Ја читам темава, сите мажи пишале дека се 180цм +. Машала, само јас изглеа слепа сум па едвај наоѓам повисоко машко од мене во Мк. 180 сум, не ми треба метро, јас сум метрото , они 180 се само на тестатура.
Јас сум 176-7 можеби, знам машки пониски или колку мене кажуваат дека биле 184 или 188. А позади тастатура сите се 190-200цм За 1-2 цм не е страшно но за 5-10 цм не верувам до толку да им е грешно метрото.
Ма не ви верувам више Озб кај ги наоѓате бе? Во Скопје повисоки ли се? Овие сигурно се некои од помалите генерации па пораснале Јас коа живеев во Гевгелија пред околу 10г, само двајца познаници имав шо беа моја висина, друго се живо беше пониско од мене. Лани во Ск коа бев со братучедката во еден мол, ми вика лелее како те зеат луѓето не се навикнати да гледат толкав човек. Ајде бе бегајте, ме лажете
Јас сум 180, маж ми е 192 Син ми на 11г е скоро 170, е он ќе биде и 2 метра (сигурно и над).. зошто ни јас ни маж ми на таа возраст не сме биле толкави
Кошаркари, ракометари да не се? Јас 180цм, пред мн години работев во сендвичара на каса... и прв пат се осетив "ниска" кога дојде еден ракометар да порачува храна Па сигурно 210 мин беше
Леле јас воопшто ја немам таа перцепција. Скоро 180 сум, и ретко кој дечко во Македонија бил значително повисок од мене. Сум дејтала и пониски, а дечко ми сега е малку повисок од мене, искрено презадоволна сум Бев во Србија пред некое време и одма се гледа разлика, стоиш во толпа и скоро сите околу тебе се повисоки. Кај нас едино ракометари/кошаркари се над 190, ама па тие се обично со две мозочни ќелии