1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Виртуелни ѕвезди на социјалните мрежи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од manja666, 7 јануари 2017.

  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Еве една тема, која што се надевам дека нема да биде избишана како предходната затоа што сметам дека беше доста актуелна и дискутирана, па така мислам дека заслужува да има катче каде што може да дискутираме само за овие (не)сакани личности кои денеска може да кажам дека дел од нив спаѓаат во виртуелни јавни фаци, и имаат големо влијание.
    Дел од нив не ги сакаме, некои ги обожуваме, некако мене ми е феномен каков замав земаа социјалните мрежи и колку лесно се станува денес влијателен, без да се потрудиш, дури и без да го откриеш вистинскиот идентитет.
    Секој може да сподели твитови, текстови, да напише зошто се сложува со некој од нив а зошто не. Кој им е највлијателен лик, и критики и пофалби, па повелете.
     
    На galapce, calliope, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Јас ниту ги знам кои се, ниту знам што коментираат :?: не постојат за мене.
     
    На imelda, Cinderella12, mackica1 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Ина Многуфина, Бетмен Велит, братот Драган Таневски :rofl:
    Лешоски, Лајла, Булеварко, не знаеш ниту еден од нив?:?: На овие ликови мислев, и сличните на нив.
     
    На Ketchup, Victorian и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    За дел од овие сум разбрала, само по тоа што се критикувани и плукани на форуми. А јас да ги следам и читам, Боже сачувај.
     
    На Cinderella12, mackica1, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.108
    Пол:
    Женски
    На дел од нив им ги знаеме идентитетите, на некои не. Социјалните мрежи им се одличен начин за промоција на себе си, од причина што се пред се безплатни. Уствари тука станува збор за вирусен (вирален) маркетинг кој се шири како вирус, допира брзо и лесно до широката маса со само еден клик.
    Како највлијателна и најпозната би ја спомнала Ина Многуфина, ја следам, но лично не ми се допаѓа затоа што често знае да омаловажува и тоа без цензура.
     
    На Brojka, Cinderella12, Роберт 7 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.532
    Пол:
    Женски
    Кога станува збор за критикување на „ликот и делото“ :D на овие познати фаци на социјалните мрежи, моето превртување очи воглавно е најмногу насочено на категоријава wannabe писатели и писателки, кои почнувајќи со своето споделување потпросечни белешки, цитати и т.н. поезија на фејсбук, успеаја и до издавање книги да стигнат.
    Тука мислам секако на Лајла со лигавите срцепарајучи текстови и Лешоски со сличниов стил, ама „братот“ Таневски ми е врв, немам прочитано нешто што е толку богохулие да се смета за поезија како онаа песната што ја исхејтав тука во едно мислење. :drunk: „Тоа е жена бе брат“ - мислам дека вака некако беше. Ако наидете на насловов, не читајте понатаму доколку сакате да си ги поштедите мозочните ќелии! :D

    Ина Многуфина - ја следам и често ја лајкувам на фејсбук, доста ме смее и ѝ се пронаоѓам во статусите околу доста рандом ствари онака...
    Не ѝ ги оправдувам само испадите околу исмејување нечиј изглед... а за оние епик фејлови од фејсбук групи што стално ги споделува - можеби за некој е претерано тоа што цело време ги лови, ама мене искрено многу потрагичен ми е самиот факт што има толку неписменост и игнорантност во државава.
    Во глобала ми е интересна и не ја хејтам. #guiltyascharged, си признавам. :D
    Другиве попознати твитерџии стварно ич не ми се познати, Бетмен и Булеварко (Приказните од булеварот, right? :?:) не сум ги читала - првиов само сум го слушнала и читала како го спомнуваат, а од вториот ми излегувале шернати постови од сајтов на фејсбук ама не ми има никаков впечаток оставено...
    Од твитерџиите мене Моџо Килингтон ми е супер, го читам и на фб и на блогот со оние статии и листи :D Многу чукнат хумор и сарказам има, што мислам дека на многумина не би им се допаднал, ама мене воглавно ми е hilarious типчево :D
     
    На redhead, Mantub, Gushkalo и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Со Лешоски еднаш, у ист кафич се заваривме. Едно до друго. Се штутка, се вртка, нешто не му беше токму. И како за беља, изваде лист и пенкало и се распиша. А јас, со окото на неговото рамо. Си реков кај сега пред мене, готов си. На сите ќе те раскажам.:DАбе глупост, до глупост.:tmi: Си дојдов и го одлајкнав, мх.
    А Бетмен се повлече нешто и девојката со виното и чоколадо со јагоди... Лајлааааааа, беше.:D
    Не се сите за блогери, а камоли писатели.
     
