Толку ли ви е досадно по дома што едно хипотетичко прашање, на кое што поентата е да се седне да се размисли зошто толку жени бираат опасно животно наместо човек, маж, го извртевте, му ја сменивте поентата до кај што може и не може. Се тригернавте од темата жени домаќинки, ама овде може да се прават хехенца муабети како жените безпотребно се плашат од непознат маж во шума. Мажите биле напаѓани преку тема на форум, брзо да ги поддржиме нападнатите. Никој не ги мрази мажите, ама be frr, камо среќа ние жените да бевме напаѓани само преку форум, ќе цветавме.
Ц, нашите мужи и дечковци и синови нит покажуваат, нит препраќаат слики од жените, девојките, паштерките, внуките, ќерките... Нит знаат шо е тоа интернет, а не па Твитер, Телеграм и ВатсАп... Они со крстовите на врат и на раме, со антипедерски објави и лајкање на Икони и пишуење Амин се бават...
Мечко каде си ? https://mk.tv21.tv/horor-vo-tetovo-...en-soprug-ja-siluval-nivnata-maloletna-kerka/ https://fokus.mk/prilepchanets-tri-godini-gi-siluval-svoite-dve-maloletni-kerki/
Си гази холивуд, инфлуенсери си продаваат душа за пари.. Актерите стануваат статисти... Тој ист холивуд да сака утре цела топка ќе ја направи саудиска арабија 1910. Ама целта е друга.... Следно е "Ајде сите масовно да се стерилизираме да ја спасиме планетава". А почнаа некои... зелените. Јинг и мечка Јанг и крокодил. Браос, 36 страни. Многу зрело.
Јалов обид за извртување и манипулација на тоа што го сакав да кажам. Оф топик: Темата не е за силување, туку за мечка или маж(мажи како целина). Фолс флаг операција за цепање на семејство. п.с. За силување ќе ти одговорам во соодветна тема веднаш.
Што холивуд, што фрустрација... Отрезнувањето ќе дојде по стари години кога ќе ја сватат смислата на животот. Едит: Башка не верувам дека сите ја одбираат мечката. Фалсификат. Како што ни мнозинството не ги бира ДПМНЕ-СДС а не па сите.
Па, маж. Кон мечката осеќам стравопочит, кон маж воопшто не. Ама подобро да сум сама таму. И една пушка со мене, за секој случај.
Нема да умреш бе. Мечката е побезбедна од човекот. Ако бегаш, ќе те брка, а ако си мирна и си одиш полека, ќе те остави. Кај човекот и да одиш полека и да бегаш, исто ти се фаќа. Плус ако те види женско и сама, уште полошо. Мечката барем можеш да си ја галиш.
А што би правел маж предатор во шума, сигурно не чека некоја да се изгуби? Јас разбирам зошто бирате мечка, ама не го разбирам прашањето не логично ми е.. Се мисли да ве пуштат во шума вас и мечка или вас и маж? Или случајно налетуваш на маж/меча? Ако е случајно мислам дека мечката е по опасна бидејќи, маж во шума сигурно не би одел за да чека жена да се изгуби.
Како да не. Оди тресни го ова пред луѓе кои останале без нога или рака или изгубиле член на семејството ради мечка и кажи како ќе си поминеш. Ниту експерти за мечки не се отпорни на напади од мечки. Мечката ќе те гледа како закана без разлика дали стоиш мирно или трчаш. Особено ако е мајка со мали мечиња. Поверојатно е да се совлада маж и без оружје, со брз и добар удар во главата или меѓу нозете, но не и мечката. Човек од 150 кила и животно од 150 кила не се исто.