Васиљ ништо поарен од Бетмен. Само што Васиљ е апла необразуван и само досетлив... Лека полека визерО под гз и тоа е... Не се лаело за џабе! Принципиелен човек со интегритет и тој што ја кажува вистината и е навистина со народот нема да застане на другата страна ама баш никогаш. Он ќе правел држава...
Зарем вакви,, длабоки,, мисли фаќаат простор ? Не сум го читала човеков, ама бре констатацииве за демек колективни права и кој каков епитет ќе си носи!!!! Сериозен заклучок, научно откритие, или во најмала рака продуховена мисла.
@CameliaMiller ќути да ќутиме. Не смеам веќе да откривам ништо за Ина, пошто ако ја дознаат која е, глава нема да крене од фанови и папараци После јас крива. П. С. Од пред 100 години има слика која е жената па ете ја жива здрава. П. С. 2. Знам дека нема шанси така да открие кој и е брат/сестра, ама сигурно се блиски со Мартин.... И со Трендо.... И со Сашко Коцев. Влезете кај сите тие на профил и барајте кој им се заеднички пријатели, па помеѓу нив ќе ја најдете и неа
За Ина? Џабе, не знам ништо што би помогнало за откривање на нејзиниот идентитет Еве има пријател на форумов, ама е добар другар и не ја издава која е
Ама Џолке, ако им ги гледам сите лајкувачи на пријателиве на Ина, треба цел ден да посветам. А не ми е до толку битна, башка друго ме интересираше Мислев скратен пат, ама ја крие другарчето
Најчесто оние кои биле малтретирани од страна на поголем дел од општеството се чувствуваат како жртви,и мислам дека Ина е една од нив.Не треба да и се обрнува толку големо внимание,ни па која е на лик.Секако она сигурно си има свој сопствен,приватен профил.Која е не ме интересира.Секако,дека во некои постови има некаква си поента,ама на тој начин не се кажува.Тоа што си „влијателен“ твитерџија не те прави супериорен.Мене ми е дно на простилук тоа омаложување и исмејување.Замислете си само некој од тие што ги исмејува да работи во некоја инситуција каде Ина секој ден ја посетува.Анонимноста е важна,ама мене ми е кукавички и смешно некој позади анонимноста да исмејува друг.Тоа што таа сака да го каже,или да ја долови поентата може да го каже на убав начин.Пример на форумов некој такво нешто да напише,остајте што ќе го банираат,ќе го прават лом.Ама на фб и твитер е различно.Таму се сите ѕвезди.
Епа што да рекламира?! МАНУ? Универзитети само?! Не ме зезај сега и ти. Бизнис е бизнис, има социјално влијание, фирмите го користат тоа, а и она со наплаќање на истото. Фер инаф. Не е бранење чиста логика е ако спојам економија, маркетинг и психологија. Таргет групата е тамам. Не е дека Ина го измисли ова. Сакале или не сакале и тие што ја нејќат секако ја читаат. Инфлуенсер е и крај. Реклама проџе, статистика на фб доволно си кажува...
И моето најомилено Огненче ѝ е другар на Ина затоа и не смеам да ја хејтам Да го праша па него Софи @sofijanoka која е Ина, па да ни каже... што викате?
Реално, копањето по идентитетот на Ина не ми е ништо поарно по копање по ликови на форумов. Истото љубопитство е. Само што тука као се згадуваме како можел некој да открива феминки, а за Ина сосема е ок.
На тема Ина: Дефинитивно има верни и лојални пријатели кои нејќаат да и го издадат идентитетот. Двајца се знаат со неа лично и персонално и нејќат ни името да и го кажат...
А што ќе смени фактот ако се дознае инентитетот на Ина Многуфина? Е многу ми е енигма ова и навистина не ја разбирам потребата од копање дополнителни информации. За мене Ина е медиум - отвараш и читаш што има ново, ко дневен печат на некој начин. Нешто ќе ти се допадне, за нешто ќе се согласиш, нешто ќе те извади од патики и ќе си речеш - кој ти е филмот ма тебе?! и едноставно толку. Сеедно ми е која е.
Мене па искрено ич ама ич не ме интересира која е Ина, ама уште вчера пишав за неа колку да се најдам во муабет на форумов Која и да е јас сигурно не ја познавам, и што дека ако ја знам по име ништо не ми менува. Ја имам видено на слика, и што дека. Нека тера типката, туку оној Благодушка нека го види некој што прави. Со лажни слики од некоја девојка, си се зеза некој човек со психички проблеми. Како не го пријавуваат јас не знам.
