Она што јас го извлекувам од прашањето, односно одговорите на прашањето, е дека иаме глобален и длабок социјален проблем со насилство врз жените... Штом толку жени велат би ја одбрале мечката... А настрана од хипотезата, ако некој сериозно смета дека и практично ќе биде побезбеден да се размине со мечка отколку со некој маж ...
Аман и за хипотетичко прашање морате да бидете pick me. Најлошо нешто што може да го направи мечката е да те изеде и јас сум поокеј со тоа отколку со алтернативното, иако се различни шансите за другово.
Добро де, @Bitter-Sweet си кажува за себе. Не мора сите ко тебе да размислуваат. Еве и јас бирам непознат маж во шума пред мечка. Оти до сега мажи непознати сум видела в шума, ништо не ми направиле, мечка не сум видела. Ко ќе видам, ако преживеам ќе ви кажам, што преферирам.
Веќе одговорив, ама искрено, би одбрала било какво животно пред човек. Животното знае само да те убие и изеде, ама човечкиот мозок нема граници, особено во денешно време. Дефинитивно сериозно треба да се запрашаме каде заминува човештвото, штом мнозината избира диво животно пред човек.
Аоо, пик ме. Жити се'. Мене ми е жално што жениве толку хронично се плашат од мажи. Ама многу жално. Повеќе сакале мечка да сретнат... Ти ако сакаш мечка да те изеде и да умреш, не сакам и јас. Не е нормално човек повеќе да сака да се изложи на опасност пред диво животно отколку пред друг човек. И ако некој каже поинаку, не е тоа пик ми, туку едноставно нема таков страв. Криво ти е што има жена што не се плаши од мажи па и' ставаш етикети? Сите треба да се плашиме повеќе од мажи отколку од мечки, инаку пик ми сме. Ако тоа ти е утеха и се чувствуваш подобро ставајќи етикети, твој проблем. Мене не ми е нормално попрво да сакам да сретнам мечка и најнормално си искажав мислење. Ми дошло до некакви поени на форум да збирам... пик ми... хаха
Ја бирам мечката. Да жално е што има милион причини да се плашат, и тоа многу е жално но за тоа кон мажите треба да се обратиш.
Не е нормално, тоа е целиот муабет. Не е нормално дека жена преферира да се најде пред мечка, отколку пред маж. Ама ич не е. Мислам дека си имала среќа. Не е жално што жените се плашат, жално е што имале такви искуства што ги довеле до тоа да се плашат. Прочитај ја само темата Сама си го барала, да видиш колку искуства има, и тоа сред бел ден. Не па сама во шума. Затоа е такво размислувањето. И да, жално е.
Тоа не ме прави мене пик ми. Изреагирав затоа што добив етикета, од најнормално мислење што искажав. Јас го разбирам стравот и дека е голем проблем што мнозинство жени во темава попрво би одбрале мечка. Нека читаат мажи и нека мислат, што да кажам друго.
Зависи од многу фактори. Пример маж може да го искористиш да донесе дрва да запали оган, да фати да испече нешто за јадење, ако се погоди некој фин и ќе си се изнапраеш муабет.
Прашањето е наметнато во Америка. Америка е дувло на нелегални мигранти, пребеглици од картели, криминалци, изветоперени умови. Мене не би ми било страв во Македонија да ме пресретне човек во шума. Или е планинар, или собира печурки, плодови, или краде дрва. Рандом човек во шума не е предатор. Рандом предатор ќе го најдеш на улица, во продавница, те демне пред зграда. Но, кога веќе си во шума, ако се пресретнеш со мечка, особено со мали мечиња, трчај како Усаин Болт, ќе те стигне, ќе ти откине кожа со се месо. Да сум некаде во Африка, во претежно муслиманските подрачја, порадо лав наместо мечка нека ме пресретне. Се зависи кого прашуваш и каде. Јас знам која е позадината на прашањето. Жените не се чувствуваат безбедни покрај мажи. Ама и сите мажи не можеш под ист чадор да ги сместиш. Ниту пак сите народи. Каде што живеам е доста безбедно, не ме плаши нативниот народ, во шума 10 мажи нека има, нив ќе ги изберам. Доволно е еден од мигрантите да се појави да изберам животно.
Мечка и маж е прашањето, немаш никакви детали повеќе. Ако е непознат не значи дека баш до таму може да оди. Мечката може да те усмрти. Буквално. Мажот може да го заинтригираш со одредени теми, да ставиш хумор, едноставно да си ја свртиш ситуацијата во своја корист (во случајов индиректна одбрана).
Тоа што го спомна со муслиманите е баш соодветно на пршањето со шумава. У исламските земји законот за жени непостои исто како што во шума нема закони па види ти како се однесуваат мажите кога нема закон да ги заштити жените, така да било каде би одбрала мечка.
Од толку работи што се случуваат околу нас и а од толку одвратни муабети што се имам изнаслушано од стрејт мажи, тешко е по дифолт да веруваш на непознат маж. Дури и дечко и маж и роднина и пријател често пати. Ако мажите се навредени од тој факт тоа докажува дека не се вредни за доверба. Еве на пример за дискусијава, кој маж е навреден го рачунам 100% за дел од проблемот. Прашањето е нормално хипотетички, секако дека е подобро да се сретне нормален човек отколку мечка....ама, поентата е да си признае машкиот род дека нешто не е во ред со добар дел од мажите и да се борат и они со тоа наместо да продолжуваат да глумат "жртви" на феминизмот.
Славиците ќе речат мажот сум го провоцирала, Анима Дунди ќе речат мечката сум ја провоцирала. Исти курац Не знам дали сте свесни дека се потсмевате и минимизирате трауми на луѓе нападнати од животни.