Виртуелна радосница

Дискусија во 'Дете' започната од promeneta, 11 март 2016.

  1. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.548
    Пол:
    Женски
    Темата ја замислив како еден вид радосница (или виртуелен дневник) во која ќе пишуваме за своето дете, бидејќи многу брзо забораваме на некои скапоцени моменти (кога што научило, направило, кажало,...).
    Целта ми е кога ќе потпорасне, да можеме да се потсетиме што, како било пред година или две :).

    Во темата може да се зборува за се', ама доколку сакаме некој совет или искуство, да не ги запоставиме и другите теми :!:.

    Исто може да ставаме и слики од нив кои ни се интересни, смешни, од родендени...:).

    Темата е за оние како мене кои на долго и широко може да пишуваат за своите деца, а секогаш се офф топик во другите теми :D.

    Еве јас ќе почнам (ќе биде дооолг пост :!:):

    Моето црвче е 27 месеци :inlove::l:.
    Се роди тешка 3.кг., долга 51цм. со царски рез.
    Како бебе немаше грчеви (фала Богу), па беше многу мирна.
    До 5ти месец спиеше како бебе :rofl:, а после тоа, леле мори мајко :worried:.
    Се буди често за млеко, ќе се напие голтка, две и пак ќе заспие, а јас ќе дремам како сега на Фемина :yawn:.

    Првото запче ни излезе на 6 месеци, единица доле :inlove:.
    Денес има 18 запчиња, од кои само за еден имаше големи плачки ;(, другите излегоа лесно и неприметно :). Само нека се редат, здрави, бели, убави бисерчиња како и до сега :inlove:.

    Првата настинка ни беше на 9 месеци со температура и растечен нос, па почетно воспалено уво после некој месец, температура после вакцината МРП, и уште еднаш температура од вироза.
    Не сме имале никакви бактерии, ни јаки вируси, се' поминуваше за 3 дена :).
    Еве веќе, фала му на Господ, 14 месеци како сме здрави како дрен :inlove:.
    Немаме искуство со пролив и повраќање, чат пат со тврда столица и тоа е :).
    Само на едното око и' излезе халазион (јачмен, смичок) кој уште и' стои, ама почна да се намалува :).

    Вакцините ни се примени сите до сега, без никаква реакција, освен од МРП кога имаше температура и благ осип :(.

    Прооди покасно од другите деца, на 2 години, ама за зборување и' нема рамен :).
    Првпат името си го кажа на 13 месеци, а на 18 ја сврза првата реченица: Бљатчето се вика Џољџ (на Пепа прасе) :inlove:.

    Е сега за карактерот на црвчето ]:).
    Како што беше бебе, и сега е од мирна помирна.
    Не растура, не крши, не се инаети, многу е педантна (не сака да јаде и пие сама, а може, само да не се извалка), а и многу е разлигавена :D.
    Секогаш сака да е во центарот на вниманието и интересно е дека го очекува тоа, како да се подразбира само по себе 8).
    Имаше периоди кога не даваше никој да ја чепне, освен јас и домашните (мм, свекрва ми, сестра ми, мајка ми и татко ми) и не делеше играчки со никој, ама почнуваме полека да го надминуваме ова.

    Ги нафрлив така податоците, требаше порано да ја отворам темата, сум почнала да заборавам (а и' водев и дома радосница до 1 година) ;(.

    Моментално сме во фаза каде нон стоп шетаме, надокнадуваме за првите 2 години, и зборуваме ден и ноќ без престан (дури и во сон :!:).

    Од толку изгледани песнички и цртани додека не одеше, има огромен фонд на македонски и англиски зборови, ги знае буквите и броевите до 10 (ама на англиски), боите, сите можни инсекти, животни, овошја, зеленчук, превозни средства, се' што не' опкружува...
    Зборува мешано на двата јазика: Зујам како ФЉАЈ (мува), Дај ми АПЛ (јаболко), даваат ПИНК КАР (розова кола), пее песнички ТРИЛИЛИЛИ КИТЕНС (three little kittens) :rofl:, ВИ ШО ХЕ НО ПАЈ (we shall have no pie) :?: :D...

    Исто, на година и пол си го кажуваше името и презимето, а сега се претставува како бандитот М (буквата М (facepalm)), а чат пат знае да биде и јаболко, робот или што ти не :rofl:.
    Сите сме крстени по една буква, па јас сум W, мм е N, свекрва ми е B, сестра ми e I, татко ми е D, мајка ми е V :D.

    Најголема љубов и' е ПЕРНИЦАТА (мојата) и она е буквата P.
    Неа ја бакнува, и' кажува дека ја сака најмногу на светот (facepalm), ја прашува дали е тажна, болна, и' дава да јаде, пие, ја облекува... (а играчки има 3 корпи и цело креветче, ама не е битно, перницата е најинтересна :@ :inlove:).
    Ако видете некој како шета со дете и перница во кола, да знаете кој е :rofl:.

    Навечер пред легнување ни е најубавиот период на гушкање, галење, изјавување љубов :inlove:.
    Се гушкаме тројцата, и она ни вика, ЛАВЈО мами, ЛАВЈО тато, ЛАВЈО перничко...:x.

    Кога ќе се завртам на другата страна (демек се лутам) ми вика, ОоООо мАаАаМО, да ја најдеме дупката на мама (папокот) и почнува да ме скокотка :rofl:.

    И дај сопрете ме, оти отиде една страна само од мене напишана :tmi:.

    За крај да кажам дека ќерка ми е мојата љубов на прв поглед (буквално) и смислата на мојот живот :l:.
    Ја обожавам :inlove::inlove:.

    Се надевам дека ќе пише некој во темата, да видиме колку исти, односно различни се нашите деца :inlove::l:.
    Ако има слична тема, слободно Канта :(.
     
    Последна измена: 11 март 2016
    На tina-63, Kaetana, vitamina и 28 други им се допаѓа ова.
  2. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.548
    Пол:
    Женски
    Толкав пост напишав и пак заборавив некои работи (facepalm):

    Не ја доев, за жал ;(, па беше на вештачко млеко :(.

    Користевме цуцла од 20 дена до 9 месеци (кога настина), не беше зависна, па сама си се одвикна од неа.

