќе почнат да се тепат за курац.
    Имајќи стап, ние кај мечката ќе сме оделе, еее будали....
     
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    @Adidas888

    Како ти со став дека секој маж е потенцијална закана, влезе во брак со маж?
    Да мислам дека секој маж е потенцијална закана ич не се мажам.
    Да живеам со страв дека ќе бидам потенцијална жртва?!
    Боже сачувај.
    Напротив исто ко што има жени лудачи има и мажи, исто така има и нормални мажи исти ко вие мажените што сте ги одбрале.

    Не сум сигурна дека се воукистите.
    И Хард феминистките сега ја прават жената жртва.
    Со жртвологија и позиција на жртва нема да ги “надминат” мажите ниту да постигнат позиција на моќ.
    Затоа и ништо не се постигнува.
    Ете го и овој филм сега го прават, од анкета со 7 жени сега сите жени / девојки се плашат од мажи бррр, сите мечка бираат.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Тоа се вика претпазливост. Не страв.

    А за ова второво шо си го напишала, страм ми е шо сум го прочитала.
     
    На Lianna Anna, Bezimenka90 и Gosh им се допаѓа ова.
  9. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    3.127
    Пол:
    Машки
    Темава е case study за агрегација на предрасуди, и во однос на мажи и во однос на жени. Мисловниот експеримент апсолутно невозможен: Зошто шума? Зошто маж? Што бара жена во шума сама, НАДВОР ОД КОНТЕКСТ? Што бара па мажот таму?И потоа, бидејќи мажот е ставен на исто ниво - и/или со мечката - е во истиот пресек на множества (предатори) / (животни), ВЕЌЕ е наведен/nudge-уван да биде опасен, животозагрозувачки. Тој е апсолутно објективизиран, апсолутен означувач (како насадено плашило, те демне и само што не те нападнал), може да значи сѐ и сешто, токму зашто нема контекст... Да, тој е и партнер, е татко, е и син, и другар - тие се НАШИ- ама во шума ! Што мајка бара таму? И внимавај, маж во шума без контекст, е семоќен предатор, зашто е поинтелигентен од мечката! И штом е семоќен следствено е опасен и може да биде и силувач и убиец (може да те силува и да те исечка на парчиња!) Сѐ што е семоќно во истовреме е и злокобно! (Зошто како ќе се справиш со него?) Се разбира, тој може да би да биде подеднакво изгубен, тој може и да ти подаде рака за да не се слизнеш, тој може и тој да хајкува, како тебе НО (големо НО) „што ако “ победува во ситуацијава... „Што ако ме нападне, што ако ме силува?“ Стравот е fucked - up чувство, и е побазично од сѐ останато. Во дивината, оди приказната на еволутивната психологија, подобро е да го преувеличаш стравот за да бидеш безбеден, отколку да го занемариш, зашто едната алтернатива е да бидеш мртва, а другата удобно да се уживаш во природата и некој да ти подаде рака ... Непознат маж , и уште ако удриме невозможни статистики (а со статистики што не се разбираат - зашто статистика е супер комплицирана наука - најдобро се лаже и наведува!) мажот е далеку поопасен од мечка. Што треба да избереш?

    И потоа, тука е и приказната е од гледна точка на жената што некако магично се нашла сама во шума (таа е жртвата, низ ограничениот tunnel vision, зашто се наоѓа во застрашувачка ситуација без контекст, како кога си парализиран во сон, го живееш ужасот, а не можеш да се помрднеш), и штом е ситуација без контекст е АПСОЛУТНО парализирана да прави што било, таа е апсолутна жртва, стравот во непозната ситуација со непознато суштество ПРЕОВЛАДУВА. И, како можеш да се справиш со семоќниото означувач што го провоцира стравот од непознатото и со бесконечен ланец на „што ако“? Невозможно од самиот почеток. Секако дека ќе ја избираш мечката, се разбира! Зошто знаеш што може да направи мечката, ама мажот ти е поблизок, тој е човек! Знаеш какви се гадости може да направи, со него можеш да се идентификуваш, на него полесно можеш да ги проектираш своите стравови! И дури ако не ја избереш мечката си наивна, наивно е дури и тоа да го помислиш...

    Целиот сетинг на замисленената ситуација, „игра“ со проектиран СТРАВ на колективно ниво, на основа на предрасуди (предрасудите настанале на основа на колективно искуство, но во најбазична варијанта и со најпримитивни претпоставки и чувства, страв од другата група, страв од нашите проектирани стравови, страв од непознатото, страв од другиот пол), и како секоја неолиберална „параноичност“ која се храни од стравови од невозможни ситуации (значи е страв на МЕТА-ниво) генерира поларизација меѓу групите, во експоненцијална функција. И сѐ ова преземено од некаков социјален медиум од друга култура (американска , се разбира, што е параноична култура par excellance ) кое треба да собира видливост/гледаност и да се шири по законите на меметиката.... Па зошто и ние да бидеме покусо? Да останаме ли наивни? И онака живееме во стравови, зашто да не го усвоиме и овој, кога стравот ни е близок? Стравот секако се „лепи“ на страв ad infinitum, и онака сме праплашени и изгубени (како Црвенкапа што налетува на лошиот волк? Позната ви е митологијата?)

