Мене ич не ми е логично да споредуваш животни што се води по инстинкт со непознат човек кој често е етикетиран ко силувач, убиец и што уште не знам.
Инстиктот е предаторски. Животното бара храна. Мажот кој убива некого, сеедно маж или жена или дете, не бара храна и не е инстинкт, но психопатологијата не е црно бела наука. Често за убијци велиме ѕверови, животни. Притоа не замислуваме пеперутки или пчели или делфини. Погоди зошто.
Дали некогаш имате пешачено во планина и мора автоматски да е убиец силувач или не знам шо? Сум пешачел и сам и сум се сретнал со луѓе итн че се поздравиш и то е.
Ааа, значи сега признаваш дека не се влегува во кола со секој а? Признаваш дека опасно е да се шеташ во гета? А зошто мислиш сега така а? Прееска едно збориш, сега друго. И во право си, на криминалец исто му е дали ќе те најде во шума, дома, пред куќа, остров.... затоа насекаде сме претпазливи.
Првин, не сум девојче. Второ, @Adidas888 темелно ти образложила, во целост се согласувам со неа. И за крај, токму поради тоа што немам фобија од маж, туку само сум претпазлива ќе продолжам и во иднина да пешачам на патеката.
Значи ќе продолжиш и во иднина да го правиш она што ти создава чувство на безбедност. Бидејќи никој не оди во шума каде има пожар.
Aма и секој оди во шума каде има потенцијал за пожар, нели Дали ќе избие или не, сплет на околности е , затоа само претпазливо
Јас одам да работам со крв на место каде што има хив позитивни кои некогаш лажат или не знаат дека се хив позитивни. Јас МОРАМ да се заштитам како сите да се хив позитивни. И пак ке отидам утре таму иако не знам кој ќе ме лаже
Ќе одиш пак таму, затоа што земаш пари за тоа и ти одговара да работиш на тоа место за таа плата со тие пресметани ризици. Каква врска има тоа со било што на темата?
Врската : НЕКОГАШ мораш СИТЕ да ги третираш како потенцијално опасни. Не ми се верува дека не ја гледаш врската, али нека ти биде. Пак дисклејмер : не сакам мечки.
Претпазливо со тоа што нема да погледнуваш никој и нема здраво да кажеш Бидејќи тој што те намерил, тоа чека. Едно здраво и напаѓа. Ако некој сака да те нападне, нема да чека да го погледнеш и здраво да му кажеш, ќе те нападне затоа што постоиш.
Членката сака да укаже дека претпазливоста е многу важна во разни животни ситуации, ако не и најважна... Јас ја сфатив, исто како ти со пожарот, така и таа со работата која ја работи... Културен поздрав,поглед, муабет може да биде тригер, затоа само претпазливо со непознати мажи.
Но, ти во работниот опис на работното место ти стои дека треба да се заштитиш. Не, само себе, туку и пациентот од тебе. Ти мораш да се заштитиш и од други причини, како на пример, влегува инспекција и ти пишува казна. Што нема пак некоја поврзаност. Ти кога ќе излезеш од дома, со децата пример и гледаш други непознати мажи, веднаш ти доаѓа рефлекс да се заштитиш или не ни перцепираш дека постои како што не ни перцепира ни тој дека постоиш? Значи ако јас го направам тоа и ме силува некој, ќе кажеш дека си го барав?
Не дека си го барала,како може да си го барала штом те силувал... Твојот муабет, поздрав бил тригер за непознатиот маж да те силува, затоа што е нетокму. Затоа муабет, поздравување со непознати мажи, никако... Јас не практикувам, а ти како сакаш...
Не ни перцепирам е оверкил. Ако гледам, значи перцепирам. Луге, зборувајте логично малку. Ако тој ме види, ме перцепира. Јас сум била нападната. Претпазлива сум. Ако видам сомнителен маж преземам чекори. Мозокот автоматски ми работи во позадина за опасностите. Како кога возиш автомобил, не е се' на свесно ниво. Ич не ми е гајле за инспекцијата. Јас носам се што носам заради мене и заради нив. Тие што ми кажуваат не се опасни, пијат лекови, недетектибилнисе СИТЕ ДРУГИ, можеби не со мене, но со некого имаат секс без кондом и МОЖЕБИ некој ќе биде заразен со СПБ.
Епа ако не е причина да те силува, зошто не би кажала здраво на маж? И така и вака ќе те силува некој ако тоа му е намерата. Што ако се изгубиш во шума и гледаш само еден маж, ќе ја бараш мечката да те јаде или ќе му кажеш здраво, како да ја најдам патеката? Точно! Ако видиш сомнителен. Не секој маж е сомнителен и потенцијална опасност.
Јас се откажувам. Некои луге ќе речат СЕ само за да бидат во право. Мака ми е да објаснувам зошто ги разбирам тие со мечката. Не се сложувам, но ги разбирам. Терајте како што ви одговара. Алелуја