    Иако е како дрвен адвокат, се' уште не ги кажува најбитните работи:
    1. кога ја боли нешто (и почнува да зборува кинески :?:)
    2. за мочање и какање :(.
    Ама кога ќе се стопли, тоа ни е прво за правење :).

    Исто не ја напишав најбитната особина на нејзиниот карактер: СТРАВОТ.
    Се плаши од играчки што свират, светат, се движат (па на сите играчки им се извадени батериите), од сончеви зраци по ѕидовите (facepalm), од непознати постари особи, инсекти...
    Ама не е некој паничен страв, туку повеќе причина да дојде да се гали (дипломатот на мама :inlove:).
    А имаме маче и него партали го прави, нема страв :?: :D.

    Има голема имагинација, па селотејпот е колаче, римелот е нож, витаминската крема е торта, пудрата моја е соларник, чепчето (паднало од нејзината ташна) е чоколатце...(facepalm):lol:.

    Еве сега со ножот (римелот) сече торта (кремот) и и' дава на Пто (перницата) :rofl:.

    И така, сама си направив муабет, ама не ми е првпат :rofl:.

    Овојпат барем вредеше :inlove::l:.
     
    На Kaetana, jasna83, sugarlips и 16 други им се допаѓа ова.
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    27.078
    Да и дадеме шанса на темата, мислам дека еден ден кога ќе ѕирнеме што сме пишувале, ќе ни се вратат спомените од растењето на нашите малечки.
    Претпоставувам овде ќе има долги постови...

    Леа беше буцко бебуле, цицаше многу, имаше страшни грчеви, немаше ред на спиење (се будеше на секои 15мин, 30мин или макс 1 час). Најголем проблем имавме со неспиењето,често ми се будеше ноќе, се расонуваше и сакаше да се играме. Така си седевме безброј ноќи будни, се доевме со саати, се нишавме за да заспие. Ја нишкав по цели часови за да заспие, таман ќе ја оставам во креветче...ете ја за 15 минути свежа и наспиена...спремна да ме дружи до разденување. Реално беше напорно бебе!
    -Се доевме до 13 месеци и се одбивме лесно (јас плачев а таа не)
    -Прво запче на полни 6 месеци- речиси сите заби и излегоа без потешкотии.
    -Прво зборче - тата и баба... мама не се сеќавам кога кажа
    -Прооди на 12,5 месеци без претходно да не предупреди дека ќе зачекори, поточно немаше паткање,немаше движење со придржување по мебел и сл. туку наеднаш смело се отпушти и прооди.
    -Омилено јадење и е круша, а најмногу мрази блитва или спанаќ. Ред на јадење сме имале одсекогаш, па и сега се придржуваме на ,,војнички режим,, 3 оброка и 2 ужинки. Има апетит, јаде супер, но секогаш се храниме низ игра или со песнички пред компјутер.
    -Првиот одмор ни беше на море во Грција и одвај ја вадевме од вода, уживаше да се бања.
    Поточно невидени радости сме кога ќе дојде моментот за бањење, скока низ цел стан нестрплива за да се бања. Не паметам досега да ми плачела за време на капење, буквално вода и пена низ очи да и тече таа се смее и радува, ужива!
    -Не би рекла дека често се разболува, дури сметам дека има добар имунитет... ама паметам еднаш дека ми крена тт до 39 и поминавме со антибиотик и инекција. Оваа зимо само одвреме навреме кашлица, и толку...
    - Сметам дека не е многу комуникативн дете, не зборува со непознати дури и не сака да ја допрат. Не одговара на прашања, море збор не изустува пред непознати.
    - Не е љубоморна, засега! Многупати пред нејзе сум гушкала други деца а таа не реагира бурно, напротив ми се придружува и таа го гушка детето!
    - Не е плачка....дефинитивно ова ми е најчудниот дел од неа. Паѓа од стол - не плаче, паѓа на улица -не плаче, и земаат крв - не плаче... Многу ситуации кога знам дека ја здоболува само ќе направи намрштено фаце ама плачење -јок. Моментално има модрица голема на челото, никој не знаме кога се удрила.
    - Омилена играчка бебе Ана. Многу си игра со кукли, и менува пелени, ги нишка, ги шета, ги храни, им пее песнички... Се што јас нејзе и правам таа им прави на куклите. Обожава и разгледници , книги со сликички и ем се едуцираме ем се забавуваме додека ги разгледуваме. Воглавном знае да игра со играчки и во последно време често купуваме нови!
    - Во последно време забележувам дека сака да манипулира, ако не е по нејзино станува лошка... и најновата навика мава со играчки насекаде, па дури и во тв, а се има случено и телефоот да ми го тресне од земја (од тогаш наваму не смее да го допре).
    - Не сака одење по гости (освен кај баба, тете и нина) Кога сме кај некого на гости каде ја ограничувам во ,,истражувањето,, за брзо време бара да ја носам дома! Инаку сака прошетки низ маало или во парк, но гости во затворен простор- јок!
    - Си има стекнато некои навики и рутини, пример после јадење сама вели ,,бриши уста и раце,, наутро бара да миеме заби ,, ајде заби,, , пред спиење бара да и ги облечам пижамите и да и дадам млеко ,, ајде нане,,
    - Интересна ми е кога ќе најде некое ѓубренце низ дома (книшка, ронка било што), го зема и одма го фрла во корпа без никој да бара од неа, а и големо друштво ми е кога чистам (јас со крпата и таа крпа во раце, јас правосмукалка и таа играчка правосмукалка )
    Тоа е Леа, интересно детенце!
     
    На vitamina, jasna83, Manuela. и 12 други им се допаѓа ова.
  4. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.548
    Пол:
    Женски
    Да не беше Снегулка, ќе си ја прекрстев темата Моето црвче и ќе немаше ни кој да се побуни :D.
    Знаев дека заборавив уште некои работи, па сега она ме потсети :).

    Црвчето мое обожава да се бања, по цел саат кисне во вода и маки нема.
    Никогаш не плачела во вода, ама сега оти со подолга коса почна да се буни кога и' ја мијам косата :@.

