Штo ви сметa штo чoвекoт гo избрaле зaтoa штo имaл следaчи? М? Ај некoј некa им кaже зa фoрумoв и некa земaт и oд тукa сoветници. Акo ги елиминирaaт мoдерaтoрките (пoштo oни си имaaт функцијa) и oние вo стрaнствo, имaм шaнси дa стaнaм сoветник
Ми смета. Зошто за таква позиција треба конкурс, тестирање и докажување. Од наш џеб ќе ја плаќаме лејкава само зошто урлал по протести. Урлај си бате, тоа ти е граѓанско право, ама зошто од душа мислиш, а не заради задњи интерес кој упорно го криеше под Робин Худ маската. Човек со интегритет не би прифатил. Зошто? Зошто ако он е по убедување за и со народот ќе сака да е вечен коректив, а вака ќе стане субјективна слепа точка во критичноста. Никој не го очекува тоа да го прави за никого, но нека не лаже под превезот на мајка Тереза и пожртвуваноста дека мотивите му се други...кога не му се. Ова е само доказ дека ништо не е сменето. Иста песна... Не дај боже да не земат... битпазар. А ако алудираш на претходниот пост што го пишав, не ми беше поентата тоа, туку пример од Европа и колку си играме држава... Сериозно се сфаќа поуката, но ете, не...
Амaн @Lilit сaмo желбa си кaжaв Не aлудирaв нa ништo, се шaлaм секaкo. Oдврaтни ми се сите кoи нa oвoј нaчин се гребaт зa функцијa. Нa тoј нaчин зa време нa студенстките прoтести зaпoчнaти oд Педaгoшкиoт фaкултет, нa пиедестaлoт се кaчијa и Филип Петрoв, Милoшoвски, Ѓoрчев (кoј мислaм декa и не беше студент вo тoa време) и др. , a oние кoи беa организатори и беa дел oд тaa бoрбa, зaвршијa зaбoрaвени oд сите. Нo, не беa глaсни и не се лупaa вo грaди.
А зар некој поверува дека најекспонираните се неутрални? Мижи асан да ти баам. Само што за жал вистински неутрални и неопределени во повеќе наврати беа заведувани од "неутралните". Неутрален човек не добива ништо овде И вистински неутралниот е секогаш во опозиција, дури и тогаш кога нечија идеологија симпатише повеќе од некоја друга.
Е ова е вистински виртуелен критичар на општеството и политиката. Павле Трајанов, алијас Моџо Килингтон Од познативе твитерџии и фејсбукџии што коментираат за политика, само него го поштувам и скоро со сè што пишува се согласувам. Ги плукаше и се мајтапеше со дпмне, сега си се зеза и на сметка на актуелниве. Алал да му е, не ме разочарува. А врв е и за вистински вреден за читање (црн) хумор и сарказам, со граници и со идеали до кои се држи - мрази насилство, дискриминации... Ина си ја читкам, ама него го обожавам
И тукa нa фoрумoв сите испaднaa пријaтелчињa сo Инa. И не сaмo сo неa, сo сите јaвни фaцки у држaвичевo.
Анализа на најпопуларните ликови на социјалните мрежи е еден од начините да се види на кое ниво е едно општество. Ако судиме само според овој параметар - општеството ни е отидено во бестрага. Инстант мудрости споделени од луѓе кои никој не ги знае. Хејтање од луѓе кои не направиле ништо во својот живот. Очајни обиди за внимание заради зголемување на базата на следбеници и добивање социјални сигнали (лајк, шер, ретвит и тн.). Намерно бирање на теми за кои се знае дека ќе има поделени реакции за да има интеракција. Фејк до максимум. Тоа е мојот впечаток. Има еден садомазохистички дел во мене кој ме тера еднаш неделно да ги ѕирнам профилите на некои од овие ѕвезди како Приказни од Булеварот, Ина, Васиљ, Бетмен и тн. и секогаш после таа кратка екскурзија на нивните профили сум изнервиран и нервозен. Туку ај и јас се расприкажав, почнав да заличувам на нив.
