И двете сценарија можат да бидат потенцијално опасни, али да, ако треба да бирам, дефинитивно бирам мечка. Сметам дека непознат маж е поголем ризик, јер потенцијално непредвидливо однесување, потенцијална зла намера, секаков вид напад. А и статистички шансите за напад од маж за разлика од мечка, се на плафон. Средбата со мечка би била исто поприлично загрижувачка, али шансите истата да нападне се мали, рецимо во ситуација кога се чувствува загрозено или има потреба да ги заштити своите младенчиња. Најчесто нападите се ради истово. Различни видови мечки имаат различно однесување околу луѓето, но генерално, мечките имаат тенденција да избегнуваат луѓе. Имам гледано многу документарни на темава, не само за мечки него општо напади од животни. Поларната мечка е сериозна закана и се смета како најопасна за луѓето. Ретки се фатални напади, но ги има и такви. Преживуваат луѓе, не само напад од мечки, туку и од ајкули. Што никако не значи дека се безбедни, да не ме разбере некој погрешно. Сакам да кажам, во врска со прошетките по шуми, важно е да следат безбедносни упатства за специфичен вид во соодветна земја. Во врска со непознати мажи, уел, јасна е темава. И тоа.
Ај сеа најискрено да си прашам, зошто ги дружиш дечко ти, пријателите и роднините кога нивните муабет ти се одвратни?
Статистички нападите од мечка се поретки, затоа што нашето живеалиште е во град, село, не во шума. Доколку живееш во нејзиното живеалиште, ќе бидеш мета не само на мечки, додади куп диви животни.
Ако збориме више реално, друга причина зашто мечки напаѓаат е зашто луѓе ги хрнаат. Да, токму така. Ќе дадат храна на мечка, и ок оваа ќе се најаде и кидне. Е после истава мечка ќе види човек кој нема да ѝ даде храна и ќе го нападне. Така да не давајте храна на диви опасни животни да не бидете одговорни.
Кои безбедносни упатства? Шума е. Животните слободно се движат. Нејсе, глупаво е прашањето и споредбата. Инаку статистички луѓето повеќе умираат од убод од комарци, него од човечки фактор.
Хм не го напишав тоа? Реков дека општо во глобала се имам изнаслушано секакви муабети. Не знам како дојде до овој заклучок.
Како кои? Дали сериозно ме прашуваш? Исто како што има препораки за пресретнување со ајкула така има и за речиси секое животно. Па дури и за кучиња, за секоја раса посебно. Луѓе за тоа учеле, за тоа специјализирале. Има и парк ренџери кои се задолжени за истово кога луѓе идат на такви дестинации. Зависно од видот, во глобала е следново: Генерално мечките избегнуваат луѓе, па правење бучава од поголема група луѓе, им дава шанса да се дистанцираат. Што води до следното, патување во групи. Спреј, високо ефективно, особено ако си сам. Храна, која треба да се чува соодветно, а во камп на минимум 100 м оддалеченсот од истиот. Бидејќи секако, ги привлекува истата. Избегнување предели каде се движат најчесто. Ако наидеш на мечка, остануваш смирен, полека отстапуваш и не правиш нагли движења. Ваквите препораки спасуваат живот. И секоја земја ги има за соодветни диви животни и видови од истиве. Следствено вакви упатства, поединци можат да си помогнат да се минимизира ризикот од негативни интеракции со мечките. Кои се упатствата за непознат маж со задни намери?
https://brightside.me/articles/what-to-do-when-someone-is-following-you-on-the-street-799030/ Само еден пример. Може колку сака препораки да има, не за џабе рекле диво животно е непредвидливо. Куче кое што ние го сметаме за најверен пријател може да изненади со напад. Тоа не значи дека ако следиш препораки, нема да те нападне. Но, веќе кога зборуваме за препораки, има и препораки како да се заштитиш и од предатори.