Мене ми е јасно што прави со рекламчињата, само што тоа не ми се допаѓа. Не спорам дека е инфлуенсер, само општо кај луѓето ми смета тоа претерано глуматање. А таа е цела глума, џабе и' "хуманост". Факт е дека на нашава онлајн сцена беше оригинална, затоа и привлече толкаво внимание, но зборуваме за онлајн сцена во која тутурутки како Лајла, Лешовски, Бетмен, овој најновиот бе брат и слични се сметаат за олицетворение на интелигенција, литература и проникливост. Нашата публика сака шунд - Ина им продава шунд, на велико Ама сакав да знам која е на Кајгана, затоа што виртуелно анонимно познавам добар дел од квалитетните форумџии таму, ме интересираше дали е дел од таа група. На Ина идентитетот е познат, а впрочем и не ме интересира. Ама баш пошто е инфлуенсер луѓето се љубопитни. Камелија, Лилит... Кому влијаеме? Кои сме? Едни од илјадниците? За разлика од нас Ина е една, таа е бренд, и нормално е љубопитството.
Абе седете мирни, Ина та Ина. И Лешоски се пикнал за советник. Ебем ли ти држава! Овој Васиљ ко циганче на цреша ќе се онесвести од радоС што имало шанса да стане дел од тимот за комуникации. Ете не советник. За нешто наречено политички маркетинг и ПР треба многу повеќе од улична школа. Онаму каде што работев, имав среќа да се најдам ко небитен елемент во тимот кој го советуваше ПР тимот на полицијата на една европска држава. И не за лажги за криење криминали, туку за поширока агенда. Искуство непроценливо, ако не е еве искуство, ами увид на реалноста ненормален. Ние си играме држава бе! На овие на сдсм не им оди памет... Не и не им оди памет... Ако немаш цел тим психолози, сериозни маркетари и аналитичари...манипулативен збор и досетливост, ништо не значи... Спремајте се за уште мачни години. Функции се делат како бајадера на дипломска...
^ Баш за тоа прееска пишав во актуелни политички настани... Еден од коментарите на некој што го брани Лешоски од „хејтерите“, е тоа колку многу следачи имал, па тоа мора да кажува нешто, сигурно квалитетен бил... Чекајте малце бе, од кога следачи на социјални мрежи се мерило за стручност и искуство да те стават во влада? Е и затоа Ина ми се издвојува како ваков виртуелен лик - затоа што никад не сум ја видела да бистри политика и да се улизува ниту на едните ниту на другите. И не знам стварно зашто сте се закачиле толку за неа и што толкаво задоволство ќе ви биде ако ја видите дека е некоја грда зад тој профил. Мислам... Исмевала луѓе што во 21 век на социјални мрежи бараат решенија во такви непроверени крипи и гадни работи, и тоа 90% и имињата им ги крие... big deal. Сите овие спомнати досега се многу полоши случаи од неа и за многу поголемо хејтање, и психопатот зад Благодушка Марулова, и партискиве полтрони и од двете страни, а да не зборувам веќе за овој очајниот за внимание шовинист и хомофоб со одвратен речник Булеварко...
^ мислам дека веќе јасно кажав - не ми е важен идентитетот, оној вистинскиот, на дотичната. Друго беше прашањето. Не мора да сакаме или хејтаме некого, може да ни се допаѓа дел од она што го прават, и да не ни се допаѓа дел од она што го прават. Ина, порано, ми беше комична и интересна, во времето во кое се' уште не беше толку "влијателна". Сега нејзиниот онлајн живот се сведува на рекламирање и сеирење. Не ја хејтам, досадна ми е. ИмаТ разлика Но, бидејќи е познато дека и таа, како и многу други од твитер светов почетоците си ги имаа на тој форум, од таа причина ме интересираше која е. Морализирање ми е тапа муабет.
А мор доста со Инаааа. Државата ја продадоа "влијателнине"...она Ина. Овој Васиљ базично паѓа на комуникации, се истрча да се пофали, пред да се случи, а за да се случи има процедура. Да треба да му дадеш тест на интелигенција ќе падне не па основи на ПР... Ој куку нонен. А тоа што го дискредитираа граѓанството и се што искача од него како невладина и протест башка муабет. Пљук! Ќе си ги најдам мислењата на форумов уште пред неколку години каде тврдев дека си го мести гзот на фотеља. У тоа време он се колнеше дека никад нема да се најде во политика.
Васињ уште кога го заследив имаше политички претензии, тоа не е ништо ново, главен беше на протестите, уште кога беше гостин кај Жаре во Еден на еден кажа дека има политичка амбиција, очекувано беше дека ако победи сдс дека ќе добие позиција, не за џабе протестираше