Некои станаа репер за размислување. Ако Ина вели дека е така, тогаш сигурно е во право. Жалосно е во што се претворивме. Драстично си го менуваме мислењето, споделуваме мисли од типот на: Денес сигурно ќе имате пациент со такво име, ти ја зготвив онаа со која што вчера се допишуваше, онаа третата вчера немаше али денес има гипс иииии тако даље....
Незнам зошто даваш толку значење на тие твитерАши , и јас сум твитераш но од оние контра Ина, бетменовци и сите тие го*на , и со помалку следАчи ... Некако лугето ги пратат овие твитераши за да гледаат сеир , и коа ке исмеваат некого тие се чуствуваат подобро .. Ние неколку што ке напишеме некој виц или нешто да ги насме лугето , и ги критикуваме сите партии и политичари ,некако не сме интересни, и не сме толку популарни како исмејувачиве
Форумов е полн со виртуелни ѕвезди, познати пејачки, водителки итн. голема шанса за ова што го кажувам да е вистина. 100% имаме celebrity people од државичкава ни на форумов само што никогаш нема да се откријат, сакаат да уживаат во анонимноста. Бар тука се раат. 100% agreed Мањчи. Mr. Awesome као и секогаш без влакна на јазикот ја дава следнава изјава за Фемина ТВ: Дарко Лешоски is the most overpriced asshole што се тиче поезијата. Вака делува како океј тип, не е бараба како Бетмен Серит, ама е далеку од тоа да биде директор на сериозна работа како што се Струшките вечери на поезијата. “Сериозна“ работа. Се' стана релативно кај нас. Го гледав на неколку наврати во Топ Тема, едвај сврзуваше реченица, се бунеше и збореше скоро безгласно ко да немал јадено со денови. Добро, последново е можеби злобна критика од мене , ама стварно ич немаше вокабулар што доликува на еден поет. Мислев у секој момент ќе се изгуби и нема да ја доврши реченицата. Можеби па и трема го фатило, од кај да знам. Ако Лешоски го прочита ова нема потреба да влегува во дуел со мене, нека ужива. Не му треба фронт со појаки од него. Виртуелна ѕвезда е, мора да истрпи критика и да покаже класа. Лесно е да си ѕвезда на Твитер или ФБ каде што можеш со саати да го составуваш постот, ајде да те видам биди со остар ум и досетливост во живо на тв. Тука е разликата. Ко што е различно да пееш на плејбек и во живо. И ние “обичниов“ народ не сме нормални што дозволуваме виртуелниве ѕвезди да ни наметнуваат ставови (да не кажам бутање у грло тајп оф шит ). Самопрогласен поет, самопрогласен ова и она, активист, борец за ова и она, експерти за све и свачега. Каруц мој. Holy s*it. So funny. Сите сме у оваа категорија.
Се зачленив специјално за да ја одзагатнам големата прамистерија околу Ина. Девојката се вика Инес Ефремова, на кајгана беше позната како @Ada. Уметник е, има околку 30 години по мајка е Хрватка. Тоа го имам запамтено за нејзе. И треба дечко инаку добра девојка е.
Ништо не си открил. Инес е доволно познат лик и сама за себе. Си ја утнал специјалноста Плус не гледам ништо слично помеѓу Ина и Инес.
Добро девојки, како требаше да напишам за да ви се допаднам? Ина ми е школска, има нозе како фудбалер и бркови како Јонче, живее со нејзините и чува 14 мачки. Кајгана направи грешка им даде модераторска позиција на деца, ги одгледуваше како бројлери. Направи десетици супермени и овие важноста која ја немаа во вистинскиот живот ја компензираа со алтернативните идентитети. Жално е што на ист принцип функционира и фејсбукот. Сликите и лажната популарност треба да ги пополнат дупките во карактерот. Не верувам дека било кој од нас ќе се дрзне да му рече на друг човек во лице дека е клошар. Со интернетот добиваме искривена слика за реалноста, личноста се брише, а се заменува со аватар и број на постови.
Па и на Ина, како виртуелен лик, очигледно е дека не и треба популарност под вистинско име и презиме, со нејзино селфи на профил. Така што...