Форумџика на годината

Вирално прашање: Мечка или непознат маж во шума?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 7 мај 2024.

  1. Veseli _cvetovi

    Veseli _cvetovi Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2025
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    822
    Пол:
    Женски
    Ниедно ни друго и двете се опасни
     
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    10.712
    @Mrs. right
    Никој не спори дека поздравувањето е културно однесување (heidy)

    Секоја личност има право да поздрави, но и секоја личност има право да не воспостави контакт со странец, особено во изолирана средина како шума. Ова не е параноја, туку лична граница :pizza:

    Ако извештаите велат дека најголемата опасност за жените доаѓа од мажи кои ги познаваат, многу нормално дека треба да се дополнително претпазливи пак со непознати.

    И еве ајде, да го занемариме нашето мислење како жени.

    Зошто тогаш на истото прашање, повеќето, ако не и сите, мажи одговараат дека повеќе би претпочитале нивната ќерка да се соочи со мечка, отколку сама со маж во шума? (tumbleweed)

    А и кој напиша дека ги мразиме мажите? Ова е само посочување некои факти, not all men, but always men :drunk:

    Воедно со ова жените едноставно велиме дека имаме право на избор, дистанца и безбедност - без да мора некому да се објаснуваме и да сме љубезни по дифолт :*:
     
    На Raven22, Mr.Limonko, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    17.307
    Пол:
    Женски
    @theowndemon не знам, има многу огорчени и разочарани, и стварно се приметува дека ги мразат, а омразата е лоша без разлика кој пол.

    Никој не е посупериорен од другиот.

    Апсолутно дека секој од нас треба да си биде претпазлив, само ко што реков, не сум за паранојата, не ми е баш здрава.
    Као ај сеа да се пазам од секој, да сум постојано на штрек да не ми се деси нешто. Не ми е здраво.

    Пошо знаат дека ЧОВЕКОТ ко ЧОВЕК е гнаса, генерализираат и тие.
    Затоа што се генерализира. А чим се генерализира, што е поентата упорно да одбираш конкретно маж?

    Треба да се истребат.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    61.178
    Пол:
    Женски
    Имаше еден рил кај што многу мажи сфаќаат зошто се бира мечката откако ќе добијат ќерки. А некои за жал ни тогаш не сфаќаат.
    Толкав процент на мажи да повредуваат жени, и на крај кон жените прстот се вперува дека ги мразеле мажите, само параноични биле. Среќа сега има интернет, па ги снимаат овие кај што вознемируваат жени и не прифаќаат "не" за одговор, ми се гади колку не се сфаќа сериозно проблемот.

    Немаме попаметна работа, ќе мразиме мажи оти ни е досадно, ахам. Штета што не се менува сексуалната ориентација, инаку уште поголем male loneliness epidemic ќе имаше. И мислам дека сите знаеме зошто.
     
    На Raven22, senjorita-v и BlackAndWhiteSwan им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.839
    Допаѓања:
    182.817
    Пол:
    Женски
    Како е ова поврзано со супериорност?

    Ти го викаш параноја, јас го викам „учење на претходно искуство“. Лудост е да се игнорира шема шо се повторва.
     
    На Angie1432, senjorita-v, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    10.712
    @Mrs. right И "човекот како човек е гнаса" е генерализација во овој случај, па самата си противречиш :drunk:

    Зборуваме за перцепција на ризик и право на лична граница.

    Изборот меѓу мечка и маж не значи дека секој маж е опасен, туку дека ризикот од маж е непредвидлив.

    Освен тебе, никој од нас не зборува за омраза, ни па истребување. Не е комплицирано да се сфати, really :*:
     
    На Mr.Limonko и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    47.960
    Иди овие муда за бубрези продавај на мужи.

    Ја мрзам само силовачи, педофили, зоофили, психопати и слично што грото се мужи. А тоа е нивен проблем, мој не. Ако им смета, нека се цивилизираат и нека почнат само сами меѓу себе да се требат не оти така им кажал Врховниот лидер, него ли оти имаат морал и се еманципирале и нека не остават нас жените, децата и животните на раат.

    И да, жените фактички се генетски супериорни во однос на мажите. Они се само само физички појаки, и ништо друго.

    И секад коа ќе ја видам темава, ми теќиње на она 100 мужи против едно горило, и увек си мислам после колку време од коа ќе го совлаадаат ќе му текне на некој да го силоваат, и колку пациенти ќе се согласат.

    Посубмисивно нешто од муж нема, особено ако треба да се докаже на друг муж. Не за џабе сите религии на светов цел им е жените да ги потчинат и само жени ова, жени она оти си знаат со кого имаат работа... Мех.
     
