Висина-166 тежина-57 Ме натеравте на вага да се качам бре! и шок!Сум си поткачила 2 килца...Ама ако ајде,зима е
ВИСИНА 174 СМ А ТЕЖИНА 70 КГ...ДАЛИ ТРЕБА ДА ОСЛАБАМ МИСЛЕЊЕ БАРАМ( ИНАЧЕ ИМАМ МАЛО СТОМАЧЕ АМА НЕ ЕПТЕН ОНАКА) ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ ИМАВ 63 И БЕВ СУПЕР АМА НЕКАКО НЕ МОЖАМ ДА СИ ЈА ВРАТАМ КИЛАЖАТА МИСЛАМ ДА ЈА НАМАЛАМ А ЈАДАМ ПОМАЛКУ ОД ПРЕТХОДНО АМА СЕДЕЧКА РАБОТА ...АБАВЕМ МЕТАБОЛИЗАМ СИ ГО ПРАВИ СВОЕТО (А И ГОДИНИТЕ ВЕРОЈАТНО 28 ГОД) ИАКО НЕМАМ РОДЕНО ДЕТЕ! ТОА Е
Дечки за пофалба сум..јас се си мислев дека сум здебелена,а оно обратно да ти било.. Сега сум 61kg Спојлер Сега барем имам мотивација да стасам до 57/8kg
Уште одамна читав дека за жените правилната килажа се пресметува висина - 110, т.е. во твојот случај 174-110= 64, но сепак мислам дека кој како му одговара. Ако си задоволна со твојата тежина сега, значи таа е идеална за тебе! Јас сум 173 цм, 59 кг.
Мала помош од мене за оние кои сакаат да се дефинираат, дојдат до топ форма, или само сакаат да ослабат неколку килограми Споредбата на првата слика не е грешка - на првата слика девојката има помалце килограми, и очигледно е дека има повеќе масти на телото; додека на втората слика, девојката има ПОВЕЌЕ килограми, а помалку телесни масти, кое е и видливо. Зашто е тоа така ? Втората слика покажува дека 5 lbs сало и 5 lbs масти имаат иста маса. Но тука е главната разлика. Иако тежат исто, салото има многу поголем волумен, а мускулот има многу помал волумен. Што би значело следното - девојката од лево на сликата горе има помалку килограми, затоа што од вкупната телесна маса, има повеќе масти (сало), а помалку мускулна маса. Додека на втората слика, има повеќе килограми (3 кг повеќе), и од целосната телесна маса, таа има повеќе мускулна маса од колку телесни масти. Затоа немојте секогаш вашиот прогрес да го следите САМО преку вагата, затоа што во поголемиот дел од случаевите, може да стагнирате во бројките на вагата, а сепак да ви се менува физичкиот изглед. Наместо вагата, пробајте огледалото да биде вашиот најдобар другар, тоа никогаш не лаже, дури и кога вагата лаже
Висока-183 Тежина-77 Не сум задоволна и еве ослабувам пополека...Поголема мотивација од сега амин да ослабам и обавезно ставам слики