Елизабет Мусмано открива како до парчиња облека од „висока мода“ за ниски цени. Која е нејзината стратегија за која се „закачија“ сите светски дизајнери дознајте лично од неа. Сѐ почна во 2004 година кога „H&M“ објавија дека нивната најнова есенска колекција ќе биде дизајнирана од легендарниот Карл Лагерфелд. Седум години подоцна и по колекциите на петмина врвни дизајнери, трендот што беше почнат од „H&M“ се прошири во неколку други стоковни куќи ширум светот. Иако Карл Лагерфелд рече дека никогаш повеќе нема да работи со „H&M“, и покрај успехот на неговите креации, другите дизајнери од светот на високата мода ги проценија овие соработки како одлична можност за зацврстување на брендот. „H&M“ беше одличен промотор на модата по ниски цени, дизајнирана од врвните дизајнери. Успехот на овие колекции ги повикаа останатите познати дизајнери да ги лансираат своите колекции во средно скапите продавници во светот. Во „Вера Ванг“ ја имав привилегијата да ја лансирам колекцијата „Симпли Вера“, што е една од најпродаваните колекции во „Кол“, изјавува Елизабет Мусмано, чијашто работа како глобален маркетинг-директор во „Вера Ванг“, ја подигна препознатливоста на брендот, како што е забележано во извештајот на WWD, од 92. на 54. место. Првата соработка на групацијата „Вера Ванг“ со „Кол“ во 2006 година, колекцијата „Симпли Вера“ содржеше секаква облека, долна облека и пижами, чанти, кожни модни додатоци, накит, обувки и постелнина. Има нешто во високата мода што ги привлекува луѓето. Можеби е брендот, можеби е цената, но сигурна сум дека секој сонува да носи нешто дизајнирано од познат креатор. Овие колекции ја прават високата мода секому достапна. Иако некои дизајнери сѐ уште ќе ги критикуваат овие колекции по ниски цени, јас верувам дека тие можат да му донесат само добро на креаторот, објаснува Елизабет Мусмано. Дали сте си дозволиле некое поскапо парче облека од светски дизајнери? Во Македонија високата мода не е застапена како во соседството. Што мислите вие за високата мода? Кои се причините поради кои таа не ее застапена во македонија? И постирајте слики од облека која ви се допаѓа....
И јас постирав една ваква тема...Сметам дека високата мода во Македонија не е воопшто застапена, а помалку ценета..Како прво не можеме да си дозволиме да купиме некое парче на облека од светски дизајнери со просечна плата од 300 евра. Добро тоа, нормално не можеме затоа има копии..Но мислам дека не се цени доволно. Зошто? Повеќето сметаат дека облеката на светските дизајнери е ништо помалку туку крпи за бришење на подови и паркети.Со еден збор-Партали. Тоа е нашиот вкус..Можеби не се доволно запознаени со дизајнираната облека или па повеќе им одговара така да се тешат...?Но сепак останува на нас да сонуваме со отворено очи дека еден ден ќе си дозволиме и ние да носиме чевли од Прада, ташна од Луј Витон, а нашата венчаница нема да биде дизајнирана кај некоја обична шивачка, туку од страна на Вера Ванг или Зухаир Мурад. Да се надеваме дека ќе успеемее!!
Копија никогаш не би носела.look a like доага во предвид но копија НЕ.Луј витонките што се носат низ град и се продаваат низ чајна шоповите и шутка не вредат ни 5 пари.Но ете некој ради комплекс или помодарство ке ги носи. Не би рекла баш дека високата мода ни е недостижна баш до толку.Да не генерализираме и да не разглабаме мн околу платите.Но една луј витон кошта околу 500 евра,толку кошта и еден капут на марела или liu jo во рамстор.И ако таму имаат муштерии верувам истите купуваат и надвор од државата од високи брендови. Мене лично висока мода ми се клои,ив сент лорен(валда вака беше),шанел,прада и барбери. Гучи,армани,мајкл корс ми се и те како извикани имиња без да нудат нешто посебно. А тоа дека не се цени..незнам што треба да се цени кај облеката?Тоа што ја нацртал некој си фамозен дизајнер.Облека ко облека не е вечна и не се чува под стаклено ѕвоно.Ако имам пари ке ја купам и носам.Толку.Нема филозофии ,бар за мене не.
Прифаќам секакви мислења, видов дека немаше ниту едно мислење на оваа тема па затоа ја "кренав" малку за да ја "размрдаме" темата..Секако до некаде се сложувам со јоy1...
Облеката од бренд/дизајнер наменета за продажба и облеката претставена од истиот дизајнер на ревија за висока мода не е исто. Висока мода е онаа дизајнерска облека која е изработена рачно без никаква употреба на машини и за која се потрошени илјадници часови за едно парче. И истата кошта оган и пламен. А дизајнери како дизајнери еве во Америка има да ги ринеш со лопата, ама не секој има право да учествува во couture fashion week. Парчињата од високата мода се уметност. Повеќето ексцентрични, но уметност Еве на пример ова. Кои ситни детали ги има фустанов и замислите која работа е некој да ги шие рачно Жан Пол Готје Армани Валентино Нешто што се цени во светот, а кај нас не даваат ни 5 пари е рачната изработка. Скапа е точно и кога би можела и јас би си дозволувала уникатно парче од време на време. Ама сега за сега 4000 денари еве за накит не можам. Не го потценувам трудот кој вреди за парите. Баш напротив Кога кај нас некоја дизајнерка би почнала со couture облека верувам дека цената би и се движела околу 500 евра, а во странство би можела да достигне до илјадници. Но тое е Нашата чудесна земја