1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Виртуелна радосница

Дискусија во 'Дете' започната од promeneta, 11 март 2016.

  1. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Само да пишам оти помина и периодот на плачење од капење :whew: :party: (poolparty).
    Веќе неколку дена се бањаме без никаков проблем, исто како и пред тоа.
    Стравот почнавме да го надминуваме со кажување приказни за октоподчето, а потоа почна да се бања заедно со една гумена играчка - бонбон.
    Јас ја бањам неа во коритото, а во скутот и' стои кадичка со бонбонот внатре, па она го бања него.
    Јас ја облекувам со бањарка (ја правам принцеза :lol:), она одма, и бонбончето нека е принцеза :!:, па и него го бришеме со крпичка.
    Потоа ја сушам со фен, а таа го суши со фен играчка на бонбончето и на крај јас ја чешлам со нејзиниот чешел, а таа го чешла со чешел играчка на бонбончето.
    Понекогаш и го става на нокшир играчка да мочка, па ме тера да одам да ја фрлам мочката :lol:.

    Значи го поминавме периодот на плачење од млеко (кога беше помала десетина дена така хистерично плачеше кога треба да спие со млеко), па плачењето при облекување, потоа при капење, и сега што е на ред :^)?
    Се надевам завршивме :whew:.

    Секој ден се' повеќе ме имитира во зборувањето.
    Цели фрази можам да си препознаам при нејзиното зборување, а сега кога нешто прашува, сама си одговара во мое име, баш тоа што би го кажала јас.
    Ќе и' донесам за јадење и она вика, нејќаам, кажи добро мамо :^).
    Ќе изведе нешто и вика, кажи на мама прдешката мамо :o.
    Ќе кивне, и одма, кажи наздравје мамо :lol:.

    Во секој случај ни е преинтересен секој ден со неа иако е од мирна, помирна :inlove: :l:.

    Почна полесно да се качува и да слегнува по скали (држејќи се за едната моја рака), ама и тоа е напредок :!:.
    Пешачи по повеќе од два часа без да седне, па не ни треба ни количка, ни точак (така си стои :().

    Кажи речи цел месец сме без пелени веќе и ден и ноќ и изненадена сум дека ниеднаш не направила грешка и издржува кога ќе и' речам да почека.
    Интересно ми е што никогаш досега не какала и мочкала заедно, секогаш прво мочка, па чека да ја фрлам мочката, па седнува да кака на чисто. Педантерија :rofl:.

    Тоа е сега за сега :hai:.
     
    На Espadrila, Kaetana, zuto и 5 други им се допаѓа ова.
  2. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    На денешен ден мора да се потпишеме во радосницава.

    Нека се памти дека денес бсба ме научи да си го кажувам името на скратено.
    Мама се лути на другите кога ме викаат така ама мене не ми се лути оти мојот глас за неа бил елексир.:inlove:
    Јас сум Ааааце!Аче!
    Имам 16 ипол месеци.
    Имам 11 запчиња. Кецови, четворки и три двојки.
    Проодев на 15 месеци а и касно почнав да лазам. Некаде пред годинка.
    Кажувам мама,тате,деде,бабо,бато,дада,да,нееее,метје,манѕа...ова кога мајка ми ми ја дава правосмукалката за да преметам по неа.
    Манѕа ич не сакам и тогаш лицето на мајка ми се менува од секунда во секунда. Некои гримаси ми се смешни а некои дури ме плашат.

    Повторувам и други зборчиња,ама на мој начин.

    Најмногу сакам кога се бањам односно Бање.
    Кога ме прашува мама каде е тато јас и викам тате бање.

    Во колата веќе не дозволувам мајка ми да ме наседне на детското столче позади. Јас сум голем и седам напред и тогаш пак се менуваат гримасите на мајка ми со брзина на светлината.

    Омилена играчка ми е Соковникот а збор Брм Брм. И во сон го кажувам.

    Почна да ме ставаат да спијам во креветче понекогаш иако омилена ми е спалната и перниците и Сите се мои. Кога заспивам знам дека мајка ми и татко.ми си земаат по една и кога ке приметам им се лутам.

    Сакам многу Љуљ љуљ. Имам и на тераса ама омилена ми е таа пред зграда. Е тогаш мајка ми е цела испотена и поинаку мириса.:doh:

    Почнаа понекогаш да ми даваат да јадам нешто што ми е многу вкусно и го викаат чоколадо а јас незнам да го кажам ама знам дека го сакам повеќе и од мајка ми и татко ми заедно.:wasntme:

    Шишето за млеко оддамна знам сам да го држам ама ме мрзи и затоа си научив финта. Го фрлам по земја и тогаш знам дека ке ми го држат на готово.

    Омилена игра ми е кога му се кријам на тато и кога си играме со Менга и Менга.
    Големото менго е на Тате а малото е мое.

