Ако го сторам тоа ќе се направи подолг ред на девојки кои ќе сакаат да копулираат со мене. Не е многу паметно.
Доволно говори за менталниот склоп и капацитет на народот што вакви ликови добиле на тежина и влијание во политичка и општествена пропаганда.
Човек на место. Само нашата бљувптина од народ одма ќе рече - ете знаев дека му фали нешто без да бидат свесни дека патат од акута неебит, нечовечност, ограниченост, злоба, идиотизам, ненаситност, нарцизам, нејм ит. И без да знаат дека не е избор, а често и ради нив некој психички се оболува, но нели - абе ситница или абе таков сум јас. А башка работа што еден куп и покрај потребата се непојдени на психијатар, ама заради нив, тие што биле нормални завршуваат со некаква душевна и ментална болест. Со годините се учи човек да ги препознае вистинските лудаци во јагнешка кожа.
И хаштагов ќе ја реши работата... Реално, и тие што пишуваат статуси колку треба сериозно да се сфати депресијата, анксиозноста и сличните болести, само пишуваат статус колку се загрижени и толку. Никој ништо не превзема, само пишува статуси. Да видиме ете кој ќе биде херојот што ќе направи навистина нешто корисно по ова прашање. Се потрудил нешто човеков, океј. Ама не е тоа тоа. Јас кога ќе наидам на некој депресивен, не пишувам статуси со хаштази туку разговарам со него и пробувам да помогнам колку што можам. Да го правеа тоа сите тие што пишуваат статуси, повеќе ќе постигнеа.
Мене, како човек кој со години се бори со анксиозност, и те како ми помага овој коментар на Павле. Павле го избришав одамна од листата на луѓе што ги следам поради икс причини, не е на база на лична симпатичност, но ова допира. Јас се уште не можам гласно да кажам дека #ИјасИмам, но навистина утешно ми доаѓа кога знам, ќе слушнам, ќе прочитам дека не сум сама. Извинете ми, ама кој не поминува низ тоа, поима нема какво е чувството. Грешна тема избрав за ова, меѓутоа имаше еден период во кој паднав во поголема депресија, до непрепознатливост. Ден денес не можам да сфатам што ми се случи и која личност бев тогаш. Никој не препозна дека сум во депресија, ниту најблиските. Психичките болки вешто знаат да се скријат, дека ќе препознаете некој во таква состојба мислам дека не е лесно. Сепак, имам еден куп роднини на фб кои ниту знаат, ниту се свесни за вакви состојби, па токму поради нив не се осмелувам да се отворам. Жалам што не можам да бидам нечиј херој, како што денес Павле е за мене. Искрено, од срце.
Хаштагот нема “да ја реши работата”, туку ќе им покаже на тие што страдаат дека не се сами и дека не е срамота да побараат помош. Ко за земја со толкав број на луѓе кои пијат диазепамчиња за се’, од стрес за испит, до главоболка и недијагностицирана депресија, мора да почнеме отворено да зборуваме на оваа тема.
Депресијата зафаќа голем дел од денешното опшество. Сите се несреќни на свој начин. Некој се грижи дали ќе му стигне за кирија, друг пати од невозвратена љубов... Нема начин да се открие депресијата доколку не се разговара со човекот. Не ретко се случува да не препознаеме депресија,често велиме ,,ништо не ти е ,, ќе помине,,... Како што се грижиме за надворешниот изглед така треба и за менталното здравје,,, Нема да држам лекции за тоа како треба да се однесуваме во средината..секој со својот товар. Можеби ќе се врати свеста на ова опшество..
А што друго би можел Павле како поединец да направи? Нема никаква врска со здравството, па да преземе нешто конкретно. На некој начин е познат и влијателен на социјални мрежи (иако помалку од некои што не го заслужуваат тоа оти се познати по глупости), и тоа го користи да охрабри маса на луѓе да зборуваат без срам и страв за својата мака, а други пак да сфатат дека нема ништо ненормално во тоа. Плус и самиот искусува депресија и анксиозност, што го има отворено споменато и порано. За мене е херој, да, и тоа посебно затоа што и мене и стотици луѓе секој ден нè смее со својот хумор, а всушност поминува низ такво нешто. Оти и лично познавам паметни луѓе плус со супер смисла за хумор кои сите ги расположуваат, а зад таа маска кријат вакви проблеми во себе. Ама некои луѓе се створени да промрчат, и таман работа да пропуштат една прилика да го направат тоа...
Исто така, депресија не се лекува со муабетење. Тоа е сериозен проблем и разговор со стручно лице е задолжителен. Јас колку и да имам желба да и помогнам на другарката со депресија, па и со анксиозност, освен ако не успеам да ја убедам да оди на психолог/ психијатар, има ризик и да дадам погрешен совет, бидејќи нели, не сум стручна.
Се заложил човекот. Група се отвори, апликација за помош ќе прават. Болна тема е. Имам волонтирано по сајтови на кои можеш да ислушаш човек кој ќе ти ги искаже своите проблеми. Имам отргнато луѓе од самоповредување, имам запознаено секакви луѓе и слушнато секакви приказни. И јас сега мака мачам со депресивно/анксиозни состојби, што е дури смешно кога помислам во колку подобра состојба сум сега, за разлика од крајот на 2014 и добар дел од 2015 (кога и мистериосно исчезнав од форумот). Кога гледам слики од тој период не ја препознавам личноста на сликите. Изгубена, несредена, грда... Вештачка насмевка и изгубен поглед. Имам уште долг пат додека да стигнам до мир и среќа, ама сум тука за други на кои им треба подршка. Само затоа ми се личните пораки секогаш отклучени, за да може секогаш било кој да ми пристапи, а јас гарантирам дискретност и дека ќе го ислушам без никакви предрасуди.
Oва. Јас лично сум поминала низ тоа, сум го надминала тоа и она што јас како поединец можам да направам е да го искористам моето искуство за да пружам не само поддршка, туку и помош. И не е мрчење различно мислење, сфати еднаш.
Па немаат сите некој близок за да разговараат...Некои се далеку од блиските и многу им значи кога ќе прочитаат таков мотивирачки статус полн со сочувствителност. Некои се затворени и не им е до муабет, туку си бараат виртуелна поддршка. Не постојат за џабе мотивирачки статуси, говори, видеа и пораки.
Ако некој ти каже дека има рак, што ќе направиш ти? Ќе пробаш да му го излечиш ракот, или ќе му кажеш дека не е ништо срамно да е болен и ќе го пратиш на соодветен лекар? Е па, истото треба да биде и со депресија. Поентата на статусот е никој да не се срами да побара помош, и стварно не знам како успеа да видиш нешто негативно тука.
Ја сфатив поентата на статусот и не велам дека е негативно. Ее ама знаат луѓево на форумов да извртуваат зборови, таленти бе. Јас пишав Оти бе морам да повторувам по неколку пати за да ме разберете... Добро, вас ако ова ви е доволно нека ви е. Моето мислење е тоа. Ако се согласуваме сите еден со друг, каков форум ќе биде ова?
Ама јас за "не е тоа тоа" коментирам. Никој не ти ги извртува зборовите, сама кажа дека твоето разговарање на темата би помогнало повеќе. Јас не се согласувам со тоа.
Да, и некои верувале или не, немаат многу блиски пријатели, па можеби и тоа е причината за депресијата. Па на тие истите им викаат: излези, дружи се, не се затварај дома еее... Дебилизам.