Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Виртуелни ѕвезди на социјалните мрежи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од manja666, 7 јануари 2017.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    А зошто она -ме ределе рендан компир за изгореници така слободно го кажуваш ко да е најнормална работа а за други работи си просто шокирана? Како знаеш дека компирот нема да ја влоши состојбата на изгореницата и дека не е за смеење?
     
    На didi1982 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    @JuLleE јасно е за тоа со чорапчињата во оцет и до сега ништо вакво нема објавено за оние стандардни бабини лекови, ама признај дека има разлика како е изнесено во однос на тоа "срцки, лукче на конец врзно и ставено "таму" хехехе како тампонче лечи кандида".
    Од екстремно поекстремно. И после кога ќе и' заглави "тампончето", не сакам да знам што би напишала...
     
    На CameliaMiller, theowndemon, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ами ме прегледал лекар прво, и лекарот беше таму кога ме редеа компир :o surprise surprise после лепенки ме лепеа за изгореници, и маст ме мачкаа, замисли, немам ни лузна ни ништо, а 2 недели не можев да одам :wasntme:
    И едно е надворешно, друго е во вагина бе. Се става ли во вагина се и сешто? Уште сега оние што мастурбирале со дезодоранс и им одпаднало капачето да се јават и комплетни сме

    Има нешто околу репродуктивните органи што го прави мометот на ставање таму едно лукче малку побизарен :wasntme:
     
    На CameliaMiller, Cocoxam, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Да потпрашам, што тоа лечеше менструалната крв во водата во која се бања бебе?

    Има народна медицина (кисело млеко за изгореници) која навистина помага ама, за жал, кај нас се практикува и „бабини деветини“ медицина.
     
    На CameliaMiller, realGirl, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.700
    Допаѓања:
    174.820
    Пол:
    Женски
    Реално секој некогаш посегнува по "бабини" лекови, на овој или оној начин. За ракија на влошка имам и јас слушнато. Не сум и не планирам да практикувам, ни на крај памет не ми е да си пуштам лукче кај што треба вагиналета. Во принцип, секогаш медицината ја ставам пред советите на баба Рада.

    Но, имам низок притисок. Па кога ќе стане нормален, или малку ќе се покачи добивам јака мигрена. Е медицина не ми помага тука. Во немоќ и очај си редам кругчиња компир на чело, стегам со марама и се молам главата да не ми експлодира од силното пулсирање.
    И да, пијам лимонада. Верувале или не, помага.
    Е сега.. некои одат до крајности... не за секого сфатливи.. не знам дали е во ред да се руга баш.. зошто не знаеме која мака ги натерала на одредени работи..
    Од друга страна пак, во 21 век очекуваме повеќе урбанизирани умови.. секој со своето. Што да кажеш, а да не згрешиш..
     
    На blackwave, realGirl, didi1982 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Знаеш што мене ми е грдо? Така рандом да вреѓаш жена јавно на фб зошто рекла лук дали се ставало доле. Ок ај да разгледаме вака.
    -Македонија сеуште има рурални подрачја каде ИМА интернет а НЕМА опремена аптека.
    од друга страна може нема бе пари за крема некоја од 500-600 денари па размислува во очај ете и тоа да проба?
    Не ја оправдувам, само размислувам и со нејзина глава да речеме.
    Крај краева која е па ИНА МНОГУФИНА да ја става у уста и цел ден да јаде г... за тоа она што го рекла бе!? Нејзина си е. што сака ќе и бутне!
    Седнала ко судија и кажува кој чини кој не. Сите оговараме, ДА, СИТЕ ОГОВАРАМЕ, ама јавно да вреѓаш некого треба апла да ти стапнал на жуљ. Што толку ИНА ја повредило тоа што таа лук сакала да си бутне!?!?!?

    Од друга страна ЛИЛИТ нема шанси да е ИНА, пошо ЛИЛИТ сигурно има дупло поголем коеф. на интелиг. барем според постовиве.

    едит-и да. и мене малце ми е смешно лук у вагина да буташ ама со оглед дека некои се самозадоволуваат со краставица морков и сл ова бар за лек е.
     
    На Cocoxam, blackwave, realGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  7. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    не викај вака, немој да чуе за тегавец у уше дека сме стајле некад у животу-го јадевме сите.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не вреѓа јавно, и го скрила името :wasntme:
     
    На Mishela, *Amethyst* и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    3.140
    Лукче. Лукче иам слушано дека помага за снижување на притисок, немам слушнато дека било добро на конче да го врзиш и да го пикнеш во вагина. Што се дознавам понекогаш. :D
    Језиво е бре. Како си сигурна дека ќе го извадиш? :?:
    Женското здравје не е заебанција, скоро секоја си има по некоја мака со нашиве органи, па во тој дел ако треба на пет доктори ќе одам по ред, али не се оставам на рекла-казала.

