Имаше и тик токс кај што татковци на ќерки одговараат на прашањево и не знаат како да одговорат/ја бираат мечката.
Па тоа е веќе патологија. Да имаш помалку страв од диво животно Елементарна логика. Маж иако е физички посилен од жена можеш да го решиш,мечка не можеш никако.
Косми, ја да видам дома пред вратата мечка, ќе чекам да си отиде. Ќе се исплашам, не викам не. Ама ако видам непознат маж пред вратата повеќе би се исплашила и веројатно би повикала полиција. Мечката има многу мали шанси да ја отвори вратата ама мажот секако ќе ја отвори ако сака да ми направи нешто. Побогу, и мажите дома шо ви се повеќе би се исплашиле ако видат надвор како дреме некој непознат и би повикале полиција.
Не е сценарио тоа, туку е факт од кој секако дека има исклучоци. И што е со манипулативниов наратив на генерализација, каде кажав секој маж? Дај жити се, имаме хипотетичка ситуација, односно прашање и непознат маж во несоодветна средина. И ова апсолутно не значи дека се падавичи пред непознати или недоверба во сопствено опкружување, иако и тука има многу насилство. Сакам да кажам, намали со лични претпоставки. Тоа што повеќето жени би избрале мечка, треба да те донесе до коренот на проблемот кој некако слабо го гледаш. Сериозен проблем со насилство врз жените!
Добро бе секој непознат маж на врата е предатор? Може е поштар, комшија, збунет некој што ја утнал вратата, двеста комбинации.
Мечката нема да ја отвори вратата , ке те зграпчи низ неа. Ко да не сте свесни колку опасен нарав има мечка. За секунда ќе те смачка ко палачинка.
Не знам што е несфатливо, две посебни реченици се? Зборувам општо од моето искуство и тоа што го сведочиме, не за конкретни луѓе како мои татко, дечко, другар....и да, како жена ќе се најдеш во секакви ситуации кај што не можеш да си го избереш друштвото ама треба да истрпиш.
Па и мечките не се сите исти, нема да те нападнат одма ако те видат. За мене секој маж е потенцијален предатор. И повеќе шанси иам да бидам нападната од маж отколку од мечка пошо живеам меѓу народ кај шо има мажи. Откај да знам јас кој каков е. За пред народ сите сме фини и културни. Скоро секој ден се соочувам со дофрлувања, cat calling, се влечат по мене, ми нудат пари за секс и шо ти уште не. А со деца сум човече. Ни децата не ги запираат. Па шо би ми напраиле на некое пусто место кај шо никој нема? И ова го иам доживеано и од познати и од непознати. Имав двајца другари, ги мислев салам, една вечер друштво соберени, овие се нарокаа и ме завлечеа позади една куќа и ми се нафрлија. Арно дојде една другарка и ме спаси. Денес тие се фамилијарни луѓе шо имаат ќерки. Во маж немам доверба, не за џабе Господ им дал втора глава, оти со првата не размислуваат. И втората не им ја бива.
Јебига неспан сум. Инаку не треба да си го истрпиш, ама тоа е друго дваесет, најверојатно во твојата глава ризикот не соодветствува на добивката. Ама немојте секогаш да го преќутувате, така се создава тој затуцан менталитет. Јас барем не го преќутувам
И после се прашуваат зошто би ја одбрале мечката. Сите ќе ми веруваат ако ме нападне мечка и сите мене ќе ме бранат а не мечката.
Сите го сфаќаме моментот со насилство врз жените ама вакви глупи споредби немаат смисла. Што е следно, дали ќе ми е полесно на душата ако некој ме силува или ми умре најблизок?
Аха да. Јас пишав еднаш дека куче ми се пуштило (и тоа од двор истрча) и лом ме направија мене дека сама сум си крива. Затоа викам во ситуацијава или Славиците или Анима Дундите ќе те распнат.
А ти шо очекуваш од овој народ? Од ова безредие, беззаконие ? Тука сите можат криви да бидат само мажот не.
Баш за тоа зборев де, ризикот по твојата безбедност и добивката во општествена смисла. Затоа ти реков дека можеби и не вреди секогаш.