    На Raven22, senjorita-v, Polyincognito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.878
    Допаѓања:
    30.471
    Пол:
    Женски
    Така и маживе на темава FB_IMG_1766000710832.jpg
     
    На TammiB5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    3.054
    Пол:
    Машки
    Офтопик сум ама генерално религиите како такви не ги потценуваат жените (зборувам конкретно за христијанската за другите не сум многу упатен) туку начинот на кој го толкуваат тоа кажаното.
    Ќе дадам два примери да не должам многу.
    1."И Господ Бог рече: ‘Не е добро човекот да биде сам; ќе му создадам помошничка која е слична на него" - ова намерно го користат посебно мажи да речат ете и Бог кажал дека си помошничка, ама не во тој смисол, Адам тука си бара сам некој сличен на него затоа што е осамен и Бог му ја создава Ева и вели еве ти "помошничка" не рекол "слуга", во смисла не можам сам да се борам па ќе се бориме заедно, всушност жената помага на мажот, а мажот треба да се носи со повеќе, а не обратно...
    2."Жени, бидете покорни на своите мажи како што е прифатливо во Господа" го вадат само овој стих без да знаат што следи после него "Мажи, сакајте ги своите жени како што Христос ја сакаше Црквата и предаде себеси за неа"- Мажот има должност да ја сака жената безусловно, да ја штити, да се жртвува за неа и да се грижи за нејзината духовна и емоционална благосостојба. А жената да биде покорна во смисла да го почитува следи и верува во мажот. Ама како би можела да му верува и да го следи ако тој не го нуди неговиот дел?
    Мажот оди напред расчистува се за да може жената безбедно да оди по него и да го следи, ама секој разбира како му одговара а не како треба..
    И сите она од библијата го користат Ева го изела јаболко, па ако си по паметен што си јадел по неа. И ние сме ја барале таа жена, па кога бараш нешто и ќе ти се даде редно е да го чуваш логично.. Уште Адам кога згрешил рекол дека е ради Ева, Бог кога го прашал зошто јадеше тој кажал "не сум крив жената ти што ми ја даде ме натера" криви се Бог и жената тој не, Ева барем само рекла дека змијата е крива не го обвинила и тој што ја создал..

    Јас се зазборев, ама да машката популација многу насилна станува, и жално е што многу мажи силата си ја покажуваат врз жените. Никогаш не бранам насилници, ама многу ми глупо кога поради такви често сите во ист кош завршуваме.
    Се се провлекува од минатото, ама ако гледаш низ историјата се мажите извртеле и во религијата, прво жените не се школувале не работеле... Ама на тоа време не би можеле со тие услови, поради бременост, деца, плус со тогашната хигине и со циклус како ќе балансирале на работа, се мажеле многу млади и сето тоа што жените останале тука неписмен мажите си искористиле во нивна корист, не потекнува суровоста од религијата, туку од човекот.
     
    Последна измена: 17 декември 2025
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.878
    Допаѓања:
    30.471
    Пол:
    Женски
    Религиите се измислени од маж за да му служат на маж. И се против нашата вистинска природа.
    Ниедна жена не е субмисивна, напротив, жената е лидерот а не мажот, само шо религијата односно мажите си го извртеле тоа во нивна полза.
    Тоа шо жената е лидер, можеш низ многу примери од животот да го видиш, децата ја следат неа, сите чекаат од неа јадење, емоционална подршка, сите чекаат жената да каже шо ќе се прави дома или надвор или каде ќе се оди, жената е таа шо ги знае и родендените и докторите и термините за некаде, и болестите, и слабостите, и јаките страни на сите во нејзиниот живот до најситен детал и според тоа она планира како ќе се одвива денот на нејзината фамилија.
    Голем дел од татковците не си ги знаат ни родендените на своите деца, голем дел од тие родендени ако не и сите, се испланирани од страна на жената а мажот само доаѓа како гост.
    Да бидеш лидер е да ги познаваш тие шо се околу тебе, да им помагаш, да ги советуваш, да ги упатуваш, да ги сакаш..... не е само да се плашат од тебе бидејќи си самопрогласен лидер и оти некој морал да те следи.
    И ред други примери.
    Уште еден важен податок за тоа како жените се најбитни во едно општество ( иако општеството го сочинуваат они и децата) , е менопаузата. Значи, жената не е само фабрика за деца чим доаѓа до менопауза. Жената и после тоа има важна задача во животот а тоа е да ги подучува, да ги чува и да ги советува помладите, за разлика од вас мажите кои сте тука само за расплод.
    Матријахатот е нашата вистинска природа, а не патријахатот според кој се и напраени религиите.

    Иам многу да зборам на оваа тема ама не со вас ( пошо овој народ не е спремен за овој разговор) и не со тебе ( религиски фанатици).
    Ама кога можеш да мешаш религија на оваа тема, можам и јас да ја вмешам природата.
     