    Сепак, Ина ја претерува со некои глупи статуси. Ми е гајле кој и што пикал во телото. Сака само интересна да се направи. Поарно ќе и е само да споделува за донации и да не гњави со вакви глупости.
     
    На didi1982 и LBC им се допаѓа ова.
  10. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    @Bridget затоа што тој компир го ставаш на кожа на отворено и да постои било каква опасност одма тргаш од себе, а ова е буквално бутање во анален отвор. Сигурна си дека таа некоја ке знае како и до кај да стави? Исто како што читнав у коментарине кај мајките гранчиња што ставале у дупиња на бебиња, не се свесни дека може да натсанат сериозни проблеми?
    Ама нели, може да се испроба и тоа како лек, па ако утнеме негде дај друго дете.
     
    На CameliaMiller, Nausicaa и Mishela им се допаѓа ова.
  11. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Се е тоа така како што викаш, ама што има ИНА да и суди и да ја вреѓа со копи пејст на фб !? КОја е ИНА прво да се запрашаме. Позната твитерџика. ТОЛКУ. Ниту слетала на МАРС, ниту стапнала на месечината а најмалку па е психолог кој има достој да суди на некоја личност.
     
    На realGirl, didi1982 и forumce им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не се викаше таа Ина нешто као Инес Ефремова?
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Смешно или не, лук уништува кандида и по многу портали за здрав живот и природни лекови ќе ја видите истата препорака. Нити нашите баби го измислиле, нити само нашите заостанати жени го користат тој метод. И кокосово масло, исто - си замрзнуваат во "фишеци" и така го користат.

    За лукот и научно е докажано.
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC538912/

    И овде
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3208935/
    The vaginal cream containing garlic and thyme is effective as much as clotrimazole vaginal cream for the treatment of candida vaginitis and there is no difference between responses to treatment by these two drugs.


    Е сега, овде не ти велат да си пикнеш чешне. :D Не се и нашиве жени криви кога милион странски портали го препорачуваат истото и жени споделуваат искуства.

    Чешне не, ама можеби некои вагиналетки од лук на природна база би имале одличен ефект.

    Како и да е, не мора да е од заостанатост. Многу луѓе не сакаат да користат лекови и се враќаат на природата. Нивен избор.


    Да се едитирам, бидејќи вака сум оф топик. :D За Ина беше работата. Абе вакви нешта си заслужуваат сеир, не дека не.
     
    Последна измена: 29 јуни 2017
    На faye, piglet1, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  14. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Во минатото постоела категорија на луѓе кои биле нарекувани КАФАНСКИ ФИЛОЗОФИ (добро и денес постојат по некои). Тоа се луѓе кои се до некаде интелигентни, комуницираат со многу луѓе, слушаат муабети и врз основа на тие работи си филозофираат. Најчесто немаат некаков изграден став туку си вртат муабети кои ќе предизвикаат дискусија, реакција и тн. Тие луѓе немаат постигнато ништо во животот (освен јадење пиење и муабетчиња) ама ете така забавни ти се кога ќе дојдеш во кафана од време на време да ги слушнеш. Слични се и овие ѕвезди на социјалните мрежи. Тие се модерни кафански филозофи. Предизвикуваат дискусии завземајќи било каков став а претежно имаат став кој се поклопува со ставот на мнозинството луѓе (знаат да проценат што пали во моментот). Енивеј, никогаш не сум стиснал лајк на ни една нивна објава затоа што се ми е тоа изнасилено и без врска.
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    19.853
    Пол:
    Женски
    Некогаш навистина ми фали оној "видовитиот" Милан тарот и неговиот познат стил. Гледај го цртанот 10 пути, Убавицата и ѕверот, ќе ти помине. Стави си постер во вц од Снуп Дог, за да го гледаш секое утро и да си буташ прст анално цел саат. Мајонез и кечап на глава. Во меѓувреме и пукни си две јајца од истата. :o А потоа следеа јавувања, почитуван, драго ми е што те послушав, сега ми е подобро. До кечапот ќе да било. :rofl:

    Милан во стилот "Злосторство и казна" , но во улога на неблагодарните ќерки, изживувајќи се врз народот. Го гледав како хумористична серија. ]:) :)

