Најлошо е кога од најблиските дома немаш поддршка и разбирање. Го гледаат детето не е ок и наместо да разговараат, да се обидат на фин начин да дознаат што е проблемот, тие најчесто коментираат: - Оди забавувај се, сега ако не се забавуваш тогаш кога? Оди викни некој и излези. А детето е во депресија дека нема кого да викне, дека е отфрлено од врсници, не може да најде соодветно друштво, може е психички малтретирано, а тие го напнуваат да шетал по кафиња. За жал некои не се свесни колку е сериозна таа состојба. Навистина е добро што постојат луѓе со мотивирачки и сочувствителни пораки, а посебно цар за такви работи е Ник Вујичиќ со мотивирачките говори...Знам дека човек им помага на многу млади.
http://www.motika.com.mk/na-marte-naumoska-i-pukna-filmot-dodeka-peeshe-pesni-vo-zhivo-na-fejsbuk/ Девојчево нема ли родители? Браќа/сестри? Блиски роднини? За да видат малку што и се случува на ќерка им. Девојчево има психички проблеми а родителите очигледно не сакаат да прифатат...Жално е што не и ја пружаат потребната помош, а уште пожално е што луѓето си се зезаат со неа...Ја исмеваат, мајтап си тераат, ја провоцираат, права атракција е моментално. Зошто родителите не реагираат? Често пријатели на фб споделуваат од неа видео во живо како прави стомачни дома, како пее, како вежба... Како може на некој ова да му биде смешно? Смешно е да беше нормалнен човек и да се зезаше вака, ама таа за жал е сериозна.
Се по список, на првата бандера ќе те обесам, ќе ти еб...Ајде сега за Вики со фамилијата...Лалалал... И долу сите ХАХАХАХАХ ХАХАХАХА ХАХАХАХ АХАХХА @crimson значи родителите мислат дека навистина луѓето ја сакаат. Немам зборови.
Да се навратам на темава со ментални болести. Битер свит по ингорантен пост не можеше да пишеш. Како очекуваш да се реши баш ме занима? Еден начин до доаѓање на решенија е кревање на свеста на едно вакво затуцано општество. Не значи дека ако имаш ментална, психичка, душевна како год болест си нерелевантен и некредибилитетен. Тоа е како на некој со канцер да му речеш - види го, се разболел и умира, како не ти е срам? Депресијата му доаѓа како рак на душата. Или ќе се излечиш или ... ќе завршиш трагично. Пред неколку години се самоуби мој другар кој бил во длабока депресија без да знае никој. Тежина носам ден денес и се обвинувам. Кога го враќам филмот несакајќи неколку пати го одвратив од идејата, ама последниот закаснив. На неколку пати се пишувавме, он не работеше тоа време, ми вика треба рано да станам. Му викам зошто, па дома си... имам ВАЖНА работа конечно да ја обавам, ја одложувам долго. Му викам ај заврши па дојди ми на пауза, ќе одиме на појадок. Доаѓаше директно од дома, го прашав, заврши работа? Не ќе ми речеше. Тоа беше барем 5 пати во рок од 6 месеци. Еден ден му ветив дека ќе му се јавам, ме заглавија на работа и му пишав подоцна, не ми врати... дознав преку фб дека се самоубил и тогаш ми се склопија коцките. Од тој ден не сум истиот човек, почнав да вложувам во личен развој и да размислувам многу поинаку и ужасно се самообвинувам дека закаснив. Живеам со тоа. Од друга страна свесна сум дека своевремено ќе се случело...и јас не сум можела ништо да направам бидејќи и покрај се, тој не се осудил никогаш да сподели, иако длабоко чувствував дека нешто не е во ред и се трудев да му внесам боја во животот колку што можев, често ме исцрпуваше многу. Ужасна држава сме кога се во прашање овие болести. Толку сме никакви и ограничени... страшно.
