Јас сум висока 158, а тежина 43 Ниска сум и тоа многу ми пречеше, но си ја прифатив својата висина и гордо си ја носам, сите сме различни, кој низок, кој висок, кој дебел, кој слаб, никој не е совршен и мој совет не бидете комплексаши, што е можно да смените, сменете го, а што не гордо носете го на себе, сакајте се такви какви што сте, на крај краева внатрешноста на човекот е важна, а не висината или тежината. Секогаш зрачете со самодоверба и запамтете дека недостатоците кои вие си ги гледате, некој друг мозе и не ги ни приметува. Кога се сакаш самиот себеси таков каков што си, се повеќе те сакаат и прифаќаат другите.
И по долгото жалење дека сакам да сум слаба, коонечно ја имам тежината, која не знам од која причина ја посакував. 58кг. и 172цм. И сега сакам да си ја повратам претходната тежина, затоа што сите фармерки ужасно ми стојат..