Не се срамам јас да напишам, има некои што бегаат од темава како ѓавол од крст. И никогаш не велам дека коските ми се тешки како изговор поради кој килограмите ми се со 3 цифри, Или има некои се вадат со изговор немам одено во тоалет недела дена, затоа ми варира тежината. Абе ајде не заебавај, како да изел цело прасе па сега чека да го свари организмот. Не е анаконда туку човек е.
Има сигурно но не се кажуваат,плус зошто гледате со презир кон тие што имаат килограми плус.Ако ги цените луѓето според килограмите срам да ви е!
Има еве јас да се пријавам дебела сум си и на фитнес одам и наместо да си ослабнам јас си качив килце повеќе Инаку 163см 66кг Ако не станале и повеќе
Кога вака ке ги кажам кг со висината не изгледа дека сум дебела ,но дебелината ми е во стомакот. Раце нозе ок ама стомак ко 9 месец бремена да сум.
Вие навистина не знаете што значи да си дебел/а? Ама стварно. Се напрегате со работи кои немаат никаква врска со реалноста.
Не знам јас 45 кг имав долг период устварии цел мој живот бев со помалку кг и тоа пак не беше во ред мака мачев да качам некој кг. Сега пак ми смета може не е до кг но се чуствувам тромо а и др ми велат да намалам инаку лекуваме стерилитет. А и сите велат дебела си па валда и јас свесно или несвесно прифатив дека сум си дебела. Најзадовола бев кога имав 55 кг.