    На Raven22, TammiB5, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    3.054
    Пол:
    Машки
    Религијата да, ама Библијата не верувам да е сменета. Маж да ја напишел без страв од некој ќе смислел дека маж го родил Исус и сигурно први што го виделе Исус немало да пише дека се жени..
    Мажот не е баш како лидер, мажот прај се за жената и жената може да оди слободно по него без да се грижи за ништо и слободно да ги води децата зад него, мажот е силен да расчисти ама не толку паметен да води сам... Последното нешто што го создал Бог е жената како круна на се, најубаво за на крај се остава. Проблемот што оставиле мажете се на жената е во мажите не во она што учи Библијата. И најсично суштество ако погледнеш на Бог е жена. Бог создава живот-и жената, Бог е милост-суштество со најголема милост е жената, Бог е љубов- поголема љубов од таа мајка што може да ја пружи нема, Бог е паметен - погледни статистика кој е по паметен, жената.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.878
    Допаѓања:
    30.471
    Пол:
    Женски
    Друже зошто ја водиме оваа дискусија на оваа тема? :rofl:
     
    На Biljarkata, theowndemon и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  13. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    3.054
    Пол:
    Машки
    Некој спомна религија и морав, сори. :whew::rofl:
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    17.307
    Пол:
    Женски
    Ааа важи, така е. Се гледа тоа низ мислењата на разни теми :)

    За мажите - они си мислат дека се супериорни, над жените, можат и смеат да ја поседуваат жената, ко што пишавте зборот 'не' да не го прифаќаат од страна на жените, да се замислуваат дека се главни во се, маносфера итн..
    Додека жените самите себе се сметаат дека се најјаки, најмоќни, најхрабри, имаат вродени суперсили, можат самите све да постигнат без никого. Мажи не им се потребни ни малку.
    Екстремен феминизам?

    @Amellie13 ама како не е параноично тоа што го кажа Адидас? Идеш до продавница и се вртиш да не има некој маж да ти наштети? Озбилно секојдневно ви е вака страв и живеете во грч?

    Ја па за среќа генерално слободно се чувствувам. Никој не смее да ме допре.

    Е не знам кој се поголеми куропаченички @Gosh
    Размислете богами :^)

    Ако толку самите се ценат, шо тогаш ги трпат мажите и нивните гомнарии по секоја цена дури?
     
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    10.712
    @Mrs. right Критикување на лошо однесување ≠ омраза кон цел пол. Буквално две различни работи.

    Воедно, ако девојките зборуваат за претпазливост, не значи дека се параноични, туку свесни за потенцијални ризици.

    Превенцијата не е исто што и паранојата. Исто како што ја заклучуваш вратата од домот иако не значи дека крадец ќе влезе.

    За останатото, искрено ми е мило што се чувствуваш безбедно. Но, тоа што ти немаш такво искуство, не значи дека другите членки претеруваат или преувеличуваат.

    Исто така, многу е tone deaf да мислиш дека некој трпи нешто од што сака. Не е црно или бело :*:
     
    На sweet-cherry, Angie1432, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.878
    Допаѓања:
    30.471
    Пол:
    Женски
    Може за тебе е параноично, ама за мене е реалност, пошо сум била следена и нападната на сред бел ден.
    И поарно да бидам претпазлива или "параноична", отколку пак да бидам нападната.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.839
    Допаѓања:
    182.817
    Пол:
    Женски
    Океј. Како е ова поврзано со темата? Стварно не разбирам шо сакаш да кажиш во овај дел.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    64.331
    Пол:
    Женски
    Замисли имаш чинија со 100 бомбони. 90 од тие бомбони се со вкус на јаболко, портокал, лимон, праска...итн. 10 од тие бомбони се уствари цијанид кој ќе те отруе за 2 минути. Сите изгледаат исто. Земаш и ги мешаш сите бомбони заедно.

    Би зела бомбона од таа чинија?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.181
    Допаѓања:
    43.760
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од возвишувања кои се производ на истиот систем кој овозможил опресија стотици години. Тоа што ти не ги согледуваш тоа е поради недостаток на твоја објективност, па и непознавање на историја би рекла.
    А овие овие реченици ми имаат исто толку смисла колку што ми има смисла Хари Потер.
    Првото е одраз на патријархален систем кој опстојува со милениуми помешан со нечии нарцисоидни тенденции, второто се само индивидуални нарцисоидни тенденции. Екстремен феминизам не постои ни како идеја ни како реална појава.
    Уствари може да постои, како реакција на екстремна мизогинија, Феминизмот е контрадвижење на патријархатот како општествена структура, не е некој изолиран феномен што се појавил туку така.
     
    Последна измена: 18 декември 2025
    На Gosh, Amellie13, Adidas888 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. MrsBrown

    MrsBrown Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2024
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Наравоученије, не одете сами во шума.
    Ако баш морате понесете со себе нешто за да се заштитите, макар и пепер спреј