162 cm и тежев 55 сега ниту 49 немам не сум задоволна сега почнав нагло да слабеам а јадам се кога седнам на маса како да немам видено јаденје сум ... незнам сега чекам резултати од крв да видам што ме убива вака брее што си бев згодна
163 65 кг не сум задоволна идеална тежина ми беше кога имав 50кг и повторно си ги сакам тие кг.Тогаш бев навистина супер од 45кг качив 5 и ми беше екстра.Од овој месец почнувам на фитнес па се надевам ке си ја постигнам целта.
1.55 и 61 кг. Не сум задоволна. Се здебелив 6 кг. Така и ми треба кога на работа секој ден јадам благо со колешките. Мора да ослабнам.
Фатив дечко, па почнав да си јадам повеќе... На вечери , на доручеци И полагав испити, до 4,5 учење па ќе си каснев нешто уз пат. Кога стигнав 55 после и вода ми се фаќаше Сега на 59 симнав .
Висина 170, тежина 60 кг. Порано мака мачев со кг, и видов дека само вежбаnjе му е маjката Година дена во теретана, си jа прават разликата. Задоволна сум
170 со 61кг. Пред пораѓај бев 57 кг тогаш си велев може уште 5 кг ама сега стомакот ми е голем и треба да вежвам, а ме мрзиТ
Јас сум висока 165, а имам 70 кила. Не сум задоволна ич, што мислите вие која е идеална тежина за оваа висина?
Висока сум 156 и имам едвај 50кила тоа е максимум што сум качила се ми се движат докај 47-50 ни помалце ни повеќе и со диети и вежбање едноставно тоа е тоа. Искрено не сум баш задоволна од ова или барем малце да ослабам или да се извишам.За извишување е тешко зашто се е до гените сум пробала и со спортови, не иде. Сега сакам да пробам нешто диетално иако неможам строги диети да држам имам проблем со шеќерот, а да вежбам немам време.Иако ми викаат дека не треба да ослабам ама се е психа. Другарка ми го кажа зелениот чај многу помагал.Имало некое девојче подебело од мене за два месеци пијеќи го чајот, а јадела се нормално се направила стапче.Е, сега јас несакам до толку да бидам слаба.А и од него се враќале дупло килограмите.Еве незнам што да правам, ваш совет?