Бирам маж. Не ми е страв од мажи. Животно, не му знаеш никогаш што му е во паметот и што ке направи инстинктивно. Башка мечка напаѓа ако е гладна. Оваа анкета говори дека голем број жени имаат подсвесен страв од мажи
Исто како што секој човек е животно и за дотолку повеќе потенцијално непредвидлив. Јес, со ментални гимнастики за препораки од предатор. Веројатно најефективно е дистанцирање на безбедно без нагли потези и тоа ќе му ја спречи намерата. Статистичката преваленца вели дека нападите од луѓе, особено врз жените, се почести од нападите на мечка во многу области. Додека нападите од мечки се релативно ретки, инцидентите на насилство врз жените, вклучително и на отворено, се случуваат почесто. Жена што шета сама во шума може да биде сфатена како ранлива, што ја прави потенцијална цел за некој што сака да ја искористи таа ранливост. Мечките, од друга страна, обично избегнуваат луѓе и никако немаат задни намери. Средбата со мечка е застрашувачка и тоа е факт, но стравот од средба со друга личност, особено со лоши намери, за многу жени предизвика уште поголем страв и вознемиреност. И тоа никако не можеш да го минимизираш со ниту еден од линковите. Оти е многу валидно.
Прашањето не е толку буквално колку што изгледа, самата дилема кај жените што да се одбере е загрижувачка. И кажува многу, зашто немаме доверба у мажи, веројатно пошо ни дале многу причини да немаме доверба што од лично или од туѓо искуство.
Пак се навраќаме на моето. Поретко е затоа што мечки нема да видиш во диско, во маркет, на зумба. Но, пробај да влезеш во нејзина територија. Што вика статистиката, ќе те нападне или не?
Страшно глупава споредба ми е ова. Од двете зла, изберете го помалото Можеби ќе пробам да напраам некој муабет со маж, ама за скротување животни ич не ме бива. Скроз дадов двострук одговор
Во шума, да си ти, мечка, маж, поверојатно е сценариото дека двајцата ќе бегате или ќе се здрвите поради fight or flight ефект, отколку мажот да земе да ја напаѓа жената. Глупава споредба. Факт е дека човекот е најголем предатор, но на своја територија. Ако веќе бираш во шума да те пресретне маж или мечка, не знам дали сакаш мечка баш. Од човек ќе избегаш, ќе се бориш, од мечка со што ќе се браниш.
Не сме дошле на никакво твое сценарио. Не! Точно е дека мечките се присутни само во нивните природни живеалишта, додека луѓето можат да бидат секаде. Сепак, статистиката покажува дека мечките обично избегнуваат судири со луѓе, особено ако се звучни и внимателни. Така што, иако може да има можност за напад, ризикот не е еднакво висок како кај човек со задни намери. Дали во шума или во диско, скроз сеедно.
Како што мечките избегнуваат луѓе по твоето сценарио, така и не секој маж ќе те нападне. Која споредба и прашање се наметнува тогаш? Дали порадо мечка да ме нападне или човек со задни намери. Нормално, првото. Но, прашањето е маж и мечка. Мажот не знаеш дали ќе те убие или силува, затоа што не сите мажи се исти. Но, кога ќе ве стават двајцата и мечката, ќе молиш да го избереш мажот. Дали тоа значи дека немате доверба ни во мажите од своето опкружување?
Од толку работи што се случуваат околу нас и а од толку одвратни муабети што се имам изнаслушано од стрејт мажи, тешко е по дифолт да веруваш на непознат маж. Дури и дечко и маж и роднина и пријател често пати. Не ти го разбирам овој дел, извини лол.
Не е баш дека избегнуваат луѓе. Во подшарпланинските села на пример, се почесто се симнуваат долу меѓу луѓе по храна. Имаше и напад неодамна.Едвај се спаси човекот. Дека една жена би избрала мечка од 200 кг со силен инстинкт за храна и преживување,навистина можеби треба да се бара силната причина зошто имате толку многу страв од маж. Што ви направиле