    На Cinderfakinrella, 1209, piglet1 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Е коа ја спомнавте Ина многу фина, можам да кажам слободно дека е одвратно суштество. Одвратно.
    Често пати знае да омаловажи жени, мајки, посебно во група за мајки идеца.
    Инава е како некој воајер без живот. Цел ден да седиш на пц, за да најдеш со кого да се исмеваш, треба сериозно нешто да ти фали во главата и животот секако.
    Грозно суштество. Не би сакала да познавам таква грозотија во реалниот живот.
    Претпоставувам и дека е некоја грда па нема како на поинаков начин да привлече внимание, кое очајно и е потребно.



    [​IMG]


    Ina Mnogufina
    6 јануари во 13:14 ·
    Инаку, Лајонс оваа година победија за профил на ФБ на годината! Јас бев второ место, ме победија Лајонс они имаат 1500 следачи, 15 лајкови по пост и 1500 вкупно лајкови на целиот нивен фб профил! ***Ане нокти ефтино*** има поуспешен профил!
    Секако ми е екстремно сомнително гласањето ама со оглед на тоа што Витаминка беше спонзор можеа Талевски да добијат ФБ страна на годината! Витаминка лани си беше вмешана во сите сумњиви наградни игри, а на Медија Солушн ќе им препорачам ако планирате да делите награди на другарчињата не барајте народ да ви гласа онлајн! Поздрав и догодина играјте без мене и местете на Талевски!



    Еве грозотава што пишала. За тоа јаде лајна цело време и се исмева, за да можела да биде победник во гомнојадачите на фб.
    Кога љубомората ке надвладее ке пишува вакви постови.
    простачка
     
    На Indiegurl, Brojka, Almedina88 и 25 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    79.084
    Пол:
    Женски
    Ни ги следам ни ме интересираат, имам прочитано по нешто доволно за да оформам впечаток и да заклучам дека не се битни ни квалитетни за мое внимание.
     
    На Cinderfakinrella, the.vampire.girl, MilaP и 6 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.121
    Пол:
    Машки
    На овие би ја додал и Благодушка Марулова, бидејќи и она стигна до кај 30.000 фоловерс и многу ми е смешна.

    Сепак врв ми е хуморот и интелигенцијата на Ина и покрај тоа што знае да биде дрска, вулгарна, голема хејтерка, но од друга страна пак она има правено и големи хуманитарни акции за вдомување на бездомници, собирање средства за операции и лекови на болни деца и сл. Лани со неа заедно вдомивме 2ца бездомници пред да започне зимата, им обезбедивме облека и што е најважно им најдовме дури и работа за да можат сами да си ја плаќаат киријата и да си се издржуваат. Скоро 3-4 недели го правевме тоа со Ина и уште некои. Во рок од 10-15 секунди ќе ми пишеше мене порака, потоа ќе ме поврзеше во групни пораки со други што сакаа да помогнат, па ќе ми пишеше телефон од некој што нуди работа за бездомниците итн се тоа за 10-15 секунди. Неверојатно брзо и работи тоа мозочето и прстињата :)
    Доколку само јас или некој друг постираше, со моите 1000 и нешто пријатели веста немаше да се рашири низ цела Македонија. Но она со нејзините тогаш 60.000 фоловерс (а сега има скоро 100 илјади фоловерс) моментално е највлијателниот социјален медиум во државата. Останатите имаат по 20-30 илјади фоловерс.

    Исто така преку Ина често пати дознавам вести пред да ги дадат на телевизија. И ми се допаѓа што не е политички обоена и непристрасна и знае да ги пердаши и од ВМРО и од СДСМ и било кој, воопшто не гледа кој е кој кога треба да се реагира некаде. Кога ќе го тагне Жерновски, тој одма и одговара и реагира за некоја ситуација во општина Центар. Пред некое време исекоа некое дрво тука кај кафанчињава близу Парк, Ина реагираше и одма насадија други на истото место.
     
    Последна измена: 8 јануари 2017
    На Indiegurl, Cinderfakinrella, Captain-Omni и 23 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.193
    Допаѓања:
    76.160
    Пол:
    Женски
    И јас сум ги читала и видела гореспоменатите, од Ина Многуфина ми се интересни само сликите од групите на мајките (бидејки не сум ни во една таква група и незнам таму што се случува), па се смеам чат пат на тие, инаку статусите и се антипатични. Да го додадам во групава и Господ (става некои интересни статуси, ама и тој не ми е нешто посебно)... Благодушка ми е мистерија само, ваљда е тоа лажен профил а? Одамна не сум ја отворила, ја видов на почетокот кога сеуште не беше толку "позната".
     
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ина животиња почналада пишува “колумни“. Зачитав една за предновогодишните забави. Глупачкава го пофторува тоа што црнобело, го пиша пред 10 год, само сменила збор два. Ништно ново, ништоинтересно, ништо паметно, само јадење лај.а.



    Убаво што си ја пофали пријателката. И јас си ги фалам своите.

    Е сеа само за делов, како беше она во библијата со раската и гредата? Е кажи и го на Ина Животиња.