    Не знам како заборавив Тара да ја спомнам (facepalm).
    Тара е кукла која сама си ја крсти (Таља) уште кога беше многу мала.
    Си ја фати во десната рака и 3 месеци не ја пушти од вратот (само за спиење). Од толку држење за вратот моравме да и' ја шиеме главата, почна да се распаѓа, а не сакаше ниедна друга кукла.
    Кога ќе ми текне како шетавме секаде со распарталена кукла (на толку играчки и кукли) и на сите слики од тој период е со неа.
    Наеднаш ја остави и сега не сака ни да ја види.
    Ама од тогаш и' остана навика нон стоп да има некоја играчка во десната рака. Значи СЕКОГАШ!

    За комуникативна, порано пишав дека не даваше играчки, не сакаше други лица, ни деца, ни стари, ама во последниот период пријатно ме изненадува со гостите. На сите кажува здраво, чао, дава да ја бакнуваат, со децата си игра, играчки дели, нон стоп зборува, како да нема непознати во просторијата.

    Првиот збор и' беше мама, ама така несвесно, не да ми се обрати.
    Свесно си го кажа нејзиното име Цаци (гледајќи по сликите во собата каде е).
    Сега зборува течно се', а колкав фонд на англиски зборови и фрази има, и јас се чудам.
    Од инсекти, овошје, зеленчук, животни, форми (коцка, круг, триаголник), месечина, сонце, бои, букви, бројки...

    За одењето кажав дека прооди покасно (никогаш не лазеше), ама не кажав колку солзи се пролејаа додека да прооди :(.
    Фала Богу овој период е зад нас, па сега не седнува цел ден буквално. Оди со саати без престан, ама уште не може да стане и да седне од рамна подлога (оти треба да ги користи двете раце, а едната секогаш и' е зафатена со играчка :@).

    За навики, и она има навика да побара салветка или влажно марамче да се брише, мрази неред, валканици, кога некој ќе кивне кажува наздравје или ако она кивне вика здравје да имаш, ако те удри вика извини, ако и' дадеш нешто вика фала...

    И уште не знаеме да пиеме сокче од цевка, не знам ни како да и' објаснам да ја научам :(.

    Ај толку сега за сега :!:.

    @snegulkata, колкаво е твоето црвче Леа? Поздрав до тебе и бакнежи до неа :*.
     
    На Kaetana, vitamina, jasna83 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    27.078
    @promeneta 23 месеци имаме, наредниот месец втор роденден ќе славиме па сега веќе учиме да дуваме свеќи и пееме ,,бдееејј тууу јуууу... ,, Многу сака да пее и често ми вели ,,пеј мама,, па можете да замислите како ни е цел ден, готвам и пеам, пружам алишта и пеам, бришам прашина и пеам... и тоа исклучително ,,нејзини хитови,,

    Ајде други мајки, споделете нешто со нас од растењето на вашите дечки!
     
    На Kaetana, jasna83, Manuela. и 4 други им се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.553
    Допаѓања:
    25.784
    Оф, колку би сакала, ама самата тема си бара долги постови, а јас немам баш време. Се надевам ќе пишам и јас наскоро :)
     
    На Kaetana, jasna83, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.548
    Пол:
    Женски
    @snegulkata, и ние сме исти со пеењето, само што она сега почна да пее песни од цртаните што ги гледа и си има своја кореграфија :lol:..
    Ќе го зема нејзиниот чешел како микрофон (затоа што мачето Анџела прави така во Talking Tom) и по цел ден пее делови од една песна на Анџела и вика, ПРЕЗЕНТС (и тука се поклонува), КЕНДИ КЕЈН (тука дига рака) и на крајот РЕИНДИР и почнува да маршира :rofl:.
    Јас и мм сме публика и мора секогаш да седиме на исто место додека се одржува претставата :!:.
    А кога и она беше на возраста на Леа, сакаше многу приказни да кажуваме, ама измислени, за црвчето, за перничката, за чоколатцето... Па и јас ав некоја креативност што не знаев дека ја имам :lol:.

    За вториот роденден на нас темата ни беше My little ponny, вашата која ќе е?

    Стварно е поинтересно и друг кога учествува во темата, се потсеќаме на многу работи, па се надевам и јас дека уште некој ќе пише :).

    @zuto, те чекаме и тебе :!: :D.
     
    На vitamina, jasna83, Manuela. и 5 други им се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.784
    Допаѓања:
    17.341
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да го опишам ова мало човече,κое ни го смени животот за 360степени :)
    Бρеменоста ја поминав 99% во леснотија а бебчо до 7ми месец беше девојче,т.е таκа ме лажеа. :)
    Поρаѓај исто имав лесен за на свет да дојде големо бебе најмиρно на цел свет. Сκоρо тρи месеци ние дома κаκо да немавме бебе. Само спиеше и цицаше,а од 3месеци лежеше точно до 9полни. Пρвото запче излезе на 6месеци,тогаш имавме и пρва висоκа тт а се поκлопи и со неговата пρва Нова година(па замислете κаκо поминавме :) ) Одледувањето и помошта оκолу син ми ги успевам да ги свρшам сама. Освен воспаление на уво,немаме неκои посеρиозни болести и може само 2-3 пати да сме пиеле антобиотиκ.
    Пρвиот збоρ му беше ба-ба,а сега со неполни 20месеци сече-пече,збоρува се. Не е плачлив,повρзан е само со мене и мм. Игρачκи омилени нема,ама обожава топκи и сешто има тρκало :)
    Κомуниκативен е,збоρува со сите. Интелигентен е,помни се и сешто. Саκа да се вози со сеκое пρевозно сρедство. Бањањето го обожава,шлапκа се ρадува. Посеρиозни пρоблеми и плачκи,немаме.
    Гледа јутјуб и повтоρува,пее а сега ужива да ја гледа свадбата на мама и тато и сите игρаме оρо и плесκаме :)
    Интеρесно е што мене и мм ни се обρаќа со "мајκа ти" и "татκо ти" а не "мамо" и "тато".
    Омилено јадење му се супи и манџи(иаκо не одбива ништо што ќе пρиготвам)
    Во глобала тоа би било тоа,сρеќен е сеκој миг поминат со ова мое мало човече,за κое живот би дала.
     
    На Kaetana, vitamina, jasna83 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.548
    Пол:
    Женски
    Ај што никој не пишува, па и јас си ја запоставив темата :lol:.

    Бидејќи си ја водам како дневник за моето црвче, сакам да одбележам кога го доби првиот белег и каква мала кумичка беше :inlove:.

