Еве реално утре ќе одам да пешачам на патека, оддалечена е од урбаната средина и денес бев... Среќавам мажи, непознати на патеката, се разминуваме, има моменти кога само јас и тој, непознатиот сме и мене ми е језиво, некако, затоа и сум претпазлива, морам да бидам... Денес видов и свиња, ја одминав, од неа не се плашам, зашто знам како да ја одбегнам, ама човек како би одбегнала, кога лице в лице се гледаме или полошо позади грб ги слушам чекорите....
Апсолутно невозможен, зашто се однесува на поставеноста на дилемата, а не на невозможноста на ситуацијата. Инаку, не ги доживувам луѓето ни тука ни во реалниот свет како инфериорни/супериорни, во мојот свет не постои таква разлика. Има лоши и добри, тоа секако. Свесен сум дека имам поинаков начин на размислување и изразување од тебе (претпоставувам зошто надолго се изразив и во стандарден јазик), но, е сосема еднаков на начин на кој се изразува кој било друг. И секако не секогаш се изразувам вака. Мислам дека јасно се изразив погоре, не знам што би додал/одземал. И онака посветив повеќе време од што планирав. Ако не гледаш поента, немам проблем со тоа, веројатно некој друг ќе види, барем се надевам.
Дека не одат во шума мори Дентино, шума само на интернет виделе Не одам ни јас- не од мечки, не од мажи-од крлежи страв. Ама борелиоза не е вирална тема.
Е каков ти е тој ирационален страв од крлежи? Не значи оти секој крлеж на тебе ќе се закачи. Не се сите крлежи исти.
Наидов на едно тешко прашање. Дали би и верувале на девојка или би му верувале на алигатор и би танцувале во вода? Повеќето го избираат второто, ваљда сите изгорени, паднати и разочарани борци.
Стандарден јазик? "кој било друг" значи и јас потенцијално, нели? Немам проблем јас со должината, ме служи вниманието сеуште. Не ми е јасно зошто употребуваш бомбастични зборови како 'семоќен' 'апсолутно'. Ништо не е апсолутно, никој не е семоќен. Пробувам да те сфатам, и еве уште два пати препpочитав. Nope... It doesn't strike a chord Се извинувам.
Стандарден значи литературен. Бомбастични? Тешко. Нема зошто да се извинуваш, Во ред е. Никаков проблем.
@Vikktorr те замолувам, следен пат да бидеш поконцизен, пократок во образложувањето. И најважно, да го поедноставиш, да може секој да те разбере.
....... Still nothing..... . "апсолвирано".... . Нестандардната употреба на јазикот ми е мал каприц, шта ќеш
Имаше порано видео каде и на жени и на мажи им поставуваат исти прашања. Прашањa од типот: - Дали се чувствуваш безбедно да трчаш сам/сама? -Дали се чувствуваш безбедно да отидеш сам/сама навечер на плажа или да шеташ навечер? -Дали се чувствуваш безбедно да шеташ сам/сама во град ако од спротивната страна иде група мажи? As you have guessed it, сите мажи одговорија со "да", сите жени со "не". Така да, не во шума да ја изберат, жените треба со мечката насекаде да шетаат
Кутрите мажи... Дојдоа лошите феминистки од тик ток и почнаа да им влеваат страв на девојчињата од мажи. Феминистките се криви што девојките се плашат од мажи
Јас многу ги сакам хехенцата на темава пошто се јасен знак кога жена бира мечка е зошто се плаши да не е силована, нападната, злосторувана. А со хехенцава мажите се плашат женава да не излажела, друг да не имала и слично. Неспоредливо. Би ви рекла не се брукајте ама големи сте. Само е tone deaf.
До толку се кутри шо мора да смислуват сценарија со алигатори, тигри и зборање со дрва... Се' освен да се сфати проблемот. Душичкииии.
Ти коа проаѓаш улица, глеаш лево десно? И на пешачки ли да не глеаш случајно, кај што е обележано со зебра, и плус секој кој вози положил возачка, па може вози и преку 20 години? Цел живот ли ќе се плашиш, ирационални стравови ќе гаиш? Шо, утре или може и сега на децата да не ми кажуваш да се внимателни од секоја една кола на светов, да пазат дури и на пешачки? И после се чудат оти немаат женска.
Дали сериозно споредуваш кола со маж ? Јас страв од секој просечен маж што ке го сретнам,немам, па од тука нема да креирам и пренесам стравови на моите деца. Ќе пренесам дека лудаци има и мажи и жени , а не дека секој маж е потенцијален силувач, насилник и убиец. Баснава најубаво да заврши во некоја земја каде ќе нема мажи воопшто па ќе нема да морате да се плашите од секој маж кој ке ви рече здраво.
Ти гледај за себе кај гледаш, живееш со маж,а се плашиш од него и сметаш дека сите мажи се предатори.
Не си дошла во контакт со вистинската свиња, самата ќе ти каже дека во шумата меѓу животните нема правила на игра. Следно што е, отидов во џунгла, видов лав, ама знам да се справам со него, го одбегнав Како изгледа една претпазливост, кога се разминуваш со непознати мажи во шума? Значи сепак се чувствуваш доволно сигурно да одиш во шума сама и тоа не еднаш, туку денес пак. Дали ти тоа мене ме јебеш или сама себе?