Во врска со темава околу дотичната, ја следев едно време и одследив. Општ заклучок ми е, луѓето, влучувајќи ја и неа наместо да се бават со сопствениот живот и како да го унапредат, своjот јад и осудување го дефлектираат преку се што ќе им се најде на патот. Па сега...некоја ставала лук во вагина или не знам каде. Кој сака, што сака нека прави, негов живот, негови правила. Земете предвид дека има луѓе кои доаѓаат од различни социјални класи и слично, не дека не (би)посетиле гинеколог, и покрај тоа лекарите и медицината (да не се најде некој навреден со изјавава) не секогаш можат да најдат решенија и одговори за одредени прашања. И кога ќе најдат, не секое тело одговара на ист начин кон одредена терапија. Па луѓето се повеќе посегнуваат по алтернативни методи, секој си го бара спасот на свој начин, не знаете маката на што се ќе те натера. Старо добро правило, никогаш не вели никогаш, karma is a bitch.
Друга фб фацка е Инес Ефремова, си пишува под нејзиното име и презиме. Кога веќе ја спомна неа, не ја следам и не ми е многу позната, само ова ѝ го имам видено кај една моја другарка што го шерна и ме воодушеви искрено  Spoiler: Статус
Точно е ова што го напишала за образованието, ама искуствата ич не и’ се измислени. Да бе, ја карала учителката зашто употребила бои што не биле за тој час. А учителката од градинка се жалела на мајка и’ за креативност. А се гледа дека креативноста некако предалеку и’ отишла, ич не ја загушиле. Океј, поверував.
Кај Ина кога сме веќе, јас имам слушнато дека имала работено во Вип па ја избркале, затоа демек толку ги ругаНе навлегувам во релевантноста на ова, ама ништо чудно да е точно.
Да де- Вип/Оне/он.нет исто е. Имав мислење некое уште од коа се појави на твитер, сега веќе немам, зошто не можам да имам мислење за такво суштество. Премногу внимание имате посветено за неа, дајте стајте некој друг на пиедестал
Бреј што негативни коментари видов за Ina mnogufina. Јас си ја следам,мене многу ми се допаѓа нејзиниот хумор. Точно дека знае да претера,ама најчесто е во право. Мислем дека има ителегентен хумор и дека доста е информирана околу случувањата во светот. За тоа како изгледа,што работи итн. баш многу и не ме интересира,ако сакам да ја читам зошто да се замарам каква е? Инаку имам слушнато дека е докторка што ги побива теориите дека нема што да прави со животот. А може тоа е и гласина како и многу други. За другиве немам баш некој посебен коментар ни сум посебно воодушевена од некој ама Благодушка е дното.
Не ја следам Ина, ама знам понекогаш да и' го посетам профилот кога сум расположена за сеир. Неколку пати ја имам фатено со скроз "позајмени" финти и статусчиња, а и знае често да си придаде многу повеќе значење отколку што треба. Не мислам дека е натпросечно интелигентна, не е докторка и не е дебела а што се однесува до исмевањето за лукот во вагина, компирот во анус, лечењето јачмен на око со намигнување во правец на фецесот по извршување голема нужда, целосно е во право! И според мене, нема што да се води дискусија на оваа тема. Во 21ви век, со пристап до интернет и современа медицина,таквата неинформираност и затупеност се неоправдани!
Е овој е за на дневен ред за хејтање и плукање, овој!!! Ендемски вид на неписмен примитивен сељак... Фуј!
@Someonespecial, не му е прв пат. Јас го одследив пред некое време, после неколку последователни шовинистички статуси. Гледам уште пати од „неебитис“, се прашувам само зошто
Он и Черноземски , тие се...На овој и му кажав два три реда, пред да го отследам пред 2 години. Потрагични од него се само очајничкине кои му лајкаат и му коментираат испод ваквите статуси... Си се нашле...
Не. Најочајни се тие што се пронаоѓаат у овие статуси што хи плукате тука зашто ни сами не си ја сакате реалноста. Хахааа
Како бе споредувате вакви неписмењаковци и Черноземски. Мислам, стварно се нервирам кога гледам како немате осет. Не мора да ги сакаш, ама не можеш да ги ставиш на иста топ листа Зуица Лазова и Кендрик Ламар да го ебам. Не се иста категорија ни Ина и Инес што ги зборевте пред некоја страна, ни многу други кои ги споредувате само зашто сте ги прочитале некаде по социјални мрежи. Споредувате некој кој не знае да спелува DADY, со класичен истенчен црн хумор. Ако не ви се допаѓа црниот хумор, не значи дека типот е неписмен. Али па и ја очекувам некој да седне и да сфати дека не е исто некој да ти изгледа глуп и стварно да е глуп.
@Gosh Имам комшивка која ги споделува најшовинистичките ставови на батево. Туѓ срам ме изеде. Да не беше таа немаше да знам ни дека постои овој. @Bankarkata А што ако некои како мене кои не се пронашле, а сметаат дека горенаведениот статус е булшит? Па и да се пронајди некоја, нема зошто нејзините желби да бидат оспорувани, има и мажи и жени со поинакви желби од просечен човек, па зошто би било тоа срамота, м? И дали со тоа што ти го оправдуваш статусот кој е прикажан (таков впечаток добив), оправдуваш насилство врз жена кој ги преферира опишаните работи? Дали воопшто оправдуваш насилство?
@Bankarkata, едно е да практикуваш садомазохизам во кревет, друго е дечко ти да те млати зошто си закаснила 5 минути. Толку ли е тешко да се направи разлика?
За кои статуси тоа зборуваш конкретно? Се надевам не мислиш на сељачкиот статус напишан на тарзан инглиш што јас го ставив. Какво пронаоѓање, каква реалност бе девојко? Јас еве ни чоукери лично не носам, па ги сметам за неизживеани простаци тие што ги поврзуваат одма со вакви работи. Да не зборувам па колку е одвратно секакво ставање на насилство во некаква шега. Ако некоја по личен обостран интимен избор со партнерот преферира погруб секс, значи дека е лицемерна ако е против насилство врз жени? Али ај, она рамката "I say no to violence against women and girls" е излитен тренд, па со плукање на таков тренд да се напраам паметен и тоа на највулгарен начин – сељак логика. Еден реален и искрен, абе шо да ти кажам!  Иначе не го следам, знам дека го спомна некој овде, а на твитер една твитерџика имаше ставено скриншот од статусов. Од Черноземски не сум прочитала нешто конкретно вака иритантно и бљак, ама ни од него не сум нешто којзнае колку импресионирана од стилот на пишување.
Паа изгледа и не се толку глупи ако ви го свртиле вниманието.. Пример Благодушка Марулова , толку ја викат ретардирана била вака така а зошто тогаш ја следите ? Мислам никој не е принуден .. Изгледа тој што го направил профилот и не е баш глуп .
Дали тоа ИнаМногуфина објави нејзина слика во фустан од Драма студио? Претпоставувам дека е она, тетоважите и се катастрофа барем не се по мој вкус. А лицето скриено м? Кога е грда ќе го крие нормално.
Од вакви прости заостанати шовинисти ми се повраќа Па уште кога ќе видам женско да сподели вакви работи по статуси, срамота!!!