Ахаххахаха е од кај се собравте овде сите над 1.70 или само тие си ја пишат висината In real life на прсти може да избројам колку жени знам над 1.75. Или може сте помалечки, гледам новите генерации повисочки се. Или па може сум ја згрешила земјата, како некој црногорски форум да читам Јас сум 1.66, а тежина варирам од 60 до 62кг и задоволна си сум. Немам против да симнам некое килце, ама и вака сум океј. Порано се движев од 55 до 60, ама со годините мн потешко оди слабеењето. Она тежината да е -110 од телесната тежина е застарено и нерелевантно правило. И BMI index не ми е нешто многу веродостоен. Не може за жени и мажи да е исто, мажите имаат природно поголема тежина на иста висина, повеќе мускулна маса итн. А и мн е важно каде е распределена тежината. Од здравствен аспект полошо е кога е на стомакот, околу органите, отколку на колковите. Идеална висина за девојка ми е 168-173, а тежина од 7-10 кила под висината, поточно -107 со -110. Ама тоа си е секако само мое гледиште, се разбира дека има преубави луѓе што се и мн повисоки и мн пониски од моиве критериуми, а секако и со помалку/повеќе кг Ама секако зависи се од тоа како е распределена тежината. И пред се гледајте си здравје, здрава храна е балансирана храна, вежбањето е супер, ама без форсирање, и тоа знае да е лошо кога се претерува.
И на маж исто не изгледа. Посебно ако сакаш да ги вајаш. Ама ако сакаш да ги галиш, статуа не би галелеа.
Точни си се бројките.Паѓаат во вода за бодибилдери/ки, за обичен народ таман си се.Затоа и bmi опфаќа повеќе вредности, а не една бројка.
Одсекогаш сум била таа килажа како девојка висока и слабуњава затоа сега после пораѓај гардеробата ми е тесна тоа најтешко ми паѓа. Неможам се на ново да купувам ама еве веќе се враќам 64 сум моментално
Па и јас не познавам многу високи, кај и да се појавам, штрк сум, особено па на свадби и веселби каде носам и штикла (но пак и тие штикли гледам да не се многу високи) Јас имам 28г, а еве ја знам и @Kitten лично и она е таа висина, а постара е од мене. И јас би сакала да сум пониска, освен што штрчам секаде.. мака голема е за алишта
Јас секаде највисока сум, па и тука. 157cm. Тежина последно беше 46kg. Сега се надевам дека е тука некаде, иако мислам дека се повеќе. Ќе видиме...
И @LadyC и таа е штака невидена @MarijaMi90 нема врска генерациите. Во секоја генерација има по некоја "залутана" генетика како за македонски просек Инаку сум 177 со 70 во моментов. Као не сум задоволна, сакам 66-67кг, но сите ме убедуваат дека одлично си стојат тие 70. Сѐ е до перцепција. Па така и би признала дека никогаш не би имала повторно 57 кила како што имав на матура Сите пршлени едно по едно ми се броеја на грбов Така што @IJAE ич немој да тежнееш кон - 120 од твојата висина, не изгледа здраво и не е здраво. Посебно не на жена која веќе не е девојчица. Со твојата висина 70кг е скроз Ок. Не знам колку си возрасна, но еве гледам јас со годините, цел метаболизам ми е сменет, и да сакам, никогаш не би можела да бидам под 65 кила без да се изгладнувам.
Ееееј, стварно? Од што те гледам во модни, патем многу ми се допаѓаш, баш имав впечаток дека си прилично висока. Баш ме изненади сега. Битно супер изгледаш @Kitten и @mariz Мкд е малку невообичаена таа висина за девојка, инаку да бевте Холандија просек ќе бевте со висината . Сега како што се смена модата, мене мн повеќе ми се допаѓа оваа, отколку пред 10тина години преку ден штикли кога носевме , мн покежуал е, преубави работи има за на ниски. Римјанки, стратки, кондурчиња.....Ем ќе ви е удобно, ем изгледа мн убаво
Она што ме загрижува е дека повеќето луѓе не сфаќаат дека огледалото е поголем репер за здравјето, отколку висината и тежината. Огромен број луѓе не знаат што е тоа skinny fat body. Наједноставно, тоа се луѓе кои изгледаат слабо но всушност се дебели (имаат масти но не и доволен волумен на мускули под кожата). На својата висина имаат, се трудат да имаат, или одржуваат тежина само со "недоволна исхрана", изгладнување или диети. А од друга страна немаат никаква физичка активност. Тежината сама по себе не е никаков репер за здравјето. Тело високо 170цм со 60 кг тежина може да има поголем процент на масти од тело со 75 килограми на истата висина.
Нема да се срамам, отворено ќе си кажам. Имам 85кг. последно кога се мерев. Висина: 163цм. Сега малку построго со вежбањето и се надевам ќе постигнам резултати.