    Пред една недела крстивме едно мало бепче, а нашата Енџела :lol: беше права, послушна, примерна кумичка :).
    Пееше и таа додека попот пееше, ама тоа не е битно, и така попот никој не го слуша :D.

    Два дена пред да одиме на крштевка, се сопна и падна и си ја удри брадичката ;(.
    По совет на педијатар ја мачкавме само со јод, ама најверојатно ќе остане белег :(.
    Сепак Господ ја чувал од полошо.
    Не плачеше многу ни кога падна, ни сега, исто како да нема рана.

    Овие денови ја мачат и горните петки, едната е пробиена, а другата пробива.
    Покенкава е од обично и претерано си ги трие очите и главата, како да ја боли нешто.
    Се надевам од забите е :(.

    Исто, до скоро се обраќаше во трето лице, а сега се обраќа во прво лице, јас сакам... јас правам...јас одам...:inlove:. Инаку викаше, Мто сака...Мто прави...Мто оди...:D.

    За некој ден треба да одиме за Бугарија да ја сликаат за бугарски пасош, па се надевам дека убаво ќе поминеме.

    Имаше уште нешто, ама ај за наредниот пост да оставам нешто :lol:.
     
    На Kaetana, vitamina, jasna83 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    24.643
    Пол:
    Женски
    Ajde da ne se @promeneta @snegulkata i @LaDyDoLl sami da piseme i nie nesto.

    Sinko sega ima 16 meseci roden e na 26.11.2014 godina so carski rez.
    Roden e 3100 i 53 cm,a od bolnica izlegovme so 3330 grama.
    Kako bebe bese mn nemiren i placliv.Seuste e:rofl::rofl::rofl:
    Imavme grcevi mn izrazeni pistese,placese do pomodruvanje i povrakjanje.
    Bese na ekskluzivno doenje,imase periodi koga mi bese 24/7 na gradi i vo race.
    Duri na 10 meseci nekade odprilika uspeavme da go dovedeme vo red denskoto spienje a nokjnoto uste ni e katastrofa uste se nadevam deka ke smeni i ke nauci da ja prespiva cela noc a ne da seta kako zombi niz krevet,ama slabo nekako.
    Prv pogolem problem imavme koga imase 3 meseci i odbivase da cica,imase proliv skoro cel mesec i pocna slabo da napreduva,ama so upornost i izveduvanje sekakvi finti uspeavme da go nadmineme i toa.
    Zabite do sega gi vagjase bez problem samo posledno za dvojkata dole mi krena tt.
    Prvo zapce mu izleze na 8 meseci,proode sam se pusti na 11,5 meseci.Seuste ne zboruva se trudi se maci nesto da kaze i se nervira mn.Kazuva nekoi zborcinja ama ne jasno.Prviot zbor mu bese ma-ma a sega me vika papa.
    Do sega dva pati bil poseriozno bolen sme primale antibiotik prviot pat grloto,pa tt pa mu se spusti na plukja,a vtoriot pat virus so tt,proliv i povrakjanje primi 2 ili 3 infuzii vo glavce.
    Od mal sakase vo race i nisto drugo,taka da transporterot,relaksatorot i kolickata ni ostanaa novi zdravje za vtoro detence:D:D:D
    Prv pat od krevet padna na negovi 3 meseci za mene pregolem stres mislam zivotov mi se skrati 10 godini.
    Seuste e nesmasen mn trca i pagja i se udira ama ispraksan e sega;);)
    Prvo vnuce e od kaj strana na mm pa mngu go mazat i kejfovi mu pravat posle jas patam ama ajde neka bide.Samo toj da e zdrav i prav.
    Krsten e krsevka mu pravevme koga imase 7 meseci.
    Za prviot rodenden pominavme super duri i sam si ja duvna svekickata edvaj go nauciv.:rofl::rofl:
    Do sega gi ima primeno site vakcini posledno pre dve nedeli ja primivme MMR,slednata ni e vo juni.
    Obozava deca,saka da se guska i baknuva.
    Sega zasega toa pa ke piseme uste nesto.
     
    На Kaetana, vitamina, jasna83 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    23.862
    Пол:
    Женски
    Преубава тема за нашите најмили, најсакани душички.
    Кога ги видов двете цртички плачев од среќа, да пресреќна бев, помалку и збунета и исплашена од новиот и најубавиот предизвик во животот. Бременоста ми протече одлично и лесно ја поднесов, повратив само еднаш, а од одредени миризби, манџи само ми се лошеше и ете до ден денес имам одбивност кон некои јадења. Синко беше мирно бебе уште внатре, баш се радував на ретките моменти кога ќе клоцнеше посилно. На крај од бременоста, во девети месец крвниот притисок ми беше висок, го намалував со метилдопа. Се породив со царски поради поминатиот термин и високиот притисок, анестезиологот ме убеди да не одиме со целосна анестезија баш поради првата средба со бебуш, ми рече само за кратко ќе го видиш, ќе го слушнеш неговиот плач. Првата средба беше прекратка и преслатка, ми го доближија, си го бакнав, заплака малку и готово заборавив дека сум во операциона сала, се завртев накај него и го гледав додека го мереа. Следната средба ни беше по повеќе од 24 часа, бидејќи лежев на интензивна, а таму не ги носеа.
    Ух тие мигови ми беа најтешки, не од болка, туку што не можев да бидам до него. Кога ме преместија во соба и ми го донесоа не се одвоив од него, по првото станување многу бев на нога и брзо се опоравив.

    Синко се роди 3800 и 53цм. Најмногу ми е жал што не го доев, немав млеко, многу бев разочарана поради тоа, плачев многу ама Божја волја.
    Првиот месец го поминавме со повраќање, не верувам дека беше до АД млеко, туку си беше ( и си остана:) ) стрвен, знаеше да го испие набрзинка. Не видовме многу мака со грчеви, многу му помогнаа капките.
    Со спиењето си беше примерен, си стануваше за млекце, ретко од грчеви па тогаш си се држевме, во раце ми спиеше додека не се потсмири.Летниот период знаеше понекогаш да се расони кај 3 или 4часот па да си играме или гледавме бејби тв додека му дојдеше дремка. Во никој случај не беше бебе кое цело време сака во раце, сакаше слобода да има простор каде да се размрда. Ете и ден денес мало му е креветчето па сред ноќ се префрла кај нас, му остана навиката откако беше болен. Богами и креветов наш му е мал(facepalm) моментално сме сами и ај што се преместува, туку последниве вечери неговата глава е кај моите нозе, ставам прегради да не ми излета од кревет главечки.
    Уште мало го учев во галама да спие со музика, тв и спиеше да, ама до кога, можеби до кај 7 месеци...оттогаш наваму премногу лесно спие, се буди при најмал звук, е баш во тоа ли се погоди на мене.

