Дали ти тоа се обиде да ја понижиш Зуица Лазова, жена со убав вокал и стас, и со убави песни, со некој си ,, поет ,, кој само мрчи за курви и пари?! Прво, за да биде хумор, нештото треба да биде смешно. И второ, ова не беше хумор. Јас не кажав нит ме интересира колку се паметни и писмени дотичните, туку само кажав дека се ист тип на комплексаши - им удрила корпа некоја ,, спонзоруша ,, у трето...кхм...
Немате смисла за хумор што друго да ви кажам. Како може да ве вреѓа или да ве нервира рандом статус на фб пишан од мекој си виртуелен лик. Изнасмрј се и мув он ама си немате друга равота изглеа. Ја ги обожавам овие и Ина и Булевар и појма неам уште некои беа така сатирични комични. Благодушка ми е исто врв, поготово коа некој ќе И пише ти се ретардирана забегана бла бла, луѓе бе толку ли немате капацитет да сфатите заебанција? Смејте се бе луѓе уживајте.
@Bankarkata, ајде сега уште еднаш, ама овој пат полека, прочитај го статусот што го шерна @Someonespecial. Дали тебе семејно насилство (и воопшто насилство) ти е смешно? Мене лично такви шовинистички глупи „шеги“ ама ич не ми се смешни. И кога некој повторува женомразачки изјави, не е тоа зае*анција, туку дечкото отворено си кажува каков став има кон жените.
Тетоважите катастрофа - ги гледам и се прашувам во кој затвор и ги имаат направено. Ноуп, Ivana Knez e тоа. Our Designer Ivana Knez wearing The Malena Dress https://www.facebook.com/dramafashionmk/?fref=mentions https://www.facebook.com/photo.php?...1488031173513.68238.1615963589&type=3&theater
Не можам да се изнасмеам на идиотски и неписмен обид за хумор што вмешува насилство. Лично не ме вреѓа можда, ама секако дека ме нервира. Стилов и поентата на овој еден статус ми е доволна да го оценам како неписмен идиот без трошка култура и почит кон жените, и точка. А Благодушка е посебна приказна, за грев и тешка брука. Зад тој профил стои некое мрднато детиште што користи и изобличува во фотошоп слики од којзнае која девојка за мајтап, тоа што го прави е најверојатно и незаконски. А ,,хуморот“ што го тера низ статусите не може да биде на пониско ниво...
А зошто мислиш дека ја понижувам Зуица Лазова и како донесе заклучок дека во споредбата таа е онаа со помала вредност во моите очи? Не е моја работа да те воспитувам ниту да те едуцирам, ама кога се вели дека не се иста категорија, не мора да значи дека едното е лошо, а другото добро. Во случајот на Черноземски и Булеварот, дефинитивно вториот е лопатар, а првиот е интелигентен дечко со истенчен хумор. Вториот е за сељаци кои се палат на мотори со дупнати ауспуси од Усје, првиот е за нормален свет. И, не знам тебе дали те интересира колку се паметни и писмени, ама ако ги читаш јавно, треба да се. Што повеќе треба да се, ако ги читаш јавно? Да се високи 195? Да имаат џигерици фризура? Да имаат плави очи? Треба да се писмени и паметни. Тоа се бара од некој кој пишува за публика. Не бараш од фудбалер да биде паметен. Или од месар да е музички образован. Бараш да знае со сатарот. Значи ако си дојдена на место каде се занимаваме со букви, реченици и правопис, а не те интересира нечиј памет и интелигенција, дојдена си на погрешно место. Можеби треба да се обидеш со дискотека Милениум - Илинден, ако работи уште.
Абе што се правиш паметна со ова прочитај уште еднаш? Прочитај ти. Да смешно ми е за чокерот затоа што добро знаеме што симболизирал. Неам сеа ја друга работа и ќе го анализирам дали бил шовинист. Мене тоа ништо не ми мења нека му ја мисли жена му. Знаеш уште колку по шовинисти има низ градов со балканскиот синдром што не пишуваат статуси??? И ти Самуанспешл сум видела низ темиве каква смисла за хумор имаш и затоа разбирам зашо не ти се смешни... дете си уште, ќе прекинеш да се замараш.
А даааааа, @Someonespecial има проблем со смислата за хумор затоа што не и е смешен преинтелигентниот хумор на Благодушка. Или некој што прави шеги за семејно насилство. Нека значи дека немам смисла за хумор, ама овие работи никогаш не би ме насмеале.
Де просветли ме што симболизира чокерот. Зошто сите што имаме пристар по интернет лесно ќе откриеме дека постои уште од Антички Египет и бил носен како амајлија. Ама веројатно полесно е да се верува на глупави мемиња кои тврдат дека чокерот е дел од бондиџ културата. Патем, те поздравија балерините на Дега И да, тажно е кога ќе се види како женско брани шовинистички изјави
Зa Блaгoдушкa ли се збoри? Мене oпштo вaкa билo штo виртуелнo нaпишaнo реткo мoже дa ме нaтерa дa се нaсмеaм нa глaс, нејзинoтo пa ич. Имa некoи интересни memes и сличнo штo мoжaт дa ме рaспoлoжaт, aмa oвa... Еве и јaс не сфaќaм штo е смешнo кaј неa. Тoлку ли не приметувaте декa сo силa се прaви смешнa и ги извртувa збoрoвите? Кaј мaјкa ми вo сaлoн еднaш дoaѓa еднo девoјче и ме прaшувa: Јa знaеш Блaгoдушкa, врв е еј...
Одвај прочитав. Оваа Благодушка не е ама ич интересна со зборовиве што ги извртува. Едно е да имаш смисла за хумор, друго е да се глупираш.
Нигде не реков дека бранам и поддржувам не ми извртувај зборови само се смеам и скролам не паѓам у несвест зарафи тоа шо некој пишал, немате живот со што се замарате значи... Мемиња немемиња курвите носеле чокери порано, ама носеле и црвен кармин и сеа секоја втора носи и што сеа, ако сакам ќе напраам милион заебанции од тоа. И не реков дека е интелигентен хуморот али дај смејте си се на детски муабети и на цртани коа не сфаќате сатира. Ја незнам зашо ако толку ви се глупи и ве нервираат упорно ги читате и зборите... земете нешо псметно читајте ако сте толку бистри. Очај...