Јас само накратко да кажам, оние кои веруваат дека Благодушка не е фејк профил ми се поголеми дебили дури и од оној кој што се крие позади тој профил. Се гледа од авион дека е лажен, само не ми е јасно како уште се палат луѓе па и коментираат. А Драган Таневски Ви текнува кога се жалевме на поезијата на Лешо, е се полоши времиња доаѓаат ко што гледаме. Ке видите за година две ке издаде книга и овој. Дури перверзен ми е, ко некој манијак, педофил, не знам мака ме фаќа кога гледам дека некој го споделил и му се одушевува.
Ина ја следев и ја обожавав со хуморот се дур не се случија поплавите. Првиот твит што го напиша беше нешто како заебанција а пред тоа гледав слики колку е озбилна ситуацијата. Тогаш во истиот момент ја отследив и не сум и ни отворила да и читам. Едино што сакав кај неа е што правеше заебанции и ставаше слики од женски домаќински муабети што реално и беа за смеење. Благодушка два пати ја отворив и никогаш повеќе. Премногу беше очигледно дека девојката на сликата е жртва на исмејување. Мене тоа воопшто не ми е смешно. Уште па коментарите кога ги читав да не знаеш кој од кој е поглупав. Лешоски ми е посебен фазон. Го имам на фб ама скоро никогаш не му ги читам статиите. Досаден ми е и не ми е интересен. Драганчо е прича за себе, коа видов што пишува за љубовта и дека сите можни женски личности од фб го шернуваат па нешто као wooow најдобар си, ми идеше да деактивирам фб. Мене реално ми се досадни сите овие. Премногу внимание за ништо.
Тоа чудото звано Благодушка два-три пати дали го имам начекано. Апла се гледа дека си тера мајтап некој што сака да звучи интересно. Некој очаен обид ко Покојна Милева што беше по Србија, ама тоа беше многу интелигентно смислено, додека ова е трагично и жално прво за девојчето чии слики се користат за исмевање, а после и за фраерчината што стои зад тој профил. Уште помутанти се па оние што паѓаат на филмот, па изиграваат паметни и многу досетливи на тој профил. Просто лижавчиња да им купи човек од што се трудат да надмудрат некој што го сметаат за ментално недораснат. Не знам, по ФБ само Булеварко го имам. Типот има интелигенција, ама некогаш има доста простачки коментари кон жените, па тоа го скролам... може го подзаскрива со хумор, ама наѕира огорченоста. На Твитер сега повеќе почнав да читам, па уште ги учам, ама гледам луѓе со по над 15к следачи и 130,000 твитови за 4-5 години, што е 28,000 годишно, или 77 дневно (да, рачунав) во просек. Тоа е веќе тој претеризам кога она што треба да е итро и со поента, преминува во лично докажување и хранење его. Биг дил ако неќеш мандарини со семки или те боли забот, мислим... И Ина ми е ту мач најчесто, ама единствено ѝ оправдувам што таа популарност ја користи и да помогне. Драганче... Мерило за интелигенција кај раја. Кој го има лајкнато, автоматски е IQ >90.
https://twitter.com/mnogufina/status/254963619631083520?ref_src=twsrc^tfw Ина кучкетина била и партиски обоена https://twitter.com/Gjavolot/status/662585424460840960/photo/1
Изгледа сум единствената што не следи ниеден од овие фаци. На фб имам само познаници и пријатели и немам намера да им го хранам егото на овие такозвани виртуелни ѕвезди. Можеби има некое добро во нив, можеби не, ама мене не ми се троши време на нив. На темава имав и повеќе да кажам ама моментално мозокот ми кива
се запнавте сите за ина што исмевала а сите овдека ни се случило некого да исмеваме. Плус поголемиот дел од шегите си ги прави на сопствена сметка и баш ми се ок. Не знам кој се крие позади профилот, не ме ни интересира но се гледа дека се работи за многу интелегентна личност која точно знае како да управува со социјалните мрежи. 100 000 следачи сепак е голем успех. Не се ни сомневам дека им го наплака тоа на фирмите што ги "рекламира' или 'куди' како банки, мобилни оператори и слично но барем постовите се реални и повекето смешни. Плус се залага за подобро општество. Најисфрустрирана фаца мие булеварко Сигурна сум дека се работи за импотентен маж кој жена му го изневерува , исфрустрирано човече што во детството не живеел во центар и тој комплекс ке си го носи до гроб. Додека го следев, еден или два статуси од него ми беа ок, другото нула. За такозваните поети немам што да додадам, лајла на повракање ме тера а и овој драган мислев посалам е ама не, секој ден исти сра*а постира. Тука негде и лешоски го ставам, онака кул профил ама поезија слабо... Ана бунтевска, квентин скриблер, гогов и тука таму уште неколку профили каде што може добра поезија да се прочита. Моџо ми е врв, најдобар од сите. Мислам дека се повеке ке станува популарен профилот а и страницата. Навистина ми се интересни и оригинални текствовите. Бетмен ми е ок, али онака просечен е . кад мало боље расмислим, подобро му оди поезија пишување од политика, штета што не објавува веќе такви работи. Васиљ ми е лигуш само политика почна да постира. Марулка не би ја коментирала лажен профил на некој психопат.