    Со заби сме немале мака оти ги немаме се уште:rofl: има 14 месеци и тек сега отечени му се двојките горе, едното е значително поотечено и побело, па се надеваме скоро да се радуваме на долгоочекуваното запче.
    Додека беше помалечок до целта си стасуваше превтувајќи се на меше, па на грб и се така низ цела соба. Потоа не знаеше да лази, туку си пузеше како војник, касно пролазе убаво пред 11м.
    Во дубаче го ставав од 7м до 11м, го обожаваше, уште на сам почеток додека се возеше си викаше брм, брм, за брзо време го испракса толку добро што се залетуваше со него низ дома, ех радости се дур не му здосади и му откажа љубов. Откако почна сам да се исправа, да стои толку беше не го погледна повеќе.

    За брзо време откако сам се исправи, почна да се движи по комода, масичка, кревет, по се за што можеше убаво да се држи и така беше до пред две недели. Некаде последните денови од март почна сам да зачекорува, да се пушта, најпрвен по неколку чекори па ќе паднеше на колена или ќе се фатеше за нешто, а сега оваа недела го гледам е се постабилен, оди повеќе и си замислува дека е толку искусен што на моменти се заборава и знае да се затрча, па да падне на колена. Кога иде накај мене, го чекам со раширени раце и се џитка да се изгушкаме:inlove: Пресреќен е што го чекам, а и пресреќен е што знае веќе да оди.

    Си се заигрува сам од поодамна, најчесто си игра со коли, камиони ги вози и секако ги превртува наопаку и си игра со тркалата, ги врти. Имаме и од оние шарените топки, голем дел со нив исто се заигрува, ги брка, ги фрла, интересни му се и лесни дека така траскаат на паркетот.
    Немаме многу богат фонд на зборови...оние веќе од поодамна научените мама, баба ( кои му беа први зборови или брм му беше првиот хмм:?: ) тате, деде, тете, папа, нана, омилениот негов збор бебе, аде за ајде, др. не ми текнува секако ќе надополнам тука сме:)
    Многу сака да оди папа, на дечиња секако се радува, друштвен е никогаш не бил срамежлив, и да не го задре некој сам се задева и знае да привлече внимание посебно тетките во продавници:rofl:
    Со јадењето немаме проблем, скоро се јаде.

    Заклучок, во глобала не сме проблематични бар досега, тој е смешко наш:inlove: кој во последно време сака да се гали и гушка.
    Сигурно има уште за пишување, додавање ама тоа накнадно, веќе се изморив.
    Добра ноќ.|-)
     
    На Kaetana, vitamina, jasna83 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.548
    Пол:
    Женски
    Гледам сум напишала дека ќе пишам како си поминавме за Бугарија, а тоа беше пред повеќе од месец, а јас ништо не сум шкртнала :x.
    Бевме за Благоевград да го сликаме црвчето за пасош и си поминавме СОВРШЕНО!
    Добро, не баш совршено, оти црвчето не' почасти со една 1000ка на ВИП, откако се вклучила на роаминг да види што има на фб :lol:.
    Ама најблиску до совршено беше, мирна, расположена, паметна и послушна :inlove:.
    Мм отиде во странство на 15.04. и пред тоа правевме крвна слика на црвчето и се' излезе супер, пак мирна, не ни осети кога и' извадоа крв.
    Мм отиде, црвчето го спомнува често, не плаче по него, ама низ муабет кажува каде е.
    Сега за сега е супер, многу нови работи има научено.
    Гледаме Пепа нон стоп, ги знаеме епизодите напамет и ги применуваме во секојдневието, зборуваме и на дијалект, и литературно, и англиски...
    Уште не сме почнале со одвикнување од пелени, чекаме топло време, ама никако да дојде :).
    Почна посигурна да се чувствува при одењето, да изведува бесни глисти, ама сеуште не стануваме од рамна подлога :(.
    Најновото овие денови е хистерично плачење пред соблекување и облекување горен дел од облека (кога треба главата да ја ставиме или извадиме).
    Ништо не е сменето од пред тоа, значи НИШТО, а таа од периодот кога сама бираше што да облече и помагаше при облекувањето, сега вришти уште кога ќе види дека ќе ја облекувам.
    Пробав со апсолутно СЕ', и со добро, и со лошо, со пискање, низ игра, на карта на сожалување (facepalm), дека ќе биде чиста и модерна, па дека ќе и' се смеат ако не ја облечам, па со заканување, па со подарок, ни - што!
    Не ја боли ништо, истата облека е, секогаш јас ја облекувам, околината, секојдневието, се' е исто.
    Наеднаш почна тоа да се случува, од смеење при облекување до вриштење без никаков повод.
    Се надевам дека е само период, нервите ми ги кине со плачењето како буквално да е на колење.
    Единствено што малку допре до неа е кога и' реков дека и Пто е тажна кога она плаче, па почна да и' се извинува на перницата (facepalm), и беше малку помирна додека ја облеков.
    Тоа е сега за сега, кога ќе научиме нешто ново, ќе пишам пак (после месец и повеќе :D).
    Сама на себе си кажувам :!: :wasntme: :rofl:
     
    На Kaetana, vitamina, jasna83 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.272
    Допаѓања:
    106.334
    Пол:
    Женски
    Моето галапче се роди на 15.04.2015 во 22:30 часот.
    3850 гр и 54 см.
    Татко му ми рече дека кога прв пат сум го погледнала сум му изгледала многу незаинтересирано за детето а јас не се сеќавам.;(
    Со царски рез од кои имав дополнителни патешествија ама за тие работи не би во оваа убава тема.
    Се роди во првата недела од деветтиот месец од кои седум ги прележав во болница.

