Јас човек би избрала, лудаците и психопатите не седат у шума чекајќи некоја случајно да залута туку се до нас дома, в комшии, низ градот па ако те грабне може да те носи у шума или кај и да е да направи оние гадости назад спомнати,и крај краева па не секој маж е и лудак спремен за такво нешто Мечка фала не, читам некоја пишала ке викала ке мавала може ке избегала со тоа само поголема агресивност на мечката би поттикнала, во случај да си во близина на мечка треба да се правиш мртва за да те одмине што реално тешко изводливо кога ке ти Лепне главата в лице Тоа е огромно животно и не е мирољубиво, слободно повелете сретнете се со мечка Ја би сепак човек
Ако е ова Хенри Кавил, тогаш јас си ги пакувам куферите и одлетувам директно во Сонцето. До сеа праевме муабет за предатори и слични срања, а вие тука лиги ви течат на предатори, најбуквално за Кавил ова е релативно позната работа дека не се однесува соодветно со своите колешки...
Самата сфаќаш тогаш. Точно дека е понормално да очекуваш маж да те нападне околку мечка, затоа што не живееш во живеалиште на животни. Да не преувеличуваш малку за скоро секојдневното вербално и сексуално вознемирување? Јас не викам дека не се случува, но ако си сведок на такви ситуации скоро секој ден, значи може слободно да се процени дека секој маж е предатор, затоа што тоа не се исти луѓе и ситуации, рандом луѓе и ситуации. Значи дека и машките членови во твојата фамилија го прават истото на други жени. Го прават ли? Сите сме имале некакво лошо искуство со мажи, но тоа не значи дека сите се способни за силување и убиство. Маж ти би силувал или убил некоја во шума, бидејќи на неа ќе и е непознат?
Аaa немам читано за ова. Не му следам приватен живот, само ,,The Witcher" gо имам гледано со него. Онда мечката во двата случаи.
Појма немам за какви статистики зборите. https://www.theguardian.com/world/2...k-slovakia-liptovsky-mikul-state-of-emergency Словачки маж или Словачка мечка? Хм, знам некои Словаци, помалку се опасни од нивните мечки...ваљда Исто така- во шума не се шета сам. И си велите добар ден со тие со кои ќе се сретнете. Со мечка не знам што си велите.
Машки членови од фамилија неам, неам никаква фамилија уствари, освен маж ми, така да неможам да ти одговорам на тоа прашање. А може и маж ми да дофрлува, којзнае. И не генерализирај. Јас не кажав дека секој маж е таков, но е ПОТЕНЦИЈАЛНА закана за мене. Јас си знам како одам до некои места, каде шо само дрва има од страните. А да живеам меѓу животни, пак ќе бидам повеќе исплашена да видам маж, оти они се многу поопасни кога знаат дека нема кој да те спаси.
https://en.m.wikipedia.org/wiki/San...rse of six,animal attack in Japanese history". Еве зошто и не треба да бираш мечка.
Маж кога ќе те силува, има големи шанси и да те убие за да си го прекрие делото. Така да, подобро само убиена да бидам отколку и мачена и омаловажувана пред смрт.
Поентата е дека ако дојдеш на територија на мечка, ќе те нападне скоро секогаш, а ти секојдневно си во контакт со мажи, познати и непознати, па не дека тоа значи инстантен напад, со силување, држење во подрум 24 години и правење 7 деца. Ова се алармантни бројки, ужасни, но Ова е бројот на машки жители во Европа. Значи Се добива цифрата на мажи кои не извршиле сексуален напад. Која е тогаш веројатноста да налеташ попрво на предатор во шума и да те нападне, а која е да налеташ на мечка и да те нападне? Прашањето да беше поставено, дали попрво би останала сама со маж од Европа или Блиски Исток ќе беше подобро формулирано, отколку бирање на човек и животно кои не делат исти живеалишта.
E ова го гледав, мажите сами одговараа мечка би бил подобар избор. Значи свесни се на што се способни.
Хм, се "чудам" како жените од светот ја одбираат мечката. Како татковците на ќерки ја одбираат мечката.
Затоа што попрво би седеле на тик ток и треселе глупости, отколку да изгледаат барем еден документарен филм за суровоста на животинскиот свет. Воедно и општо нешто друго да прочитаат.
Ај сериозно, без теории и статистики... Се качувате на Водно до Крст, идете по патека која се дели. На местото кај шо се дели, стојат луѓе и ви велат на патеката лево се симнува мечка, а на патеката десно се симнува маж. Сериозно лево ќе идете?
Да де да, само вие тука сте најпаметни. Вие се знаете. Јас можам тука до утре да пишувам за секоја моја дешавка за сексуално вознемирување ама како велат, ситиот на гладниот не верува. Кој не доживеал, не знае и неможе да разбере.
Стравот може да биде и ирационален, Не мора да значи дека се жртви тие што би одбрале мечка. Ако не си жртва на маж , а се плашиш од маж треба да се открие причината на тој страв. Често пешачам и планинарам. Би тргнала сама и накај десет мажи наместо лево кај мечка.
Па затоа не се споредуваат. Ко тие што биле нападнати од животно треба да им речеме абе замисли да беше силувана, ќути си дупи си таму, ее големо чудо мечка/куче жив те има јадено, што ако си изгубил крв, си имал 200 операции, имаш лузни, трауми, страв, па и без нога и рака си останал, битно глава имаш, еее.