    Се исмејува на сите, ама секој трет пост и е колку е дебела, колку не знае да готви. колку не знае да чисти, на крај остана само јадењето гомна за други мајки и жени кои се многу подобри од неа.
    Ама што да очекуваш од човек кој 24/7 е на нет и на секој 3 мин пишува статус и одговор.
     
    Последна измена: 9 јануари 2017
    На Oxymoron, jacqueline.s, Orthophill и 6 други им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Благодушка Марулова (facepalm) колку е ретардиран тој што пишува од ова име... Може некогаш (ептен ретко) е смешен, ама во поголем дел е тешка ретарда... Пред година дена ја читав повеќе, а сега ми е тотално ретардирано да влезам на профил (facepalm)

    Ина знае да биде смешна, ама и таа веќе нема што да пишува па почнува со вреѓање и повторување на едни исти објави... Женава живее за лајкови... Ако нема интернет, ќе се самоубие (facepalm)
    На секои 10 минути само мрчи нешто.

    Другите ни ги знам, ни ги читам...

    Да ги величиш овие глуперди едноствно жално е.

    Марулката била смешна?
    [​IMG]
    Повеќе би рекла дека е личност со посебни потреби.
     
    На L-a-r-a22, Cinderfakinrella, piglet1 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.193
    Допаѓања:
    76.160
    Пол:
    Женски
    Најтрагично е што е некоја слаба, бар така сум прочитала низ нетов и сум слушнала..
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас до некаде се согласувам со @okcenzi дека Ина претерува со глупавите постови. (facepalm)
    Ја следам и некогаш ми е интересна, некогаш си превртувам очи. |(
    Сметам дека таква личност не е стабилна, што секојдневно ги исмева ситуациите на луѓето ама па и ние сме за никаде и просто размислуваме.
    Пред некој ден имаше објавено пост каде некоја жена прашувала во една група зашто рибата била превртена, мислам ОК човече риба е, се превртува умира не мора да праша пред 20.000 души, ама ќе рече некој и не е лошо да праша. Не е лошо да праша, лошо е да си прост. :rofl:

    Во врска со Благодушка Марулова е тотална глупост, гледам повеќе мали деца се активни таму, нас возрасните тоа го сфаќаме како психолошка пореметеност, односно јас сметам дека тоа девојче не е тоа што стои зад тој профил и дека некој се зеза на нејзина мака само поради нејзиниот изглед,со еден збор исмевање. Од друга страна се вклучуваа и можноста дека и мајка и има профил па може е само трик да се прават лажни профили на тие личности кои немаат врска што се случува на социјална мрежа.:worried:

    Факт е дека се има и се можеш да видиш на фб, посебно по групиве, каде се жалат за тунел торта, за свекрвата, па зошто имало поделби мислам алооооо тоа не е за фб и сите да ве читаат, па треба да се срамиш прво да напишеш такво нешто. До тука мислам дека и самите се виновни што ги има кај Ина, па после со тужби ова она, светици се прават сите. Страшно.
    Се познава дека македонскиот народ е неиживеан.
     
    На Cinderfakinrella и Oxymoron им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Пишете на гугл Ина многуфина и влезете во слики... Одма првата слика е со една девојка и двајца машки... Епа таа на средина е Ина.

    Не можам да ја прикачам сликата.
     
    На Cinderfakinrella, Mr.Awesome, srcence1607 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.313
    Пол:
    Женски
    Мислам дека токму поради ваквите теми они си даваат повеќе важност и мислат дека се којзнае што. А и реално кој фактор се шо 24/7 седеле на интернет за да се дискутира за нив. :^)
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Се говореше дека е она и дека нешто не е во ред со неа, само и го заборавив името.
    [​IMG]
     
    На Cinderfakinrella, okcenzi, mackica1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Е да, на оваа слика мислев... Не знам како се вика ама така и на кајгана имаа пишувано и по други портли.
    Ваљда таа е вистина... Ете ја Инаааа 8) ете кој се криел позади мониторот.
     
    На Cinderfakinrella и okcenzi им се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Кoј к*р фaктoр се бе oвие? Ќе се зaдржaм нa Инa нoслaтa пoштo ми испaѓa нa хoум пејџ. Тaквa исфрустрирaнa женa немaм виденo. Дa плукaш пo сè и секoгo и дa се исмејувaш нa oдредени ситуaции требa нaвистинa дa ти фaли нештo. Не ми е јaснo кaкo мoжaт дa седaт пред мoнитoр и дa пишувaaт глупoсти. Кoлку пoвеќе лaјкoви, тoлку пoгoлемo егo. Читaв зa неa и нa Кaјгaнa штo кoментирaле и еден член кaжa декa дoшлa кaј негo/неa нa рaбoтa и сaмo ќутелa кo муле некoе, a пред мoнитoр се прaви јaкa. Истo читaв декa женaвa нaкaј 40кa oделa. Дефинитивнo имa пречки вo рaзвoјoт.
     
    На Cinderfakinrella, piglet1, jacqueline.s и 5 други им се допаѓа ова.