Се прават грешки Арабела, знаеш колку жени трпат семејно насилство, сексуално злоставување заради лоша проценка? Па и колку има убиени заради истата? И на крајот пак жена вели зошто сте дозволиле..
Ако познат машки лик сака да ти наштети, не значи дека е пишано правило оти тоа ќе го стори и непознат. Тука само несигурноста на жените ја разоткрива прашањето и ништо друго. Еве, виралноста низ интернет. Докажувања/објаснувања и сл. Па тогаш ајде сите раскинувања од врска, разводи за вие што сте во брак итн.па да живееме ко некогаш.
Не, пошо него многу убаво го знам. Живеам со него во ист дом. Тука збориме за непознати. А од каде таа несигурност кај жените, си се запрашала ли?
Ама ти бил непознат. Зошто воопшто дозволи да ти стане познат? Зошто не ја избра мецата? Или сепак се следи тредот радо би меца, не знам зошто, ја нисам одавде.
@Adidas888 лично еве имам негативно искуство и пишувано во темата семејно насилство. Од непознат, верувај ниту малку не сум исплашена. Човек треба да се плаши од тие до него што се. Ама не сум го проектирала ова или етикетирала рандом човек дека сака да ми наштети или повреди зашто сум си го средила тоа со себе. Несигурноста се јавува зашто не се презема одговорноста за работење на себе.
И во тие теми иам пишувано, и ќе ти кажам дека џабе е ти колку и да работиш на твојата несигурност, колку и да ја лечиш или излекуваш, кога откако ќе излезеш од психијатарот може да се најде некој манијак и да те нападне. Значи не е до жената, аман луѓе, шо ви е на вас, до кога ќе ја кривите жената?
@Adidas888 не работам со психијатар, ниту земам антидепресиви. Има начини, само треба желба за тоа. И не ја кривам жената, посочувам дека тие се несигурности и секоја сама си знае од каде потекнуваат. Мала помош: од тие машки членови до нив.
Јас иам патено и од машки членови во фамилија и иам патено и од непознати мажи, така да, тоа ич не ми е битно. Маж неможеш целосно да го запознаеш никогаш се додека не почнеш да живееш со него. Обично тогаш си ги откриваат вистинските лица.
@Adidas888 и да живееш заедно, верувај ниту тогаш не го знаеш. Ама таа е скроз друга тема која треба посебно да биде отворена. Жал ми е што си имала негативно искуство со непознати.
Како знам дека е срање позадинава на трендов? Јас нема никогаш да се соочам со мечка намерно за да дознаам што ми мисли, затоа што ја бирам мечката. Но, жениве што го бираат мажот, дали ќе престанат да имаат интеракција со мажите, да се запознаваат и слично, кога веќе го бираат мажот. Не, а? Значи фул од шит, глупости.
Ти мислиш дека е срање. Тоа шо немаш доживеано некое лошо искуство ( и фала бого шо немаш) не ти дава за право да викаш дека било фул оф шит шо жените радо би биле убиени од мечка отколку силувани од маж. За тебе може е фул оф шит, за мене и милиони други жени не е. Оти ние се имаме соочено со реалноста.
Се надевам имаш 12 години, лимитиран пристап до интернет и информации што се случува во светот и окули тебе. Кулирај така е.
Прашањето е од шо повеќе ќе се исплашиш во пустелија, од маж или од мечка. Јас ќе се исплашам од маж, и затоа ја бирам баба ти меца.