    Не е до него, ами до нив е. Некој ќе напише романче, а некој слепо ќе поверува во истото. Светот е полн со лаги. Тешко овој народ наивен. Оти за волја на вистината некој ја злоупотребува нивната неукост, желбата да се биде "излечен и избавен" од проблемите кои ги имаат и си "билда" "поени" за истото. Гатачки, бајачки, пророци. Ами утре некој и како бог ќе се претстави. :wasntme:

    Не е до Ина. Ами до луѓево е. Ја следам поради хуманитарни акции и признавам оти често ме смее. Ете, јас никогаш не би се осмелила да се изживувам така јавно со неукоста на некој. Но секој е различен. Не можам да ја промашам и да не ја скролам надоле по ѕид, оти стварно ми е интересна. Можеби не толку таа, колку оние што ги објавува. Дај бидете реални, стварно ништо од тоа не ве насмеало?! Иако признавам, знае и да претера.

    Еве, мене не ме насмеа, а ми беше прилично одвратно бањање на новороденче во крвава вода. Вода со мензис!!! Па да сум институција и некој фактор во државата, ако со таква вода го бањаат, на што се способни луѓево утре?! Се што ќе слушнат прават, дури и на сопствените деца. Можеби е до општеството. Не знам.

    Кога бев мала многу лошо го превиткав зглобот на ногата. Според баба и нејзините бабини деветини, мајка се осмели јајце да ми стави. Да виделе дали и каде е пукната де. :x Таму каде што ќе се разлее жолчката, таму бил проблемот. ЕУРЕКА! Открија каде е пукната и живи среќни откриле, а јас умирав од болка и сепак завршив со лонгета, оти ни јајцето ни кромидот после тоа помогнаа. И да, пукната беше на сосема друго место, од она што го "предвиде" јајцето.

    Никој не ги оспорува лековите својства на храната, ама лук да си бутнам у вагина или некое друго хранливо лековито средство или самозадоволувачко ака банана, чиниш е вибратор, па носете ме после на психијатрија. Оти сум одлепила.
     
    На CameliaMiller, *Amethyst*, Cinderfakinrella и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Водолија

    Водолија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Moже се плашат да не ги има у некој нејни статус :rofl: Како и да е ного народ ја следи популарна е и знае да го наметне нејното мислење
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.347
    Допаѓања:
    249.469
    Ова со лукот е екстремно, не велам не. Ама може и од очај женава веќе и лук ќе пикне. Или, да не заборавиме колку прост народ живее во Мк. Или, слушнале ама не разбрале.
    Јас не би, а не би дозволила ни на мој близок. За лукот зборувам.
    Но ова не е причина Ина да ги исмева по фб. Не знаеме што се крие зад муабетов, дали во позадина е очај, неинформираност.
     
    На forumce и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.017
    Пол:
    Женски
    Лук је лек за све:D.

    За лековитоста на лукот при генитални инфекции прв пат слушам,но за неговото дејство против брадавици(курје око народски кажано),потврдувам.

    Што се не пробав,на децава им излегуваа на стапалата,течен азот,оние лепенките со салицил...се додека некој не ми кажа лук да ставам.И навистина помогна.
    Не ја потценувам народната медицина,но некои работи се навистина смешни кога не ни биле жалосни.

    Не ме чудат вакви изјави од народот.Баба Рада едно време беше своевиден медицински гуру,се расфрлаше со дијагнози и лекови.Сум слушала од доктори дека пациентите се придржувале на нејзините совети занемарувајќи го оние од лекарите.
     
    На Nausicaa, didi1982, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    4.682
    Сега гледав, се смее и за фарбање на коса со степлајт...јас лично се иа фарбано така! Можда пред да се изнасмее да се распраша убаво. Не ги оправдувам сите народни лекови ама чим постојат со години и истите постојат во различни држави значи има нешто, од негде доаѓаат
     
  20. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    А што е воопшто битно која е Ина и дали се вика Катерина или Клеопатра? :D Мене не ми смета тоа што плука по се живо на фб, некогаш и потсеќа на Јоци по стилот на пишување. Ама би било добро да го модифицира речникот малку. “Бутање зеленчуци у пи**а“ е премногу вулгарна фраза. :^) Многу луѓе ја следат (сеир нација) и мислам дека треба да има осет. :D Очигледно дека не може секој и да и коментира на постовите, кјуриос? Страв од лоши коментари, навреди? Хмм
     
    На LBC му/ѝ се допаѓа ова.