Многу сериозно ги сфаќате луѓето на социјални мрежи. Од нив барате општествена одговорност како да се платени за тоа што го прават. А најчесто не се, но имаат тенденција да се. Многу популарни фаци низ светот заработуваат од својата популарност на интернет. Кај нас не е различно. Бетмен, Васиљ и уште неколку други заработуваат од својата популарност. Ина исто така, само не од политика. Мислите дека случајно е тоа што секој ден мора да има еден пост за Чевахир? Ама тоа не треба да биде пречка, тие луѓе буквално целиот ден го трошат на социјални мрежи. Тие создаваат, ние сме конзументи и тоа е тоа. Не им се љутите за начинот на кој Тинекс продава смоки, нели? it`s just business. Јас си следам куп такви. На пример, Филип. Крвав дечко, бескрупулозен, нетолерантен и суров. Многу ми е смешно кога луѓе ќе се најдат навредени од нешто што популарниве го напишале. Океј е да пљукаш по све и свашта, ама ако твое нешто дирнат, онда е катастрофа. Grow up.
Исто како и @Captain-Omni и мене ме чуди како се разбрани сериозно оние кои се платени за нивните статуси. Им ја знаеме тарифата, знаеме дека немаат мислење за поголемиот дел статуси кои ги пишуваат, па дали е дозволено да имаш мислење за нешто за кое те плаќаат? Или па најјако кога ги плаќаат за контра реклама и овие јадат гомна и сите мислат дека стварно кур ги боли за продуктот\ услугата и за доброто на нас граѓаните, а тие всушност се платени за тоа што имаат гаден јазик. Пресмешно што тие луѓе сметаат дека имаат мисија да го подобрат квалитетот на јавното мислење и живеење, а самите имаат јазик како маалска тетка која знае за секого по нешто да каже. А, нивните конзумирачи... хех, главно луѓе кои не прават ништо во животот така што не можат да погрешат, едноставно е. Па, омилено хоби им е во нивните досадни животи е да се ругаат оние кои живеат, споделуваат и слично. Па ги замислувам како малечки дечиња кои успеале да не бидат опоменати од родителите и нивната сестричка си го јаде место нив и така си се кикотат во нивниот омилен агол од собата. Тажничко.
Вториов дел, скроз! Ко само да чекаат луѓево некој и минимална грешка да направи за да го плукаат и да пробаат да го уништат.
Конкретно за Бетмен серит сум се изненадила како во дебати едвај збор со збор сврзува , а многу јак на фејзбук .. Чудно
Јас откако стиснав unlike на ина многу фина сфатив дека има многу по смешни и по вицкасти особи на фб од нејзе.
Ок , онаа многуфината трачарела , се исмевала итн. Вие сега што правите ?очигледно истото што и таа . Таков ни е менталитетот , за сите знаеме , што кој , каде , како ...ама за нас тешко. Не гледам зошто во секоја тема кај што што ќе се спомне "виртуална популарност помислувате на "фината" . Таа немаше да има 100 000 следачи ако не се замарате со неа и фино лепо ја игнорирате... Не ме сваќајте погрешно , ама искрено незнам какк ви се губи време и енергија на такви особи
Еј, штом е активирана темава - го спомнав и претходно Моџо дека го читам онака и ми е интересен, ама сеа повеќе го следам и мислам дека поголема легенда од него нема меѓу виртуелниве ѕвезди. Жими сѐ никој толку не ме смее ко него, најуникатна смисла за сатира и сарказам има Еве ако Ина има такви испади со неоправдано исмејување на обични луѓе, он никогаш нема сликано некој, ниту пак со скриншоти се има исмевано, туку баш на своја сметка партали се праи од зезање А највише ми се свиѓа што на сајтот освен урнебесните статии, има и научни и поврзани со историја и уметност. Ептен сестран, откачен и самокритичен човек, и ќе претерам можда али сакам другарче ко него!
Можеби има трема златниот. Нема време да си осмисли, да си ископа од архива ланска шега или одговор на место ко од дома за на фб и Твитер. Душа слатка, сигурно мислел исто е.
Decki koja e ina znae li nekoj? Mn jaki statusi spodeluva ja sledam dolgo vreme ama me interesira koja e posho nikoj na fb shto nema slika nema tolku sledaci i slicno
Мене поголема мистерија ми е зошто се нарекла многу фина. Не ја знам која е, имаше на нет слика за која кружеа муабети дека е Ина ама некои го демантираа тоа. Спојлер
Мислам дека никој не го знае одворот на ова прашање. Иначе не верувам дека е Трендо. Некоја уфилмана женска персона е, според твитовите, не верувам дека еден маж до толку би обрнал внимание на детали.
На сликава е Ина 1000% ви гарантирам,затоа што се дружи со моја другарка,и се знам со нејзе,и ми има отворено фб и признаено дека е она,затоа што не ми се веруваше дека е она мислев дека девојката ме лаже.
10000 пати е откриено на социјални мрежи и форуми, и пак ќе се појави некој да праша. Неретко истите прашуваат за да се осигураат. До кога веќе...