Да, да. Инвертер најекомично грее кога е вклучен нон-стоп и одржува температура, наместо да се гаси, па наново да загрева. Се вклучува со почеток, а се гаси со крај на грејна сезона.
Почитувани корисници, Согласно одлуката на Регулаторна комисија за енергетика за Универзалниот снабдувач, од 01.07.2022 се воведуваат одредени измени во тарифниот систем за потрошената електрична енергија. Со цел транспарентно да ве информираме од каде произлегува вкупната сума на фактурата за електрична енергија, на задниот дел ќе најдете детални информации за вашата потрошувачка, но и за начинот на кој се тарифираат потрошените киловат часови во висока и ниска тарифа. Во фактурата за електрична енергија одделно се прикажани пресметки за: - потрошена електрична енергија и - надомест за користење на преносниот и дистрибутивниот систем Потрошената електрична енергија најпрво е поделена на: - потрошувачка во висока тарифа и - потрошувачка во ниска тарифа Кај домаќинствата, како посебна категорија потрошувачи, целата количина на електрична енергија потрошена во висока тарифа се дели на блокови на потрошувачка, а за секој блок има различна цена. Блоковите во високата потрошувачка, кога периодот на отчитување е 30 дена, се: - Блок 1: од 0 kWh до 210 kWh - Блок 2: oд 211 kWh до 630 kWh - Блок 3: од 631 kWh до 1050 kWh - Блок 4: од 1051 kWh па нагоре Пример: ако еден потрошувач потрошил 700 kWh во висока тарифа, тие ќе бидат поделени на следниот начин: - Блок 1 (0 – 210): 210 kWh - Блок 2 (211 – 630): 420 kWh - Блок 3 (631 – 1050): 70 kWh Потрошената енергија од секој блок се множи по соодветната цена што важи за тој блок и така се добива вкупниот надомест за потрошена енергија. Дополнително објаснување за блоковите, зависно од периодот на отчитување: Блоковите кои беа прикажани погоре важат за месечна, односно 30 дневна потрошувачка. Доколку при отчитување на броилата периодот не е 30 дена , туку пократок (на пример 29 дена) или подолг (на пример 32 дена), тогаш блоковите се прошируваат или стеснуваат. При ова „проширување“ или „стеснување“ на блоковите, како фиксна се зема просечната дневна потрошувачка, која се добива кога месечна (30 дневна) потрошувачка ќе се подели со бројот на денови. Така, за секој блок се добива просечна дневна потрошувачка: - Блок 1 (0 – 210): 210 kWh : 30 дена = 7 kWh/дневно - Блок 2 (210 – 630): 420 kWh : 30 дена = 14 kWh/дневно - Блок 3 (630 – 1050): 420 kWh : 30 дена = 14 kWh/дневно Од тука ако периодот е 28 дена, месечните блокови би биле: - Блок 1: 28 дена х 7 kWh/дневно = 196 kWh; значи Блок 1 (0 kWh – 196 kWh) - Блок 2: 28 дена х 14 kWh/дневно = 392 kWh; значи Блок 2 (197 kWh – 588 kWh) - Блок 3: 28 дена х 14 kWh/дневно = 392 kWh; значи Блок 3 (589 kWh – 980 kWh) Надоместок за пренос и дистрибуција: Надоместокот за користење на преносниот и дистрибутивниот систем се добива како производ од потрошената енергија и тарифата за пренос и дистрибуција, според Одлуката на Регулаторна комисија за енергетика за Електродистрибуција. https://evn.mk/getdoc/e9afb59c-7a28-4bde-b300-88cc9498758d/Informacii-za-fakturi.aspx ЕВН Хоме постапува во согласност со регулативите и подзаконските акти од Законот за енергетика. Согласно со Одлуката за одобрување на предлог цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачи кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје во прилог се цените за домаќинствата: Категорија домаќинства 1. Активна електрична енергија (ден/kWH), Период на оптоварување ВТ 1, Гранични вредности на блокови (kWh) 210 - цена: 4,7257 ден. 2. Активна електрична енергија (ден/kWH), Период на оптоварување ВТ 2, Гранични вредности на блокови (kWh) 211-630 - цена: 5,1578 ден. 3. Активна електрична енергија (ден/kWH), Период на оптоварување ВТ 3, Гранични вредности на блокови (kWh) 631-1051 - цена: 6,0563 ден. 4. Активна електрична енергија (ден/kWH), Период на оптоварување ВТ 4, Гранични вредности на блокови (kWh) > 1050 - цена: 16,1336 ден. 5. Активна електрична енергија (ден/kWH), Период на оптоварување НТ - цена: 1,3183 ден. Трошоците за мрежа се наплаќаат дополнително. Евтина тарифа: секој работен ден и сабота од 22:00 до 07:00 наутро, а во недела евтината тарифа трае во текот на целиот ден сѐ до понеделник во 07:00 наутро. Според одлуките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, цените ќе се применуваат почнувајќи од 01.01.2023. https://evn.mk/getdoc/f8df6651-a9ef-4c4c-a5f9-6548faf20621/Energy-supply.aspx
како мислиш кога вклучувам има врска и тоа кога? Ја ко паднат од марс со прашањава али стварно не знам прв пат сам живеам
Евтина тарифа на струја има од 22-07ч, а недела цел ден. Ако вклучуваш бојлер, машина итн на скапа тарифа нормално ќе ти дојди повисока сметка, а со греењето зависи дали се грееш на струја и со шо се грееш: инвертер или обична клима, радијатор, парно на струја, панел, калорифер, греалка итн.
Пријавивте состојба на броило онлајн? Правете го ова секој месец и не може да направат грешка. Идете и за оваа голема сметка да им посочите, очигледно е грешка и ќе ја исправат според броилото.
Непотребно трошење на струја Исклучете ги другите апарати во куќата што не ги користите постојано . Сите електрични апарати вклучени во штекерот трошат електрична енергија дури и кога се исклучени. Затоа, немојте само да исклучувате, на пример, тостер, туку и полначи за мобилни телефони. Ако не користите десктоп компјутери, лаптопи или таблети, не ставајте ги само во standby mode , туку целосно исклучете ги. Oва вистина е, да гасиме се од штеќер или нема врска?
Најдобро решение - дефинитивно инвертер клима. Нема подобра инвестиција. Топло препорачувам. И да ја исклучувате, вклучувате пак не троши многу струја.
@anggell лани баш во јануари ист случај како твојов на мои блиски. Нив им дојде нешто над 20000 за 2 месеца ама мораа да ја платат зашто им објаснија дека им ја пресметале разликата што не им читале редовно и паушал ставале сметки. После тоа редовно сами си ја пријавуваа состојбата и веќе немаат таков проблем. Така да обавезно да барате објаснување за висината за сметката и нареден месец сами да си пријавувате.