    Заспивам после 22 ч. ама во 5 пак јадам млекце и продолжувам негде до кај 9 ч. Понекогаш јас ја будам мајка ми.

    Имам уште многу да кажам ама треба да Нане.
    Уште ова и Ба баааа..
    Ми ја скратија косата три пати.
    И му се лутам на татко ми кога ја гушка Мамо.

    Ба бабаааа:hai:
     
    На Kaetana, tincemajmunce, artemidis и 10 други им се допаѓа ова.
  3. mama31

    mama31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    243
    @galapce ме изнасмеа
    Прекрасно напишано
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Брзо минува ова времето, ете ја веќе скоро 2 годинки и 5 месеци, порасната, помалку буцка, со сини очиња и русо виткано косиче! Барбика мамина!
    Секојдневно го гледам растењето и развивањето на ќерка ми, се радувам на секоја итроштина, на секое зборче, на начинот по кој мисли, на секоја палавост... А палава е богами многу, авантурист со голема смелост... За среќа сеуште не е плачка. Кога ја боли само ќе каже ,,се удрив, ме боли.. бацки ме да помине,,
    ММ често знае да каже ,,баш таква е каква што посакував да биде, темепраментна, пргава, жива,, А јас само ќе си помислам дека мојата желба беше да имам ,,шмизла,, но и ваква палава ја сакам најмногу! Далеку е од шмизла!

    - Планот за градинка пропадна, останува да се чува со баба додека јас сум на работа. Се плашев дека имаме проблем со социјализацијата, но пополека си ја тргнувам таа мисла затоа што добро се снаоѓа во друштво на деца, поопуштена е, дури можам да кажам дека е и доминантна.

    -Прави колот напред, а мене срцето ми престанува кога ќе ја видам. Сеуште не можам да одгатнам кој ја научил, а се гледа дека е подучена од некој од братучедите.

    - Омилена приказна и е Црвенкапа и ВОлкот и седумте јариња. Ја пуштам на лаптопот но морам и јас да ја прераскажувам. Ме радува што и таа прави обиди да раскажува со моја помош.

    - Ја научив да игра исклучиво во детската соба, повеќе нема играчки низ цел стан. КОга сака да си поигра (најчесто сабајле и навечер) и кога ни доаѓаат дечиња на гости веднаш оди во собата и се игра таму.

    - Во последно време сака да преспива кај баба и па со плачки ја носиме дома. Не дека сум против тоа да преспива кај баба и но ме нервира што сака да ме манипулира и таа со нејзините 2,5 години мене да ми наредува. Не и попуштам, плачеа или не јас ја носам дома. А викендот ја оставам таму да преспива.

    - Во последно време не ми дава да и ги средувам ноктите ушите и да преслекувам... Пак со бунтување и надмудрување... буквално ми ја црпи цела енергија кога треба да ја средам после капење.

    - Сеуште сме со пелена навечер и си ја полни (дење одамна ја тргнавме)

    - Во фаза на вадење петки заби сме, ама за среќа дорбо спие и апетитот и е супер.
     
    На galapce, Kaetana, LaDyDoLl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. pharmacy

    pharmacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Епа ајде и јас да си раскажам за прнцезата моја(вистинско црвче)
    Уште во стомак не беше воопшто мирна, само клоцаше, а кога требаше да се породам маки со царски никако не и се излегување.:)
    За жал не можев да ја дојдам па со адаптирано млеко, после на кравјо купено а сега на домашно козјо. Инаку сега има 13 месеци.
    Почна да гуга на 3 месеци, да лази од 5 а прооди на 10 и пол.
    Првото запче на 9 месеци и ново запче на еден месец досега 5 бисерчиња имаме но нито со едно ни температура ни др пробле, со носето проблеми уште од болница ама тоа е.
    Градинката супер ја привати без плачки и секој ден да може ќе оди.
    Сака да јаде буквално се, сега почнува сама да јаде па неред колку ти душа сака.
    Многу се движи и трча воопшто не мирува и малку е слабичка.
    За бањање немаме проблем само да не и е ладно и по цел ден би била во вода.
    Сега за сега толку па понатаму пак. хехехехх
     
    На galapce, Kaetana, promeneta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Во последниот пост сум пишала дека помина периодот на плачење од капење и баш се мислев што период ќе следи и сега минуваме низ нов период, плачење ако не сум залепена до неа како фластер.
    Не знам што е штосот, како ни со претходните периоди де, не е исплашена од ништо, а одма плаче, само да види дека ќе тргнам да излезам и одма дипломатски ме фаќа, ајде ќе си играме, ајде цртан да гледаме, легни си тука... само да не мрднам некаде (facepalm).
    Инаку сум приметила кај неа една интересна особина, ако јас кажам нешто како треба, она си го зема истото тоа за правило, без разлика на околностите :lol:.
    Кога залади, и' реков дека мора да се покрива за спиење и сега кога ќе легне одма, мамо покриј ме (а во собата жешко) и земи работи на телефоно :rofl:.
    Си го зема како правило тоа дека треба да е покриена и јас да сум со телефонот во раце и одма писка ако не е така (facepalm).
    А штом заспива одма се открива, иако станува поладно во собата :x.