    Лежеше на моја лева страна и не ми се веруваше дека нашето херојче издржа. Конечно му ги видов очите. Толку мало,тажно и безпомошно. Да,да,уште тогаш лицето ми изгледаше дека е тажно.
    Па кој не би кога извиткан како фишек и гладно?
    Одкако се освестив го ставив до мене и со него спиев ден и ноќ цели осум дена дур лежевме во болница и така е и ден денеска кога пишувам а има скоро 13 месеци.
    За името одлучи татко му,по името на неговиот татко.
    Сеуште не одиме а имаме пет запчиња само.
    За првиот роденден имавме тема по неговиот омилен цртан.
    Wheels on the bus..

    Орвото зборче му јеше Мама,на три месеци. Тоа беше сврзување на две Ма ма при гугање. Имав сведоци.:D

    Најчесто вика баба и брм брм.
    Тие два збора се за се.
    Ако сака вода,брм брм,како вика овцичката брм брм,наместо ба ба кое го знае од цртаните.
    Знае и за мачето ама вика Ма ма место мјау мјау.
    Кажува колкав ќе порасне и колку години има.
    Ама кога сака.
    По коли,трактори, мотори и се што брмчи е како споулавен.
    Дома по цел ден има нешто во рака и го вози.
    Касно пролазе. Сигурно имаше девет месеци.
    За прв пат го ишишавме на 11 месеци оти сите што не беа го виделе и не знаеја што е,прашуваа како се вика девојчето. Татко му се :@ а јас се :D.
    Маки исусови мачиме со нејадење и хемоглобинот.
    На прсти се брои што јаде.
    Најболно од се ми е тоа што не го задојав а имав млеко...

    Продолжува.
     
    Последна измена: 10 мај 2016
    На Kaetana, vitamina, jasna83 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    27.078
    Ние сме веќе полни две години, ехеее голема е Леа веќе. ^_^
    Ова ми е период кога забележав некои промени кај неа па нема да испуштам овде да ги пишам за еден ден ако читнам убаво да се присетам како и што било.

    Забележувам многу забрзан развој на говорот. Многу зборува, буквално муабет си правиме за птиците што летаат, за животните, за баба и деде, за сосетката... Поставува пршања, односно забележувам дека станува љубопитна за се што се случува околу нас, исто така и одговара на поставено прашање- поточно разбира што барам од неа и знае што треба да одговори. Веќе разговорите течат со цели реченици, раскажува ситуации, шпионира :lol:, поставува прашања и поврзува кој каде оди и што прави.
    Интересна ми е кога ми се улизнува, пример прави белја и уште не сум видела што направила ми вели ,,мамицеее, мамиии, мамичкоо,, Итрица е! Еднаш ја терав да се извини после направена грешка и сега веднаш вели ,,звини,, за се што ќе погреши. Е ајде де издржи па лути се ако можеш!

    За некои работи е многу разбрана, особено пред народ не се противи. Пр. Ќе го купиме само тоа и крај, ќе се водиме за раче и нема противење... Но дома веќе сме друга ситуација, се нешто бара и во секунда се премислува, сака па не сака, понекогаш на глава ми се качува и често сме ,,налутени,, па после ме раскажува кај баба и дека сум ја карала. Сака да ме манипулира, признавам дека често и успева но знам некогаш и јас инат да терам па ја оставам да плаче дури не сфати дека нема мајтап да игра.

    Инаку веќе имаме другарка од маало поголема за две години. Ова особено ми се допаѓа бидејќи сакам да минува време и со деца за да научи да игра, да подели со други, да се снаоѓа... Е сега, игрите и не се нешто многу интересни и се под моја контрола, но заедно се нишкат на лулките, па собираат цвеќиња и сл. Но мислам дека убаво им е заедно и затоа секојдневно ги оставам да поиграт некое време.

    Она што же загрижува периодов е тоа што многу се приврзува за мене и се очекува од мене. Никој друг, само МАМА. А јас сакам да ужива и во вниманието од баби и дедовци, од тета, нина, од тато ама малата си сака најмногу мамичка и тоа е. Не дека е некој проблем засега но се плашам да не прерасне во опсесија. Се надевам нема.
     
    На Kaetana, vitamina, jasna83 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    4.520
    Пол:
    Женски
    :l::l::l:
    Интересна тема иако јас немам што да споделам во неа, со сигурност ќе ја читам.:l:

    @promeneta твоето црвче е навистина многу интересно детенце и верувам дека никогаш не е досадно со неа или да нема што да се прави, сигурно она има репетиција за секој дел од денот:lol::inlove::l:

    @galapce моите теткини среќи се родени на 17.04.2015 во Скопје во државна и ако и ти си лежела и си се породила таму голема е веројатноста да си се запознала со сестра ми(дека и она лежеше 3 месеци таму)
     
    На Kaetana, vitamina, jasna83 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.548
    Пол:
    Женски
    Не сум пишала два месеци и за тоа време има некој напредок кај моето црвче :inlove:.
    Иако за некого овие работи се незначителни, ние со душа ги чекавме и иако покасно, ги дочекавме (poolparty).

    Прво, почна сама да пие од чаша, јее :party:.
    Знаеше од порано, ама од страв да не се истопи, извалка, не идеше во предвид да пие сама, се' додека не сфати дека МОЖЕ.
    Од тогаш си пие сама и се прави многу важна, а бе бандит :D.

    Второ, почна да пие од цевка, јее :party:.
    Од нигде никаде, зема сок и почна да пие :o (а толку се мислев како да ја научам :lol:).

    Трето, но не помалку битно, пред околу месец почнавме да се одвикнуваме без пелени и сега преку ден сме БЕЗ ПЕЛЕНИ, јее (mooning) (poolparty) :party:.
    Сите имаат проблем со какањето, само ние имавме со мочањето.
    Цела недела се молевме да мочка во нокширот и не сакаше за да не го извалка (facepalm).
    Се стискаше и по 8, 9 часа, ама не мочкаше.
    Што ли не се лажевме, дека нокширчето и мама многу ќе се радосни ако мочка, цртавме петки по рацете кога ќе мочкаме (и јас и она), и јас седев на другото нокширче до неа, дека е жедно нокширчето, дека пеленки носат само бебенцата...
    И конечно преку ноќ почна да мочка и да кака без никаков проблем :o.
    Сега некогаш кажува, некогаш ја осеќам кога ми ѕенѕа :lol: и не прави грешка до сега :rock:.
    Уште преку ноќта и ќе биде мома :l:.

