Боемот за човек кој е педофил кажува дека е најдобриот претседател на Америка ever, ама му смета pride update на инстаграм. Не е прост, неупатен е.
Збор,два за Дарко Влогс и Боемот. На Дарко профилот пред се е од забавен карактер но знам дека повеќе пати се ангажирал и од хуманитарен аспект берејќи донации за лица на кои таа помош им е неопходна,последниве денови забележав една таква за лице на кое му беше потребна голема сум за тешка операција во друга земја,а ја собра за многу кратко време,за што бев баш пријатно изненаден. Со ставовите на Боемот пред се политичките често пати не се согласувам,но добро е и кај него што последно се ангажира без никаква надохнада да ги изрекламира македонските фирми и производи како знак на поддршка поради кризата,многу од нив по прв пат ги видов кај него. Во главно двата профили ми се ок и неколку други,и радо ги следам.
Сум ги пропуштила коментарите за боемот, каква штета... Anyway, нужно затуцан примитивец!! Напрајте нешто добро денес - еден report стајте му.
Зошто шири хомофобија и прикриена мизогинија. Слично имаше и пост за абортирање дека не треба да е легално, дека жената нема право да решава што ќе прави со своето тело и многу други ставови од кои луѓе многу лесно се навредуваат и не се во ред. Не знам зошто го следат луѓе, не знам на кој му е потребно мислење од козервативец што карактерот си го базира на тоа што е нели “боем”.
Гледај, ако некој став навредува некој друг тој навредениот има опција да стисне unfollow и готово.А не да бара од другиот да престане да пишува. Не може да има едноумие во општеството.
За инстаграм конкретно, кога некој навредува на било која основа можеш слободно да рипортнеш. Затоа што инстаграм сака да си ја зачува заедницата сигурна и пријатна.
На инстаграм е забранет говор на омраза. Да бевме некоја поцивилизирана држава, одамна ќе му го немаше акаунтот.
Разбирам ама неговото не е само искажување на мислење, на пр. да кажеш не ми се допаѓа некој/нешто, а не да омаловажуваш и одрекуваш нечиј начин на живот во случајов на ЛГБТ и да пишуваш дека ти смета тоа што имаат парада со цел да се стекнат со некои права. Јас на пример, не го следам ама ете дознав некако за постот. Страшното не е тоа што тој има таков став него тоа што има луѓе што го земаат здраво за готово и без да размислат почнуваат да размислуваат на ист начин.
Ама тоа е поентата, едно е некој експлицитно да употребува говор на омраза, друго е некој да се наоѓа навреден во нешто.Второво е субјективно.Ова он што го пишува си е негово гледиште на работите и критика, колку што видов не пишува стриктно навреди, не може да биде тргнат за изјаснување сопствен став. Зошто да не напише дека му смета парада?Се случува нешто некаде - некој настан во случајов и ти одлучуваш да напишеш дека си против настанот.Твое право е, со оглед на тоа што е од јавен карактер.Секогаш е така, и некаков протест да има за сосема друга работа, некои поддржуват, некои не.
Не ми се навлегува зошто знам дека ќе отиде оф-топик темава ама сепак... Ајде наброј барем една светски позната звезда која говори против ЛГБТ и прајд парадите. Нема, така? Зошто западниот модерен свет е сепак доволно еволуиран да, барем официјално, не осудува кој кого сака. Ако си против прајдот, тогаш си хомофоб и bigot. Следствено, никој при здрав памет не сака тие два збора да бидат поврзани со нивниот бренд и углед. Дури и еден Крис Прат доживеа голем удар врз популарноста кога се дозна дека припаѓа и донира во црква која има анти-ЛГБТ став и која поддржува conversion therapy. Едноставно, да си против ЛГБТ не е слобода на говор, туку е говор на омраза.
Разбирам негови ставови за политички теми или општо за некои одлуки кај нас зошто на пример и он е засегнат од целата ситуација ако се работи за некоја одлука што држата ја донела и не му се допаѓа или слично, ама на никој не му е потребно неговото мислење на тема дали он го поддржува љубовниот живот на некој што е хомосексуалец, не знам зошто да се мешам во нечиј однос и живот кога не сум на било каков начин засегнат. Можел барем да се воздржи да не шири говор на омраза во време кога има толку предрасуди кај нас и луѓе се борат против дискриминација, а самото тоа што не може да му коментираат на постот луѓе што не го следат збори дека сепак не сака понатамошна дискусија и префрлања во коментари
Зошто не правите разлика меѓу свое мислење и безобразлук? Секој безобразлук на денешницава е *ама јас си имам мислење*
Аха, да, многу е еволуиран западниот свет, посебно Америка еден пример. Не е, едноставно сечие мислење кое е поразлично а воопшто не ни мора да биде навредливо се цензурира или е изложено на огромни осуди.Зависи на кој како му одговара и има моќ, така си ги тера работите. И толку, со оглед на тоа што е офтопик мислењево.
Говорот на омраза не мора нужно да содржи пвоцки, погрдни зборови, терања у три лепе, туку знае и во посуптилна форма да повикува на линч,одбивање и диксриминација за тоа нешто конкретно. Токму како што прави дотичниот. Го знаеш и ти самата тоа, ама ај.