1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Висока Медицинска Школа - Битола

Дискусија во 'Образование' започната од MarchelineAmaru, 15 јули 2011.

  1. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ајде јас како "претставник" на Високава Школа да ја отворам темава ,гледам нема ваква досега .
    Дали некој/а од вас студирал/а или планира да се запише на оваа школа ?
    Кои се предностите , а кои недостатоци ги има ,според вас?


    Мое мислење ,донекаде жалам што се запишав ,не за друго ,туку поради тоа што самиот назив Висока Школа и го уништува рејтингот , па разни муабети од типот "таму се запишуваат студенти на кои не им се учи" ,што е ноторна лага ,ги има секакви и секаде .

    Кога би била во можност пак да бирам ,од тие причини би одбрала вистински ФАКУЛТЕТ ...

    А вие ?
    Кои се вашите мислења?
     
    На Nike-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wwwbella

    wwwbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    8
    И јас сакав таму да се запишам ама ме премислуваат истите овие муабети.И мислам дека ако не продолжиш понатаму после оваа високаа скола некако само со тие 3 години ми изгледа како џабе :?:
     
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Учам медицинско во Битола, одедна страна не жалам шо се запишав тука зато шо си поминав многу лесно 4 години :wasntme: ..одедна страна жалам зато шо струката шо ја учам воопшто не ми е по желба, не планирам да одам на високата зато шо ми е џабе оти ќе имам само нешто поќе од средното..според муабетите шо ги слушам не е прав факултет туку е само висока школа односно со 3 години..мене тоа не ми се допаѓа повеќе сакам да се запишам на факултет со 4 години и плус да ми е по желба на она шо сакам да го учам и работам во иднина :) ..како и да е сигурна сум дека нема да се запишам тука! :)
     
  4. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Мајка ми дипломира на ВМСБ, вонредно оломлани.
    2 години ја влечеше фамозната проф по физиологија -.-’ (сите што студираат таму знаат за која зборувам), и тоа единствено еден колоквиум и беше останат цели 2 е*ани години.
    Иначе она нема подолу од 8-ца во индекс...
    Неа и вреди поради што во своето време не се запишала на факс туку одма се запослила....

    Ама и самата ми рече, кога ти се пружува прилика искористи и заврши факултет, вака си само сестра/техничар со малце поголема школа и ништо повеќе :) ;)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1234girl

    1234girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    35
    Според мене високата медицинска школа е промашена инвестиција.Прво со средно медицинско-општа медицинска сестра имаш назив,а со високата шо имаш?ПАК СЕСТРА.Не си доктор,не можеш ништо друго освен сестра.А сестри има со лпопата да риниш. :x
     
    На Kitty23, Adi888, Victorya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. meri24

    meri24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Има многу многу учејне а воопшто понатаму никаде не е ценета како професија,а за платите да не правиме воопшто маубает!
     
  7. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Да ја активирам малку темава :) Јас бев многу против високата за тоа време ќе завршиш факултет,сега ме замараат од дома да се запишам и незнам што да правам :?: Знам дека има мн мед сестри ама ако работиш во државна институција имаш големи шанси да напредуваш со високата,инаку платата е поголема за околу 6 000 денари,дежурствата им се повеќе платени,мислам дека во Систина сестрите со висока и искуство се разбира земаат околу 35 000 што и не е баш малку :)
     