Мене лично не ми се допаѓаат твитерџиите и овие "ѕвезди" бидејќи пробуваат да останат релевантни со плукање по се живо и диво. Си живеат во свој филм, како да се подобри од сите други луѓе. Ова го кажувам од што некои од нив сум ги видела лично, и ги знам кои се, и можам да кажам дека реалноста е далеку од тоа како се претставуваат на социјалните мрежи.
Има да. каде кажува дека 40 минути ја чекала некоја ГРДА во козметички салон, а таа самата е грозота и по фаца и по карактер. Ај ке пробам да ви прилепам некои нејзини срања. гуска ипол
Видете, тоа што овде пишувате дека била грда Ина, не знам каков нос имала, не ви ја докажува поентата. Баш напротив, покажувате дека сте исти како неа. Па сега вие како сакате.
Со таквите мораш таков да бидеш. Уствари некоја грдотија, збори дека друг бил грд, па мора да и кажеш дека и таа е грда. Него не можам да ги разберам оние кои ја лајкуваат и пратат, па и коментираат на глупите постови, а оваа си лапка парички од мрчење и јадење трици Жената не е нормална. Ја гура 40та, ништо не работи, секој 5 мин пишува по некој пост и одговара и се не и чини. Има таа проблем во главата.
Тебе извештај ти пишувам. Откако станав, ја преслеков малата, ја нахранив, поминав со правосмукалка, готвев, пуштив машина, пружив алишта, ја заспав малата, пазарив и го поршетав кучето, пеглав, пречекав гости, миев садови, пак со малата се замарав 3-4 час, ја избањав, ја легнав, се истуширав и уште други 300 ситници и дојдов да кажам кој е грд и малоумен. А ти?
Е, бaш ти фaлa. Фaлa Бoгу нит сум исфристрирaн, ниту нaвредувaм и исмејувaм луѓе и не плукaм пo секoгo и сештo. Oгрoмнa е рaзликaтa пoмеѓу мене и неa.
Скоро почнав да и ги читам постовите и навистина е болна изгледа.. На сите ни смета по нешто но на неа и смета буквално се, плука по се и сешто, по секого. Незнам зошто сеуште живее кога со тоа што го пишува сака да каже дека и смета што е жива. Баш би сакал да ја запознаам..
Тие што ја запознале ке ти кажат дека е муле кое уста не знае да отвори, али затоа алтер егото и вришти на фб.
Ако. Гледа Господ. Еден ден се ќе и се врати. Што е претерано претерано е... А и кога прочитав дека има накај 40 години со подзината уста останав.Јас пак мислев дека некоја моја врсничка била 16-17 години па нема што да прави. Наместо семејство да создава, да воспитува и чува деца, да си го среди животот, таа јаде јаде тоа што не се јаде по социјални мрежи. Ако начекала гага од нејзините тоа е...Паразит.
Да, и ние оговараме на форумов, но со таа разлика што ние се задржуваме на јавни личности кои одбрале или по некоја случајност се експонирани во јавност, личности кои сакаат да бидат видени и славни, впрочем и самите прават напори со цел да бидат мета на озборување кај народот. A таквите како Ина не бираат кого исмеваат и омаловажуваат. Чудење и ругање како тоа некои личности биле неписмени, малоумни, како можеле тие да гласаат, како можеле така да размислуваат... хелоууу??? Извини што не сме сите интелектуалци во државава, оќеј?! Тоа што некој има помал IQ од таквите "паметни" твитерџии, блогери, поети и што ти ја знам, што нема завршено високо образование, што е домаќинка, земјоделец и слично, не значи дека е помалку човек од нив и дека има помали права во државава или на интернет. Ако некој има најиспран мозок, тогаш тоа се тие. Како по шаблон да се, сите исто размислуваат, сите во ист стил пишуваат, кој од кој попаметен.