Не знам дали за тука е ова, не се работи за ѕвезди и познати лица, само за таленти кои си прават кавери. Нешто што мора да се слушне. Налетав на нивно видео, прекрасно звучеше обработката, па ги преслушав сите останати. Предобро.
Марте е само несреќно девојче со психичко растројство во погрешно време и на погрешно место. Веројатно од дома и’ дозволуваат да го прави ова за да не се чувствува отфрлено од заедницата. И тоа ми е мене сосема во ред. Ма нека биде диџеј ако сака. Нека биде фризерка. Генерал нека стане. Визитарски колачи нека прави! Тоа нема никаква поврзаност со мене и не се дрзнувам да се ситам. Тие кои се подбиваат со неа ми се одвратни затоа што е ПРЕОЧИГЛЕДНО дека има проблем. Не можеш да си ги лечиш фрустрациите на личност која не е во ред. Би ги шамарала сите до последен.
Oптимистoт вo мене се нaдевa декa Мaрте нaмернo гo имa исплaнирaнo oвa зa дa сoбере следaчи и лaјкoви. Зa еден ден дa ги избрише сите пoстoви, дa гo смени иметo и дa пoчне дa oбјaвувa линкoви oд нејзинa стрaнa зa здрaвa хрaнa или Трaмп. И дa нaпрaви мнoгу пaри oд кликoви. Just a thought... Ликoвите нa кoи им е смешнa Мaрте се истите oние кoи и кoментирaa типкaтa Мaрулoвa.
Случајност или не, кога почнав Ина да ја читам, уште кога имаше само 2-3000 следачи и мене многу ме потсетуваше на Лилит. Ама тогаш Ина не беше така саркастична, почна со некоја кампања против Тодоров за смртта на Тамара и беше многу океј. И денес ми е океј, иако некогаш е просто тоа исмевање на изгледот на другите луѓе. Васиљ шарениот, моментално ми е најмизерната амеба што постои на светот. Мислам од старт ми беше таков мрсулав и гнасен . Исто и тој Лешоски. Мамо вака, мамо така... и кажува ли сега на мајка му дека лапа државни пари за ич работа додека деца умираат од немање пари за лекување. Единствена , најнајфацка од сите ми е Павле. Незаменлив, најреален, најинтелегентен, со најдобра смисла за хумор.Ме инспирираат такви умови, би се плеснала со него, иако е грд.
@kikikikirika, еј еј, мој е Моџо, да се знаЈ Случајно ти да не си му го пишала графитон Спиро оплоди ме? just kidddin' Tуку Златко Стефковски го следите ли, го знае ли некој од тука човечево? Не знам колку е баш ѕвезда, паблик е и кај мене на почетна доста го шернуваат. Пресмешни слики и реферати прави за политика и актуелни ствари, луд е скроз
Мислам дека и Мелита е ѕвезда од социјалните мрежи, или whatever. 100 години ја нема на ТВ, ќе пропаднеше во заборав да немаше кај да објавува фотографии. Интернетов треба да престане да ги прави луѓето познати. Оти паметна селекција е неизводлива вака. Нема друга работа во животот, земал/а куца нешто, наводно филозофира, просветлува, изиграва духовит/а... или цело време се слика, себе или гардеробата, или нешто трето, па ги обработува сликите којзнае колку време... што да кажам, страшно продуктивни дејности. И после зошто повеќе нема легендарни јавни личности на светов. Зашто, меѓу другото, преку нет секој доволно упорен, колку и да е обичен, може да се прослави и да го пренасочува (краде) вниманието.
Не знaм кoј е чoвекoт, aмa гo сaкaм. Секoгaш се гaзaм кoгa ќе прoчитaм некoј негoв реферaт штo зaвршувa сo првите стихoви oд Пoп Перo. Кoјзнaе кoлку дoбри серии ќе имaвме aкo имaше пoвеќе луѓе сo смислa нa хумoр кaкo Пaвле и Злaткo штo пишувaaт сценaријa.