    Исто стана ептен љубопитна за се' околу неа.
    Зошто кивам, зошто ме бришеш, од што ме бришеш, зошто чистиш... зошто, зошто, зошто...:drunk:.
    Знае неколку англиски песни, над 100 англиски зборови, многу англиски фрази, англиската азбука и броеви (да ги каже и ги распознава), бои, форми, а на македонски очекувам некој ден да го каже и оториноларинголог :rofl:.

    Цело време сака да снимам видеа и да сме ги пуштале на Германците :D.
    Нема ден да не ги спомне татко и' и моите :l:.

    Од друга страна, уште не станува од рамна подлога (вика, мама ќе ме дига :^)), не може сама по скали и не јаде сама.
    Ама ќе биде, само трпение :l:.

    Уште сме со чешелот во раката, а кога ќе ја прашам кој сака повеќе, чешелот или Пто (перницата), она вика Пто, иако само кога спие ја гледа и ја бакнува обавезно :!:.
    Е, тоа ти е искрена детска лојалност и љубов :lol: :inlove: :l:.

    И за крај, да ја напишам крвната група на црвчето додека ми е на ум: B + :).

    Ај :hai: до следното пишување, со надеж за уште убави вести :).
     
    На Kaetana, zuto, vitamina и 7 други им се допаѓа ова.
  17. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    27.078
    @promeneta Наша е темата :$ Баш сакам да читам овде и ме нервира што не пишат другите, ама ајде... Барем ние две ја одржуваме!

    Последен пат сум пишала пред два месеци, па некои работи од тогаш наваму се промениле а некои пак останале исти.

    Прво и најважно - Носиме гаки! Веќе цел месец мочкаме и какаме на шолја, некогаш сама кажува а некогаш ја потсетувам. Лесно го минаме делот со одвикнување од пелени. Само за спиење ставам пелена, туку денес и сува ја извадив, не ја измочкала цела ноќ.

    - Многу сакаме во парк. И тоа не овој зад зграда, туку во град ме носи и ми вели ,, не овде, кај далекото сакам,, И секој ден обавезно се шеткаме, стигнуваме со велоспиедот и ја пуштам да си трчка.

    - Моментално омилена игра и е возење автомобил (машкуданка), па го тера татко и да ја седнува во кола и се замислува дека вози. Кога треба играта да заврши и велиме ,,доаѓа полицаецот,, и веднаш излегува од кола. Во план ми е да и купам автомобил на акомулатор, иако не сум сигурна дека баш многу се искористуваат.

    - Си имам проблем околу игрите со деца, тоа најмногу ме загрижува бидејќи сЕ е по нејзино, сите играчки се нејзини, никој не смее играчка во рака да фати зошто веднаш му ја зема. Тоа е една од причините поради која планирам во градинка да ја пуштам од септември. Се надевам дека ќе се социјализира малку.

    - Не сака кај баба, кога одам на работа со плачење ја оставам што не беше случај до пред некој месец.

    - Омилено и е да се бања, па 3 пати дневно полниме када. И ми вели ,,повеќе вода, уште вода,, за да и ја наполнам кадата со повеќе вода.

    - Со ручкањето сме супер, спиеме напладне (иако деновиве малце потешко се заспиваме па пак го викаме полицаецот), пред народ сме слабо комуникативни а откако ќе остане насамо со членови од семсјтвото раскажува сЕ што видела и забележала.

    - Има запаметено по кој пат каде одиме. Пример ја шеткам и ми вели ,, натаму е баба,, - покажува по каде треба да одиме за да стигнеме кај баба, понадолу ми покажува ,, таму е нина,, - бутикот каде работи нина и.

    - Кога сака да ја носиме во маркет ни вели ,,нема млеко, ајде да купиме,, мене ми е јасно дека сака да одиме на пазарење. Е тогаш е лудории, си турка нејзина количка (детска) и сама си пазари (и што ни треба и што не ни треба). Важно ужива.
     
    На Kaetana, zuto, vitamina и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.383
    Пол:
    Женски
    @promeneta убава тема си отворила а и обожавам да те читам за црвчето твое...Налик ова и јас имам нешто слично на компјутер си водам мало дневниче а кога имам време префрлам на тетратка со потешкотии,дури препишам се:whew:
    Јас имам тетратка која ми ја водел татко ми од раѓање и кога пораснав ми ја даде да си прочитам какво бебе сум била...Интересно е да дознаеш како си растел...На ќерка ми еден ден се ке и дадам да си прочита.

    Па доста должам,да споделам дел од растењето на моето бебе.
    Родена е на 27.06.2015 со царски рез,3000 кг и долга 50 см.
    Се роди со најцрната коса на цел свет и имаше дури шишки...А бела беше,вените и се познаваа:D
    Најплачливото бебе беше што некогаш сум го видела,ја крена болницата во вис...Гладна беше а јас неможев да дојам,па бабнавме шишето и теравме со дохрана.Цели 40 дена уста не затвори од грчеви,имаше многу,никој не можеше да спие од неа.Тој период бевме кај моите и по цели ноки само песни се пееја...
    Помина и тоа фала му на Господ,бидејки ке се шизнев од мака.

    Е сега почнува интересното.Почна да гуга,да се смешка,да си претка...Се топев кога гледав како моето бебенце расте и се развива..
    Сеуште плачеше за без врска...Незнам колку пати сум ја носела на лекар за џабе.такво ти е детето мајка:^)
    Првото запче проследено со тт и никна на 5 ипол месеци а по него веднаш следуваше второто..Мегувреме научи да станува сама и да стои онака на гарнитура и да се чудиш кога ке се тресне на земја...А и тоа се случи повеке пати,само беше проследено со плачење,без панични напади од моја страна за носење на лекар...Прв пат се разболе на 6 месеци и тоа многу,тт не симнуваше со денови....
    И падна таа црната косичка и почна да и расте нова,кафена,па цел стан,сите перници ни беа со влакна,што од мене,што од неа...Ужас!Мм само одеше по нас:P
    Почна и на градинка од 8 месеци и нели како и секое дете и мојава се разболе,дури имаше 3 бактерии закачено кои едвај ги излечивме,цел месец траеше тој период.Кога тогаш не се побркав верувам до сега ке останам приземна што и да и се случи...