    Намерата е да се „троши“ текст и допаѓања (како што и јас правам сега, всушност, иако се воздржував да не пишувам!), луѓе да читаат, да коментираат, да расправаат, да „дебатираат“, да фрчат „статистики“, мислења, едни предрасуди да покренат други, во бесконечен ланец, да УЧЕСТВУВААТ во нешто од „важност“, „каде нешто се случува“, нешто што е „актуелно.“.. Тие што се рекламираат некаде или овде, тријат раце (си честитаат за „погодената“ актуелна тема), секогаш е погодно за малата видливост да биде поголема, по системот, поларизирај и рекламирај! Мечка или маж било, win-win за нив. Не постои лош публицитет, велеше Барнам, уште пред два века кога изведуваше театарски трикови, и велеше "there is a sucker born every minute". само што онлајн театарот е постојан, бесконечен и се храни на претпоставки на претпоставките, зашто повлекуваат бесконечна „дебата“... Никогаш не го гледаш трикот во позадина дури и кога претставата ќе заврши... Исто како и оваа замислена дилема.


    **
    (Пишував тековно. не мислев да излезе толку долго, sorry!)
     
    Последна измена: 3 јуни 2024
    На ArabellaStarfall, Emma Star, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Јас тоа све викам воук, немам толку слободно време да се занимавам со сите измислени дефиниции. И крајно лево и крајно десно, работат за иста цел. Што и да е тоа, уште не ми е јасно, ама дека е за корист на жените и обесправените, ко што гледаме, не е.
    Си попраивме муабет, сега ќе дојде метлата оти не сме ја разбрале темата:bandit:
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Тоа е Ирационален страв.
    Не ми одговори, цел живот ќе живееш во страв од мажот?
    Нема што да се срамиш .
    Тоа е факт.
    Така се влијае кај млади девојки преку тик ток и социјални мрежи и глупи прашања ко ова.
     
    На ArabellaStarfall, Bitter-Sweet, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Може на кратко да објасниш шо напиша, оти многу имаш точки, запирки, црни букви, дебели букви, прашалници, едноставно се изгубив во шумата.

    Да, цел живот ќе живеам ако треба.
    Оди поарно пиши се оти си некој маж или некој транс, кога веќе имаш мислиш дека ова е некоја пропаганда за да се влијае на млади девојки.

    Жените уште пред тик ток го имаа овој страв, ова како ќе го објасниш а?
     
    Последна измена од модератор: 3 јуни 2024
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Ја раскажа приказната за Црвенкапа де, таа тема мислам ја поминавме.
    Исто мислам дека кажа, оти во Америка не ја знаат приказнава. Па ќе ја екранизираат со Црвенкапа во друга боја, и ќе си ја избере црвенкапа мечката, и ќе живеат среќно до крајот на животот.

    Ми текна, имаме и ние народни мудрости-го пратиле дедо в планина, мечките да го изедат. И шо напраил он? :x Има нешто тука, ништо не е случајно:angel:
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Сега ми е јасно шо бара мажот во планината
    Хвала пуно, ја мислев ќе ме силОва
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Да бе, сите тебе те бараат|(
    Во секоја планина е различно.
    Негде дедо отишол по мечки. Негде баба по дренки. Ама баба по дренки веќе не оди. Кој не ја знае, нека ја гугла приказната.
     
    На ArabellaStarfall и Dentina им се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.499
    Двапати те цитирам зашто не сум сигурна дека знаеш што значи апсолутно невозможен...
    Апсолутно невозможен ( засега) е мисловниот експеримент со близнаците космонаути од кои едниот патува со брзина 99.999999..% од светлината и се враќа назад и бла бла брат му...
    А , шума, сама жена и мечка или маж е и апсолутно и релативно возможно..
    Не гледам поента во твоето писание, можеби зашто не сум супериорно семоќно интелигентна..
    Ќе ми објасниш како инфериорно немоќно глупава... Која е твојата теза овде?
    Да напоменам ради реда: сум била сама на баш во шума, ајде да речеме сосем мала борова шумИЧКА
    Го бирам мажот непознат.
     
    Последна измена: 3 јуни 2024
    На Lianna Anna, Gosh, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    А снаата кај е?
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    11.991
    Пол:
    Женски
    За какви тикток поенти правите муабет бе луѓе? На јутјуб буквално има јавно достапно видео од маж што си го лупа к*рот од ѕид во соба, и сексуално злоупотребува душевно болно лице.
    Значи не е ни до тикток ни до некоја друга социјална мрежа, туку до луѓето на тие мрежи и надвор од нив.

    И аман, у реду е, не се сите мажи исти, не е дека мечката е наивно и безопасно суштество, и не е поентата да им ги мериме. Ама кога некој оди до таа крајност да сексуално вознемирува душевно болно лице по дома и јавно да го постира по социјални мрежи, не сакам ни да замислам што уште би му текнало во шума.

    Не знам дали сте запознаени со случајот што мислам дека во Босна беше, маж ја заклучил сопругата во викендица, и го сменил личниот опис од тепање, и на инстаграм преку лајв и пукал со пиштол во глава.
    Кога ова можел да и го направи на сопругата со која што има мало дете, ќерка, за што понатаму да дискутираме...

    Целата поента е дека на мечката не би и текнало да силува или сексуално да вознемирува човек, особено душевно болен, или да ти го смени личниот опис од тепање и да ти ја разнесе главата со пиштол преку инстаграм стори.
     
    На Lianna Anna, Gosh, Dentina и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.499
    @Biljarkata ти собираш сама билки по шуми? И зошто да? Невозможно јеТ |(
    Не могу, хед експлоудс:@
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Како мажите да не ги правеа сиве овие работи пред тик ток, па сеа тик ток им е крив шо, пази, им влијаел погрешно на младите девојки, им пренесувал страв.
    А тоа шо младите девојчиња уште од најмлада возраст, 11, 12години, доживуваат некаква врста на сексуално вознемирување, тоа сигурно ние сами си го измисливме оти сме нерационални.
     
    На Lianna Anna, Gosh, sweet-cherry и 6 други им се допаѓа ова.