    Се' поголем лигавеш станува, цел ден да ја галиш, бакнуваш, гњавиш, А нема да каже :lol:.

    Исто, почна полесно да се опушта со непознати, на почеток малку зафркава, ама после отвара уста и не ја затвара додека не си одат гостите :D.

    И најновото, почна четвороношки да се врти, за нас огромен напредок :rock:.
    Вика, ќе лазам мамо (и' текна на 3 години, ама никад није касно :inlove: :l:).

    Сестра ми беше тука една недела, и после 10 месеци негледање, си поминавме подобро од очекуваното, совршено :l:.

    Се спремаме сега за летот до Германија, она е спремна, уште јас психички да се подготвам :worried:.
    Се надевам дека ќе помине се' во најдобар ред, со Господ напред :).
     
    На Kaetana, vitamina, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  7. џунџуле

    џунџуле Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    786
    Допаѓања:
    1.481
    Пол:
    Женски
    Имам седум месеци. Името не знам да го кажувам, но знам да врзувам мама, баба, дада. Кога никој не ме дружи, се бунам.
    Бато многу ме засмејува, сакам кога ме игра. Тогаш претам и со раце и со нозе, мама едвај ме додржува. Бато многу ме сака.
    Инаку сум мирно бебе. Не досадувам многу. Понекогаш се лутам кога мама и бато играат некоја игра а јас не можам да видам ништо од игротеката. Циркам со очоњата, ама ништо. Па морам да се расплачам на цел глас, инаку ако само се бунам не ме зимаат.
    Убаво ми е кога мама ме гушка, а и таа е среќна тогаш.
    Морам сега на спиење, се читаме повторно

    Мама и бато денес направија едно големо чудно нешто во собата, потоа го нашараа и направија да светка. Бато беше среќен и цело време ме гушкаше.
    Тој заспа, ама јас не можам. Мама не ми зборува, лута ли ми е? а јас секогаш кога ќе станам навечер и раскажувам по нешто. По некое време ќе се појави мама насмеана, ха га ха и тогаш сум среќна. Ќе ме земе така во тишина смеејќи мо се и галејќи ме до неа, и колку ида сакам да си играм, едноставно заспивам до неа.
    Мама е изгледа уморна, не ми се смее ни на моите смешки. Тогаш подобро и јасс да заспијам.
     
    Последна измена од модератор: 29 март 2017
    На galapce, Kaetana и promeneta им се допаѓа ова.
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Јас наминав пак.
    Сега сум Сандан.
    Ги кажувам и знам на памет имињата на моите родители,баби,дедовци,дадички,батковци и уште неколку омилени ликови.
    Кога ке видам некој од моите омилени ликови,вадамм цуцлата и ја фрлам по нив. Они ми се чудат а јас од ссреќа што ги гледам им го давам она што мене ми е најскаапоцено.Цицима.:inlove:
    Знамм да кажаам и цуцла ама цицима била и ке остане.
    Веќе и помагам на мама кога кажува песнички,она каде што ке заборавви застанува па јас надополнувам.
    Ги пеам и песничките кога ми ги пуштаат на телевизор.Добро де,не ги пеам цели,тук таму додавам.:wasntme:
    Се качувам по маси и столови и тогаш мајка ми е најлута. Кога доага на кај мене јас и намигам и понекогаш тоа и ја ублажува лутината.
    Почнаа често да ме носат во болница,не се плашам,не плачам ама не сакаам таму да одам. Таму мајка ми плаче.
    Повеќе сакам кога одиме кај Боџиљаљ( Божидар).
    Сеуште најмногу од се сакаам Катци ( чоколадо) и знам дека стои во Фиџаљо (фрижидерот).
    Наутро кога станувам од мајка ми барам да ми го пушти Визаљо( телевизоеор) и да ме гушка дур. Е се расонам.
    Не ја пуштам да оди во Патиљто.:devil: Ќе одиме заедно кога ке се расонам и кога ќе ги Блечиме Пинките.
    Ми фалаат уште две запчиња за да ги имам сите комплет со четворките.
    Кога ми расте ново запче многу ме боли и барам од мајка ми да ми стави Кемче.
    Знам зошто морам да носам капа и Паљто.
    Сам ги качувам и симнувам скаалите. Не и давам на мајка ми да ме носи во раце.
    Сеуште сум лепенка за мамино иако знам да се заиграм со Бабито и бато.
    Омилена песна ми е Џине Џине и Максим..често барам од мајка ми да ме качи во Визаљо да си играм со нив амаа не дава.За ова и сум многу лут.Затоа навечер и враќам со тоа што ј будам и не ја оставвам да спие.
    Често знае да ми каже сека сум брборко,неумно дете и многу паметно.
    Веќе не барам да ме нишкаат за заспивање Заспивам гушкајки се.
    Сеуште не ги сакам кревеетчето и количката.:(
    Дедо мраз ми донесе многу играчки а катциња не:(
    За крај најбитното.
    Веќе не јадам каши,јас сум голем.^_^
    Имам 21 месец.
    П.с. Кога прднувам и ме прашаат кој прдна,јас не признавам и викам Мамето. :bandit:
     
