Јас не негирам што ти се случило. Ти си знаеш. Ниту ти се ситам. Се чудам на логиката што би избрале некои жени. Затоа што да нарекуваш секој маж потенцијален предатор ми е исто како секоја жена е курва. Има и од едните и другите. Не значи дека сите се исти.
Јас не споредувам. Јас си кажувам за мене. И јас сум била нападната од куче. Човече "потенцијален" не значи сите. Значи можеби е. Ако те стаат во соба полна со змии, а незнаеш која е отровна, од сите ќе се пазиш нели?
Да, затоа што секоја има потенцијал да те касне, без разлика дали е отровна или не. Еднава ќе те повреди, другата ќе те убие. Епа не е дека ставена во соба полна мажи сите ќе те повредат, еден ќе те убие.
Јас сум си претпазлива. Гајле ми е некој шо и како мисли за тоа. И нож си носам со мене. Поарно неговата мајка да плаче отколку мојата ( да ја имав).
Не е таа логиката дека сите се потенцијални предатори, логиката ми е дека доволно е да знам некој процент од нив за што се способни за да немам доверба. Знам дека сите змии не се отровни ама сите ми се страшни и ги избегнувам. Не знам да направам подобра аналогија.
Ne e promashena, realnosta e deka skoro sekoja zena imala losho iskustvo so mashka osoba. Znaci mnogu mazi treba prst na glava da si stavat i zaprashaat zasho vakvi odgovori..
По прашањево имаше убав дискусија ама ќе пробам да резимирам то шо ми остај впечаток: "прашањето маж или мечка и сите мажи повредени од одговорите се само доказ за како не прифаќаат "не" како одговор, шо е и главна причина зошто жените одбираат мечка". Линк. То е буквално се шо имам на темава. Јас викендов не можев да отворам ништо ама @RainBow премило ми е дека ја отвори зошто мислам дека стварно важни дискусии и прашања има. Гратис мим:
Wait, whaaat?? Има и мн. мажи со лошо искуство од жени, па скоро секој, пре би избрал жена, него ли мечка
Што ми е гајле за мажите, темава е наменета за жени, поентата е друга. Не за џабе многу жени низ цел свет одговориле мечка.
Па нормално оти жената ќе ја изберат, на мечката потешко им е да и го пикнат, може да ги ухапа . Ама може и тоа да биде, ништо чудно.
Не знам дали има поента поставеново прашање и споредба. За мене е тотално безврска, еве јас не сум имала кој знае колку лошо искуство со маж во животов, ама најголем страв ми се змии, мечки, лавови.... секој мозок различно доживува, и нема врска кој кого повредил, според мене.
Точно имаат ова е фемина-феминизам , па ајде има за жал и многу мажи силувани од мажи, геј, транс и стрејт.. Па статистиките кажуваат дека и они би ја избрале мечката.
За ова шо спомнавте дека "сите имале лошо искуство па не значи дека сите се лоши" оди со реториката "не сите (во случајов: мажи). И за то имало дискусии и дискусии на онлајн простор и некогаш ако има можност можиме нова тема. Ама идејата е ако една бонбона е отровна од 30, дали ќе се обидиме да ризикуваме? Руски рулет - ако еден е куршум, другите празни, дали ќе пукниме? Сфаќање лично на овие прашања е ептен ишкање на мувата.