  8. Pokahontas-84

    Pokahontas-84 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    6
    Девојки, јас би ве демантирала тука. Високата медицинска школа во Битола е акредитиран факултет при универзитетот Св. Климент Охридски. Три години се студира затоа што тоа е стручна школа каде што нема потреба од бубање, туку се оди на поголема практична настава, а така нели, полесно се учи. И на Медицинскиот факултет во Скопје насоките што ги има на ВМШ се студираат исто толку време и се здобиваш со истата диплома. Е сега, ако сакате да бидете доктори, ќе си запишете студии по општа медицина кои се студираат 12 семестри. :) Друго, и на Техничкиот факултет во Битола има насоки кои се студираат три години, па се дел од универзитетското образование и се здобиваш со универзитетска диплома. Плус, на ВМШ имаш можност да запишет едногодишни специјалистички студии и се здобиваш со диплома специјалист по тоа и тоа, нели, и така, си имаш целосно 4-годишно факултетско образование. Медицинското образование никогаш нема да изгуби од важност и секогаш ќе биде барано. И не сте обични сестри или не знам што со ова образование. Вие работите ценета работа, имате прекрасна струка и спасувате животи, а тоа нема цена. А да, заборавив, платите не се по 6.000 во никој случај. Многу се поголеми. ;) Поздрав!
     
    На MitMax, mariiiii, Nike-cool и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Strong.44

    Strong.44 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Има ли некој што панира оваа година да се запишува ВМШ Битола? И ако има дали ги има истиве проблеми сомене, дали е возможно на електронската пријава на УКЛО неколку факултети не се пишани меѓу кој е и ВМШ, пишав на ректорот велат ќе ја поправат грешката и еве веќе 2 недели и нешто има поминато уште си стои така и почнувам страшно да се нервирам.
     
  10. Strong.44

    Strong.44 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Од кој професори да се плашам кажи ми ? И совет за убав старт? :D
     
  11. fineliving

    fineliving Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво,јас ке се запишам.Иначе немав некој проблем на електронската пријава.Дали среде ти?
     
    На Strong.44 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.233
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали ти признаваат предмети од друг факултет? Јас дипломирав на ПМФ Биологија, и како што ја гледав програмата имаме доста слични предмети. Сакам да доучам за мед. сестра или лаб. техничар... :):):)ми е досадно ништо да не учам, а во животот секогаш ќе имаш корист од медицина
     
    На R.i.n.a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    31.197
    За со лопата да ги риниш има се.
    ЈАс не би препорачала ни висока, ни пак на медицински факс и Ск и Штип е истото по 3години, ренген, лаборант, физиотерапевт, сестра.
    Јас учев Бт катастрофа е, барем јас не би препорачала на никој, јас да се врати време, не би се запишала таму. Професори катастрофа, не соодветни за предметот што го предаваат.
    Се тешам со тоа барем е признато како физиотерапевт во Германија така да, барем нешто ќе излези од таа ВМШ позитивно.
     
  14. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Една моја другарка студирала на вмш и вика дека голем дел од професорите не ги ни прегледувале резултатите од колоквиуми туку оценка носеле врз база на резултатите од предходните тестови по други предмети. Можно ли е тоа??
     
  15. helloitsme

    helloitsme Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Јас учам таму и можам да кажам тоа е вистина ама поголема вистина е дека воопшто не ни ги прегледуват тестовите пуштат студенти колку што ќе му текни нив си прават како што сакаат со нас ни клаваат колоквиуми и испити на иста дата во исто време и што уште не се е хаос искрено многу жалам што се запишав таму...
     
    На The_boy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Добро тоа само таму се случува или...? Како да се реагира што да се направи?
    Зошто прават така? :|
     
  17. helloitsme

    helloitsme Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Имам прашувано и по другари и другарли што учат на други факултети и никој не се има вака пожалено. Јас разбирам дека е факултет се бара повеќе знаење ама ова? Прават будали од нас...Искрено единствен начин да се реагира е нешто да се пријави во Скопје ама и за тоа треба сите студенти да се сложат и поднесат барање а бидејќи повеќе од пола си имат врски и си ги земаат така предметите не му е гајле за нас другите
     
  18. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    За да се пријави е многу лесно но, треба да сте сигурни и да имате макар мал доказ дека и покрај точни одговори од икс причини ве туркаат на колоквиуми или испити.
    Мене ми е малку неверојатно да не ги прегледуваат одговорите...
     
  19. helloitsme

    helloitsme Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    за жал така е...
     
  20. Martina T

    Martina T Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2019
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Дали сите можат да се запишат на Високата мед. школа, или тоа е само за тие што завршиле средно медицинско или гимназија?