    Еден ден ја зимам од градинка и ја ставам на теписон да и стоплам млеко и кога ке се свртам малата оди бре сама од кревет до масичка(2 метра)...Јас се збунив и првото што го направив му звонав на татко ми и му велам тато Малава оди,е добро де што ти е чудно,и вујко и(брат ми)прооде на 10 месеци...Јас прескрекна бев да ви кажам,си правам триста филмови како веке нема да ме боли грбот од дигање,како сама ке си оди,абе луда(facepalm)Тогаш имаше 9/5 месеци.За еден месец од тогаш веке сама секаде се движеше,мачето мое најмило:hug:
    Преку ноќ на 10 месеци и излегоа 4 заби горе,без никакви потешкотии,без плачки,без нервози,дури се чудев што се случува со моето бебе,веке не плаче,веке порасна:inlove:
    На Благовец и ги дупнав ушињата и тоа добро го поминавме само што баш вчера моравме да и ги извадиме дека доби некоја инфекција на едното уше и многу си ги кубеше...
    Во врска со зборењето сеуште не знае многу,само едноставните мама,баба,тате,дај,ајде,егиди(facepalm)
    А за друго ми е многу послушна.И велам да ми ги подава алиштата да ги спрострам и две по две ми ги носи на тераса...Е сеа место за 5 минути,работата ке заврши за пола саат ама љубов ми е да ја гледам како ми помага моето точкиче:*
    Скоро го прославивме првиот роденден и беше збунета не сакаше никој да ја чепка и намуртена е на пола слики ама после тоа се отпушти и помина и тоа,убаво беше.Мини маус ја направив,дека тоа и е омилено мече секаде оди со неа,и со цуцлата да не заборавам.Неизбежен акцесорис ни е цуца:lol:Како ке ја одвикнам незнам,ке има плачки и трескање од земја...
    Веднаш по роденденот дававме и постапалки:inlove:
    Преспива по два пати на ден(еднаш на градинка,еднаш дома)и потоа до 11 навечер не сака да спие-нормално:Dпа се луламе на раце и заспива некако.Сабалје уште во 07 е станата и ми ѓи дава патиките да одиме на градинка(се радувам што ја засака учителката па сака да оди)
    Стандарт гледаме чу чу тв додека се спремаме за да нема плачки,не сака ич да ја облекувам,па само тоа ја смирува.
    Од кога оди дома се е кренато на највисоко и пак наоѓа нешто што не е за неа.Некни избега некаде и ја нема,коа ке одам влегла во вц-то и од шолјата го извадила тоа сапунчето и го пробала нормално,се да се пика во уста...ке ја дотепав кога ја видов:puke:Сега вратата стрикно затворена ја држиме:worried::worried::worried:
    А многу лутка е голема,ако малку повишам тон,се треска од земја и се лути со часови.
    Да е жива и здрава само,од неа станав 45 кила,се во покрет сме.А за грбот не да ме боли,ужас сум...Сака да оди ама во град сака да ја кревам,па 11 кила е сега,топка моја!
    Толку ми текнува сега ама секако ке надополнам уште нешто.
     
    На Kaetana, zuto, vitamina и 5 други им се допаѓа ова.
  19. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.548
    Пол:
    Женски
    @snegulkata, така барем ни е попрегледно со помалку постови :!: :rofl: :hug:.

    Фала Мануела :hug:.
    Баш тоа ми беше целта со темата, некој ден црвчето да прочита какво бебе била, знам дека јас би сакала да прочитам за себе :).

    Црвчето две недели е без пелени, и ден и ноќ.

    Новото е што една недела веќе не сака да се бања :@.
    Значи исто како со облекувањето што беше.
    Две и пол години обожаваше да се бања и наеднаш плачење, рикање како да ја колам.
    Ми тренира нервите секој ден со нешто ново.
    Се надевам и тоа ќе и' помине брзо како со облекувањето.

    Се' повеќе логички размислува, поврзува, цели фрази зборува на англиски.
    Влегуваме некни во продавница и почна да СПИКА на странски :rofl: и продавачката ја гледа, а јас и' викам, говори македонски мами (и излезе како стварно да сме странци, а таа си зборуваше глупости, не ни беше англиски :rofl:).

    Да надополнам дека почна играчки да држи да се смее на глас на 3 месеци (од тогаш не престанала да се смее :inlove:, се смее додека не се заика, па ме прашува, зашо икам мамо? :lol:).

    Почна и поубаво да спие преку вечер (освен кога е неподносливо жешко), ама уште млеко си пие, некогаш повеќе, некогаш помалку :).

    Исто, уште не станува од рамна подлога :(, ама полека ќе се научи на се' :l:.

    Толку сега за сега :hai:.
     
    На Kaetana, snegulkata, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.338
    Допаѓања:
    66.438
    Пол:
    Женски
    Zlatoto moe se rodi na 12.04.2015god. so zadocnuvanje, no na ubav den Veligden :D Se rodi so malku katran crna kosa, koja za brzo cela mi padna, pa bese kjelavko :D Roden e 4400g, 56cm vo tocno 6 sabajle, prirodno. Bese na doenje i napreduvase odlicno, grcevi skoro i gi nemase. Mirno bebe koe od ragjanje ja prespiva cela nokj, bez stanuvanje za cicanje.
    Prvata kasicka bese na 5m od jabolce (reakcijata bese mnjam, daj uste).
    Prv pat i se nasmeav na : mama :)
    Pocnav da sedam na: 6 meseci.
    Prvoto zapce iskoci na 2ri Oktomvri, imav skoro 6m :)
    Na 2m pocnav da gugam i koga kje videv poznat lik se smeskav. Prv pat rekov "mama" na 8 meseci, a "tata" na 9 meseci.
    Pocnav da lazam na 9m, a na 11m proodev :)
    Prvi zborcinja posle 13m: meme-mese, tutu-kola, afaf-kuce, mauu-mace, tici-cicki :D koko-oko, nono-nos, pana-padna :D
    Tolku, me mrzi od mob poopsirno da napisam :D
     
    Последна измена: 31 јули 2016
    На Kaetana, zuto, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.