    На vitamina, tina-63, promeneta и 4 други им се допаѓа ова.
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Многу време не сум била на темава, а малава веќе има 2годинки и 10 месеци.
    Зимово едвај го истерав дома. Ова сонцево со душа го чеквме и секој ден малата прашуваше ,,има ли сонце?,, за да одиме во парк. Тие кратки прошетки колку што дозволуваше времето не беа доволно за да се изтрча и да излезе ,,вишекот енергија,, од неа. Ама сега кога затопли секој ден сме во парк, први и последни, најчесто и ужинките таму ги јадеме. Зимово ќе го паметиме и по едно страшно разболување, со висока тт... беше болна како никогш досега.

    Порасната - Немаме метро, ама околу 96см сме високи и 17.8 тешки. Корфнести сме малку, буцка, локнава, русокоса, со запчиња како пез бомбонки...:P

    Лошка - Морам да кажам дека имавме претходно еден страшен период на непослушност и инаетење. Одбивање да спие, не прима наредба, не почитува правила... Хорор бевме дома, па пробав и јас малку да се прилагодам на нејзините каратерни особини и со метода -одвлекување внимание и лутење од моја страна некако се ставивме пак во ред. Сега е далеку посмирена, и особено станува попослушна кога и велам -лута сум ти. Сеуште знае за инат да фрли нешто, или да не дава да ја облечам..ама се тешам дека не е секојдневно... Се трудам и да толерирам, сепак дете е.

    Љубопитна - Јас не знам дали сите деца се вака, ама цело време ме прашува нешто... цело време буквално. Љубопитна ептен, а јас сакам да давам точни одговор на секое нејзино прашење оти помни како слонче па неточни информации не ни требаат. Пр. каде оди овој чичко? А со кого? А зошто? А зошто оди по улицата? Ама ти рече дека по тротоар се оди? И уште 100 такви банални прашања за еден случаен минувач. :nod:
    Знае да поставува незгодни прашања. Гледа две јаболки, зелено и жолто...и одма следи прашање ,,зошто е ова зелено а ова жолто,, А нели ти рече зеленото не се јаде дека е зелено??? Е аман, слончица, одма запаметила што и зборев за кивите, дека сеуште се зелени и чекаме да созреат.
    Ние цел ден се надмудруваме, она прашува, јас одговарам и не смејам да згрешам.

    Дрдорка - Додека игра некоја од нејзните игри во нејзнината соба ЦЕЛО ВРЕМЕ нешто си дрдори. Реди коцки и дрдори (роденден на Сара, торта ќе јадеме...), нишка бебиња (нани, нани бебе...), реди сложувалки (баба и дедо, најдобри на цеел свет...). Па и кога јаде нешто си дрдори, ја возам во трицикалот и ако не ме ,,дави,, со прашања тогаш или пее или си дрдори нешто безвезално. Уста не затвара. Овде морам да кажам и дека и во сонот некогаш збори, ете до толку е зборлива. Со неа одамна јас разговор си водам, да речеме ,,нормален,, разговор колку што би можело да биде нормален со дете од нецели 3г.

    Комуникативна - Овде сме видно подобрени, особено кон малечки бебиња (сака дадичка да изиграва), или пак кон поголеми дадички и батковци. Врсниците изгледа ја нервираат, па често знае да им грабне играчка од рака, па имавме случај и кога турна друго детенце.
    Не дека не сум видела и далеку покомуникативни деца од неа, ама има некое благо подобрување и кај нас, на што искрено се радувам.

    Сега да се пожалам дека сеуште пиеме млеко во 6 сабајле (како бебе) и тоа од шише со цуцла, сеуште носи пелени навечер па и си ги полни, сеуште јас ја хранам ... Мислев со ова порано ќе завршиме, ама ја преценив.
    Во градинка поагаме од април, па да видиме дали ќе се прилагоди и дали ќе има некои воспитни промени.
    Уф, ова долго излезе :?:
     
    На promeneta, vitamina, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.